Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

TBM Group е Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија; тоа е инкубатор за таленти.

Моментално вработува:

DELEGATES AND SPONSORS ACQUISITION EXECUTIVE

Singular е меѓународна софтверска компанија која развива наградувани решенија кои се истакнуваат со нивната флексибилност, доверливост и иновативност - трите клучни аспекти кои го обликуваат нашиот конкурентен фактор на пазарот.

Моментално вработува:

SENIOR SERVICE LIFECYCLE MANAGER

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

ПЛАНЕР ЗА СНАБДУВАЊЕ НА УВОЗ И ИЗВОЗ НА ГОТОВ ПРОИЗВОД (М/Ж)
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - СТРУМИЦА, РАДОВИШ, БЕРОВО (М/Ж)
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ТЕТОВО И ГОСТИВАР (М/Ж)

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Panteleon GS гради светски тим од врвни финансии, сметководствени и логистички професионалци за поддршка на постојано растечки список на клиенти.

Mоментално вработува:

SENIOR ACCOUNTANT/ CONTROLLER
UNDERWRITER/CREDIT RISK ANALYST
COLD-CALLING SALES SPECIALIST
DIRECTOR OF OPERATIONS

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

IT ADMINISTRATOR
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
LABORATORY TECHNICIAN
WAREHOUSE TEAM LEADER
SUPPLIER QUALITY ASSURANCE (SQA)

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Грант Торнтон Интернационал е мрежа од независни фирми кои обезбедуваат услуги на уверување, даночни и советодавни услуги која вработува повеќе од 68,000 професионалци во 140 земји.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање.

Моментално како активни се следниве позиции:

МАГАЦИОНЕР
ПРОДАВАЧ/КА ЗА НОВ МАРКЕТ ВО БАРДОВЦИ
ПРОДАВАЧ/КА ЗА МАРКЕТ ВО КАРПОШ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Основачот на Amazon, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе од просечниот човек во животот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин Fortune.

Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пишува порталот Yahoo.

Просечниот Американец во текот на својот работен век, според податоците од 2023 година, заработува 1,7 милиони долари, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, т.е. за 12,76 минути.

Амазон, како што знаеме, е глобален гигант во доменот на онлајн-трговија и спаѓа во групата на „Magnificent Seven“ американски технолошки компании кои имаат најголема вредност на берзите.

ФОТО: EPA

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.

Информациите се дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено над еден милион пасоши во државата.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

Промовирани огласи »

Оставање добар впечаток на првото интервју за работа може да биде клучно за успешното надминување на конкуренцијата и остварување на позитивби резултати за побрзо вработување.

Еве неколку совети:

Подгответе се

  • Истражете ја компанијата и позицијата за која аплицирате.
  • Подгответе се за типични прашања за интервју и размислете за одговори.

Визуелен изглед

  • Одберете прикладна облека соодветна за работната средина.
  • Одржувајте контакт со очите и говорете чисто и разбирливо.

Покажете самодоверба

  • Изразете се со самодоверба, без арогантни изјави.
  • Зборувајте јасно и самоуверено.

Активен слушател

  • Активно слушајте ја спротивната страна и давајте одговори кои се поврзани со прашањата концизно и јасно.
  • Покажете интерес за компанијата и позицијата.

Истакнете ги вашите јаки страни

  • Идентификувајте ги вашите јаки страни и врските со работата.
  • Приказите и примерите од претходни искуства можат да го поддржат вашето објаснување.

Смислете прашања

  • Припремете смислени прашања за компанијата и позицијата.
  • Ова може да покаже ваш интерес и ангажираност.

Социјална и професионална етикета

  • Запомнете имињата на лицата кои учествуваат во интервјуто.
  • Покажете социјална и професионална етикета.

Флексибилност и позитивност

  • Покажете готовност за учење и адаптирање.
  • Одразете позитивност и оптимизам.

Завршете со благодарност

  • Завршете интервјуто со изразување на благодарност за можноста и интересот кон позицијата.

Порака за багодарност по интервјуто

  • Испратете благодарница по завршувањето на интервјуто, изразувајќи повторно интерес за позицијата.

Со следење на овие совети, ќе зголемите шансите за успешно оставање добар впечаток на вашето прво интервју за работа како и можноста за вработување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »