Промовирани огласи »

Секој сака да работи во компанија каде ќе може да се надградува, да расте и да биде награден за својата работа. Дали станува збор за бонуси, награди, напредување, обуки, бараме компанија која ни одговара со условите за работа.

Има многу ЗА кога станува збор за вработување во Макстил.

Голема придобивка е дека Макстил за сите свои вработени има склучено договор за приватно здравствено осигурување со можност да се додадат и членови на семејството. Бонусите на плата за успешна работа и добри перформанси, се многу чести и можат да бидат на месечно, квартално или годишно ниво. Чести се и наградите дадени по различни основи, награда за успешно препорачан вработен, награда за вработен на месецот, или роденденски ваучери.

Дополнително вработените со семејства имаат ваучер за училишна опрема за деца во основно и средно училиште, за стипендија за деца во средни стручни училишта, или стипендии за студенти на техничките факултети и можност по завршување на образованието за вработување во Макстил.

Макстил e водечка компанија во домашната челична индустрија и еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови. Дел е од глобалната групација DITH, и во моментов има речиси 1 000 вработени. Работниот процес на вработените е проследен со обуки од ментори, стекнување технолошко знаење и сертификација. Како компанија спроведува оперативни процеси проследени со еколошка одговорност и грижа кон заедницата, со користење рециклирано железо, без емисија на цврсти честички и со примена на циркуларна економија.

Со многуте поволности за вработените и атрактивната понуда за секоја работна позиција, Макстил важи за компанија - посакуван работодавач каде што вработените добиваат многу повеќе од основно загарантираните бенефиции.

Промовирани огласи »

КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш трет гостин ви го преставуваме Горан Николоски - Генерален директор на Интеркредит со неговата инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

Промовирани огласи »

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.

За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат, извести Министерството за економија.

Со овој Предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг.

Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Клучно во овој дел е поголемо приближување и воедначување на националната легислатива, со легислативата на земјите членки на Европската унија. Република Северна Македонија е единствената земја од Западен Балкан кој ја транспонира оваа Директива на ЕУ, со цел да воспостави фер и рамноправни односи во однос на доминацијата на преговарачка моќ во трговијата помеѓу двајца или повеќе деловни партнери.

Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот.

Во Законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената.

Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените.

Комисијата за заштита на конкуренцијата за прв пат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на Европската унија во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра, се наведува во соопштението на Министерството за економија. 

Промовирани огласи »

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ШТИП
REFERENT NË SHËRBIMIN QENDRA E KONTAKTIT
РЕФЕРЕНТ ВО СЛУЖБА КОНТАКТ ЦЕНТАР
РЕФЕРЕНТ ВО ДИРЕКЦИЈА КРЕДИТЕН ЦЕНТАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »