Промовирани огласи »

Од утре престанува да важи мерката загарантирана цена. Од власта уверуваат дека секое неетичко однесување на било кој трговец ќе се казни. Според министерот Фатмир Битиќи најдобро е да се изгласа законот за нефер трговски практики.

Замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува на бизнисмените да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од заутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цените коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика, соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, изјави Битиќи.

Одлуката за замрзнување на цената се однсуваше на производи кои се користеа во широката потрошувачка. Тука спаѓаа: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од стра

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари во однос на јануари 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто, а на цените на мало од 2,8 отсто.

Пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари, од кои 21.219 денари се потребни за храна, а потоа следуваат режиските трошоци – плаќање вода, електрична енергија и греење. Минималните трошоци на едно семејство во февруари годинава се зголемени за 313 денари во однос на јануари.

Промовирани огласи »

Чест ни е да го најавиме својот нов проект КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center.

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш прв гостин ви го преставуваме Филип Ивановски сопственик на ТианДе Македонија со неговата инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

КARIERA Triumph Talks е повеќе од обичен настан. Тоа е искуство, заедница и извор на мотивација кој можеби ќе ве инспирира да се охрабрите и да ги преземете првите чекори кон вашиот сон! Придружете ни се на следниот настан и подгответе се да слушнете уште многу успешни приказни!

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - БИТОЛА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СТРУМИЦА

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Хибридниот начин на работа, комбинирајќи го работното место во канцеларија со работа од дома, нуди многу предности за компании и за вработените.

Во продолжение пет одлични страни на хибридниот начин на работа:

  • Флексибилност

 Хибридниот начин на работа им овозможува на вработените поголема флексибилност во управувањето на своето време и работниот распоред. Тие можат да изберат кога да работат од канцеларија, а кога од дома, што им дава можност за адаптација на работниот процес според своите потреби и обврски.

  • Подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот

Хибридниот начин на работа овозможува помалку време потрошено на патување до работа, што води до подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот. Ова може да им помогне на вработените да се посветат на своите лични интереси и односи, што повторно може да им помогне да бидат посветени и продуктивни на работното место.

  • Намалување на трошоците за компаниите

За компаниите, хибридниот начин на работа може да резултира со значително намалување на трошоците поврзани со изнајмување на канцеларии и оддржување на инфраструктура. Помалку работни места во канцелариите значи помалку трошоци за комунални услуги и опрема.

  • Подобрување на продуктивноста 

Многу вработени се забележува дека се подобро концентрираат и се посветени на работата кога работат од дома. Бидејќи немаат директни прекини од колегите или други дистракции во канцеларијата, нивната продуктивност може да се зголеми.

  • Подобрување на задоволството на вработените

Хибридниот начин на работа може да ги задоволи потребите на вработените за поголема контрола и автономија во нивната работа. Ова може да доведе до поголемо задоволство кај вработените и подобрување на нивната ретенција во компанијата.

Хибридниот начин на работа нуди многу предности како за компаниите, така и за вработените. Со правилно планирање и управување, овој модел може да биде успешен и да допринесе кон подобро задоволство на вработените и постигнување на бизнис целите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »