Промовирани огласи »

Македонските граѓани кои се затекнати во странство со пасош без „северна“ , а треба да си дојдат во Македонија ќе може тоа да го направат ако извадат патен лист во некое од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи. Македонската амбасада во Берлин преку објава на социјалните мрежи издаде инструкции за граѓаните кои треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/21 кој гласи „Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година и во тие рамки обврската на македонските државјани кои по разни основи престојуваат во СР Германија (воедно и во Полска и Чешка) за аплицирање за издавање на нови патни исправи со новото уставно име „Република Северна Македонија” известуваме за следното:

Сите македонски државјани кои престојуваат во СР Германија може да аплицираат за издавање на пасош во најблиското дипломатско конзуларно претставништво на РС Македонија и тоа според следната поделба:
Амбасадата во Берлин е надлежна за сојузните држави Берлин и Бранденбург, Тирингија, Саксонија, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург- Померанија (Berlin und Brandenburg, Thüringen, Sachsen, Niedersachsen, Sachsen-Anhalt, Hamburg, Schleswig-Holstein und Mecklenburg-Vorpommern).
Одделението во Бон е надлежно за сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, Сарланд и Хесе (Nordrhein Westfalen, Rheinland-Pfalz, Saarland und Hessen).

Генералниот конзулат во Минхен е надлежен за Баварија и Баден-Виртемберг (Bayern und Baden-Württemberg).
Аплицирањето се врши со претходно телефонско или по електронска комуникација закажување на термин за сликање за нова патна исправа на следните електронски адреси: [email protected][email protected] и [email protected].
Информираме дека базни станици за издавање на пасоши покрај оние во СР Германија, има и во амбасадите во: Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Генералните конзулати во Њујорк и Чикаго. Мобилни станици за издавање пасоши се поставени во: амбасадите во Брисел, Стокхолм, и генералните конзулати во Венеција, Торонто и Мелбурн.

Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето.

Доколку државјаните на Република С. Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра, стои во соопштението на македонската амбасада во Берлин.

Промовирани огласи »

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски напиша дека неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот.

Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои што учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање. Како што кажав и пред неколку седмици, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок напиша Пендаровски

Тој додава дека никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава.

Пендаровски ги повика надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација.

Промовирани огласи »

Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој повеќе од 29 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. 

Како компанија која се стреми кон усовршување на своите услуги и цели кон усовршување на истите, чест ни е да најавиме уште едно отварање на нов Tinex маркет во населба Илинден.

Доколку сакате да станете дел од тимот на Tinex ве покануваме да аплицирате на следниве работни позиции:

КАСИЕР/КА
ПРОДАВАЧ/КА НА СВЕЖО МЕСО
ПРОДАВАЧ/КА НА ГОТВЕНИ ЈАДЕЊА
ПРОДАВАЧ/КА НА ДЕЛИКАТЕС
МАГАЦИОНЕР

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »