Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА ОТПАД
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
СТОЛАРИ

Останатите активни работни позиции од Ван Хоол ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Воведувањето на тимски дух на работното место може да биде од клучно значење за постигнување на успех и задоволство кај членовите на тимот. 

Еве пет совети за изградба на тимскиот дух на работното место

  • Комуникација и отвореност

Поддржувајте слободно споделување на идеи и мислења, како сите членови на тимот би се чувствувале важни и вклучени.

  • Заеднички цели

Дефинирајте заеднички цели и посочете јасно како секој член на тимот може да допринесе кон нивното постигнување. Кога сите ќе работат кон иста цел, тимскиот дух се засилува.

  • Доверба 

Изградете доверба меѓу членовите на тимот. Покажете почит кон мислењата и идеите на другите, и исполнувајте ги вашите обврски. Кога има доверба тимот чувствува единство и работи подобро заедно.

  • Соработка

Споделете ги задачите и работете заедно на проектите. Поттикнувајте на соработка и размена на идеи меѓу членовите на тимот. Кога работите заедно, сите се овозможуваат да учат едни од други и да напреднуваат.

  • Позитивна атмосфера

Креирајте позитивна атмосфера на работното место. Ова вклучува почитување, поддршка и забавни активности кои ги засилуваат врските меѓу членовите на тимот. Кога има позитивна атмосфера, тимот е подобар подготвен за успешност и соработка.

Со примена на овие совети, ќе ги засилите врските во вашиот тим и ќе го изградите силниот тимски дух на вашето работно место.

Промовирани огласи »

Деновите кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори – 24 април и 8 мај – кои Владата уште минатата недела ги прогласи за неработни за сите граѓани, нема да се одработуваат.

Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница.

Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, соопштија од Владата по вчерашната седница.

Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.

Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.

Заради одржување на изборите, 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани.

Промовирани огласи »

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година, стои во соопштението на ДЗС.

Намален е и бројот на специјални основни училишта, кои сега на територијата на Македонија се 35, а паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »