Промовирани огласи »

Лошо е ако функционираш цело време во просторија каде што ти си најпаметниот. Тоа е слабост за успешен менаџер така да јас секогаш сакам да бидам опкружен со луѓе професионалци кои што се професионалци во областа во делување, така да споделувањето на различни искуства различни начини на размислување е драгоцено. Перцепцијата на гледање на одредена проблематика каде што нели одредени професионалци се навикнати да ја гледаат шољава како што  е поставена но доколку имаме соодветна едукација ти дава друга преспектива и начин на пронаоѓање и разрешување одредени проблеми. -  вели Александар Зарков - Генерален менаџер на Normak Investment Group

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА ОТПАД
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
СТОЛАРИ

Останатите активни работни позиции од Ван Хоол ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Воведувањето на тимски дух на работното место може да биде од клучно значење за постигнување на успех и задоволство кај членовите на тимот. 

Еве пет совети за изградба на тимскиот дух на работното место

  • Комуникација и отвореност

Поддржувајте слободно споделување на идеи и мислења, како сите членови на тимот би се чувствувале важни и вклучени.

  • Заеднички цели

Дефинирајте заеднички цели и посочете јасно како секој член на тимот може да допринесе кон нивното постигнување. Кога сите ќе работат кон иста цел, тимскиот дух се засилува.

  • Доверба 

Изградете доверба меѓу членовите на тимот. Покажете почит кон мислењата и идеите на другите, и исполнувајте ги вашите обврски. Кога има доверба тимот чувствува единство и работи подобро заедно.

  • Соработка

Споделете ги задачите и работете заедно на проектите. Поттикнувајте на соработка и размена на идеи меѓу членовите на тимот. Кога работите заедно, сите се овозможуваат да учат едни од други и да напреднуваат.

  • Позитивна атмосфера

Креирајте позитивна атмосфера на работното место. Ова вклучува почитување, поддршка и забавни активности кои ги засилуваат врските меѓу членовите на тимот. Кога има позитивна атмосфера, тимот е подобар подготвен за успешност и соработка.

Со примена на овие совети, ќе ги засилите врските во вашиот тим и ќе го изградите силниот тимски дух на вашето работно место.

Промовирани огласи »

Деновите кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори – 24 април и 8 мај – кои Владата уште минатата недела ги прогласи за неработни за сите граѓани, нема да се одработуваат.

Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница.

Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, соопштија од Владата по вчерашната седница.

Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.

Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.

Заради одржување на изборите, 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »