Менаџер на малопродажен салон во Скопје

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

                                                 

 

                                                Менаџер на малопродажен салон во Скопје

                                                                     

Одговорности и задачи:

  • Организирање и раководење на тимот;
  • Градење на успешен тим;
  • Пренесување на корпоративните вредности на останатите членови на тимот;
  • Потикнување на тимот кон активна вклученост во продажба и нивен личен развој;
  • Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
  • Организација на работните обврски на членовите од тимот;
  • Следење на реализацијата на месечните и годишните буџети и соодветно менаџирање за реализација на буџетот;
  • Формирање планови за личен и тимски развој;
  • Градење однос со потрошувачи;
  • Развивање квалитетен процес за уредување на ентериерот на потрошувачот.

Твојот профил е:

  • Сакаш мебел, уредување на ентериер и дизајн;
  • Имаш позитивен став и енергија;
  • Флексибилен си и спремен за учење;
  • Спремен си за работа во динамична средина;
  • Насочен си кон тимска работа;
  • Имаш добро познавање на MS Office пакетот;
  • Имаш работно искуство на  иста или слична позиција.

Нудиме:

  • Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
  • Работа во динамична средина;
  • Предизвикувачки и разновидни задачи;
  • Плата 35 000 денари + бонуси
  • Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »