Промовирани огласи »

Политичарите пред избори редовно ветуваат поголеми плати. Пред мајското гласање, циклусот лицитирање за платите го отвори поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Тој ветува дека ако ја добие довербата на гласачите, просечната плата ќе стигне до 1.000 евра, а минималната до 600 евра.

Потврда дека може да дојде до тоа, според владејачката партија, се остварувањата од претходниот период, кога платите забрзано растеа, па заклучно со декември просечната нето-плата во земјава стигна до 40.000, а од овој месец минималната плата ќе се зголеми за 12,55 отсто и ќе изнесува 22.500 денари.

Според експертите, пак, трендот на раст на платите нема многу врска со политичките ветувања, туку со најголемиот проблем на глобалната економија - недостигот од работници. Во трката за пополнување на празните работни места работодавците нудат поголеми бројки, а кандидатите за работа затоа што имаат алтернативи, имаат и поголема преговарачка моќ, па бараат уште повеќе.

Во моментов во земјава, според евиденцијата на Агенцијата за вработување, објавени се 10.381 оглас за вработување. Најмногу се бараат оператори за во фабрики, работници во малопродажба, угостителство и во ИТ-секторот.

хр скенер/алатка на кариера.мк

Македонските информатичари имаат исти плати како европските

Анализата на статистичките податоци за платите во последните десет години покажува дека најбрз раст има во секторот информации и комуникации. Од 2014 до крајот на 2023 година овие плати се зголемила за 600 евра. Двојно помал раст има во преработувачката индустрија, а најмал раст од нешто над 200 евра има во угостителството.

Сепак, статистиката пресметува просек на повеќе занимања од еден сектор. Конкретно, програмерите во декември лани имале просечна плата од 100.000 денари.

Дарко Велков, генералниот менаџер на „Вработување.ком“, во изјава за „Блумберг Адрија“ вели дека македонските информатичари се изедначија со платите на нивните колеги во Европа. Причина за тоа е начинот на работа.

Раст на платите во ИТ секторот во последните десет години

„Побарувачката за ИТ-експерти и натаму е на исклучително ниво. Кон средината на минатата година имаше еден период кога таа се намали под влијание на случувањата на американскиот пазар, но сега повторно се стабилизира“, вели Велков.

Според анализата со помош на ХР-скенерот (HR scanner, алатката што дава одлична слика на случувањата на пазарот на трудот и црпи информации од голем број извори), која за „Блумберг Адрија“ ја направија од „Кариера.мк“, овој сектор останува еден од најатрактивните. Во моментов пазарот бара околу 1.000 информатичари и уште над 700 девелопери.

Оттука, прогнозата за овој сектор е дека платите и годинава ќе растат најбрзо, а побрз раст се очекува и во угостителството.

„Според нашите мониторинг-анализи, претпоставуваме дека трендот за зголемена побарувачка на угостителскиот персонал во наредниот период ќе расте, бидејќи доаѓа период на пролет, кога се случуваат најмногу од регрутациите за работа во странство за привремени летни ангажмани на летните дестинации како Хрватска, Црна Гора, Грција“, вели Зорица Бужаровска Бошковска, генерална менаџерка на „Кариера.Мк“.

Раст на платите во угостителството во последните десет години

Нема работник во производство со плата под 40.000 денари

„Голема потреба за оператори има во фабриките“, вели Велков. Таа потреба веќе е јасно дека нема да може да се задоволи од работници од земјава и овој сектор ќе биде носител на увозот на работна сила од странство.

Дарко Велков, генерален менаџер на „Вработување.ком“ 

„При барањето работници за работа во фабрика веќе не се бараат квалификации како порано, а во земјава нема плата што е пониска од 600 евра. Имаме фабрики, странски компании, каде што работниците на лента добиваат над 40.000 денари месечна плата“, вели тој.

Раст на платите во преработувачката индустрија во последните десет години

Добри прогнози за платите има и за малопродажбата во следниот период. Во овој сектор просечната плата во период од десет години е зголемена за над 16.000 денари.

Раст на платите во секторот продажба во последните десет години

„Исто така, очекуваме дека бројот на огласи за продажен персонал во синџирите на маркети ќе остане водечки поради големата флуктуација на овие луѓе што имаат тенденција за префрлање од еден во друг бренд заради лична економска сатисфакција и ниско ниво на компаниска лојалност“, вели Бужаровска Бошковска.

 

Зорица Бужаровска Бошковска, генерална менаџерка на „Кариера.Мк“

Следни занимања каде што има сериозен недостиг, а со тоа и потенцијал за пораст на платите, се менаџерските позиции, кои веќе имаат „извонредно добри понуди“, вели Велков. Се бараат лица што ќе се занимаваат со организација и набавки.

„Понудата е огромна, а не е дека нема луѓе, па дека затоа недостигаат работници. Има луѓе, но тие имаат многу алтернативи. Можат да избираат работа во повеќе сектори, а можат и лесно да си заминат за Германија“, вели Велков.

И покрај силната побарувачка на работна сила, во земјава стапката на невработеност и натаму е двоцифрена. Историски таа е на најниско ниво и, заклучно со септември лани, изнесува 12,8 отсто.

Извор: Блумберг Адриа

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Спорт М е компанија основана во 2004 година, сновна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на спортска опрема.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕРИ ВО ОНЛИНЕ МАГАЦИН

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Моментално вработува:

ЗАВАРУВАЧ И ПОМОШНИК ЗАВАРУВАЧ
ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ПОМОШНИК НА ФРИГОТЕХНИЧАР - ИНСТАЛАТЕР, СЕРВИСЕР
МОЛЕР - ГИПСАР
ФРИГОТЕХНИЧАР - ИНСТАЛАТЕР, СЕРВИСЕР
ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР / ЕЛЕКТРИЧАР / ЕЛЕКТРОМОНТЕР

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES ADVISOR
JUNIOR CONSUMER CONTACT CENTER AGENT
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА
JUNIOR TELESALES AGENT
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Panteleon GS компанија со тим од светска класа од врвни професионалци за финансии, сметководство и логистика за да го поддржи вашиот постојано растечки список на клиенти.

Mоментално вработува:

UNDERWRITER/CREDIT RISK ANALYST
COLD-CALLING SALES SPECIALIST
HR DIRECTOR
SENIOR ACCOUNTING SPECIALIST

TBM Group е Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија, тоа е инкубатор за таленти.

Моментално вработува:

CONFERENCE PRODUCER
JUNIOR SALES AGENT

Singular е меѓународна софтверска компанија која развива решенија кои се истакнуваат со нивната флексибилност, доверливост и иновативност.

Моментално вработува:

ENGINEERING MANAGER
TEAM LEAD

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН САЛОН ВО СКОПЈЕ

АЛМА - М е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Кога се започнува барањет нова работа, постојат неколку клучни аспекти на кои треба да се обрати внимание за да се осигура дека изборот на работното место е соодветен и задоволителен. 

Кога барате работа важно е да обрнете внимание на следните четири аспекти:

  • Првиот аспект е квалификациите и вештините кои се потребни за работата

Кандидатите треба да ја анализираат бараната квалификација и работното искуство, како и специфичните вештини и знаења потребни за успешно извршување на работата. Со правилно анализирање на овие аспекти, кандидатите ќе можат да се уверат дека се квалифицирани за работното место и дека можат да допринесат со своите вештини и искуства.

  • Вториот аспект е компатибилноста со културата на компанијата

Важно е кандидатите да ги разгледаат вредностите и културата на компанијата за која аплицираат. Добра компатибилност со културата може да биде клучен фактор за успешната адаптација и задоволството на работата во подолг временски период.

  • Третиот аспект е можностите за напредок и развој

Кандидатите треба да истражат дали компанијата нуди можности за персонален и професионален развој. Ова вклучува преглед на обуки, програми за развој на кариера, како и простор за напредување во компанијата.

  • Последниот аспект е балансот помеѓу работа и личен живот

Важно е да се избере работа која нуди здрав баланс помеѓу професионалниот и личниот живот. Задоволството на работното место често зависи од можностите за одмор, флексибилно работно време и други аспекти кои влијаат на квалитетот на живот.

За да се осигура успешно и задоволство од новата работа, кандидатите треба да ги разгледаат и анализираат сите овие аспекти претходно на одлучувањето за аплицирање и прифаќање на работната понуда.

Промовирани огласи »

Денот на „Почит кон вработените“ или Employe apriciation day е ден посветен на препознавање и прослава на напорот, посветеноста и придонесот на вработените во една организација. Обично се обележува првиот петок во март во Соединетите Американски Држави, иако некои компании низ светот можат да го прослават на различни датуми.

На Денот Почит кон вработените, работодавците често ја покажуваат својата благодарност кон своите вработени на различни начини, како:

Јавно признавање на придонесот на вработените преку награди, сертификати или истакнување на тимските средби или во билтени.

Пишување на лични благодарници за секој вработен изразувајќи благодарност за нивниот специфичен придонес.

Организирање на настани или активности како тимски ручеци, закуски или забави за прослава и заедничко дружење со вработените.

Давање на мали подароци, како ваучери за подароци, компаниски брендирани артикли или дополнителни слободни денови, како знак на почит.

Понуда на можност за градење на вештини или работилници за професионален развој за помагање на вработените да напредуваат во нивните кариери.

Овозможување на вработените за флексибилно работно време, работа од дома или добивање на подолга пауза за ручек како израз на почит.

Активно барање на мислење од вработените за тоа што ги мотивира и ги инспирира, и вклучување на нивните предлози во идни напори за почитување.

Воведување на постојани програми за препознавање кои ги прославуваат постигнувањата на вработените токму низ целата година, а не само на денот на „Почит кон вработените“

Во целост, Денот „Почит кон вработените“ е можност за работодавците да изразат благодарност и да ја засилат врската помеѓу вработените и организацијата и да го подобрат моралот и ангажманот на вработените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »