Промовирани огласи »

Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со преку 850 вработени претставува препознатлив бренд во својата област со многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ
РАКОВОДИТЕЛ ВО МАГАЦИН
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – КИЧЕВО
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ПЕТРОВЕЦ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО АЕРОДРОМ/НОВО ЛИСИЧЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО СКОПЈЕ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ВЛАЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Работната средина има огромно влијание врз нашето ментално здравје, продуктивност и општа среќа. Промената на работната средина може да биде предизвик, но понекогаш е неопходна за личен и професионален раст.

Еве неколку знаци дека можеби е време да ја разгледате таа промена:

  • Недостаток на напредок и можности за раст

Ако чувствувате дека сте заглавени во вашата кариера, без можности за напредок или професионален развој, тоа е силен сигнал дека можеби е време за промена. Работната средина треба да нуди шанси за унапредување и учење нови вештини.

  • Ниска мотивација и ентузијазам

Ако почнете да чувствувате недостаток на мотивација и ентузијазам за вашата работа, тоа може да биде знак дека нешто не е во ред. Ова може да се должи на монотонијата на задачите, недостаток на признание или несогласувања со работната култура.

  • Лоши односи со колегите или менаџментот

Односите на работното место се клучни за вашето задоволство и продуктивност. Ако постојано имате конфликти или чувствувате непочитување од страна на колегите или менаџментот, тоа може да ја влоши вашата работна средина и да влијае негативно на вашиот перформанс.

  • Неразумно работно оптоварување

Континуираното работење под висок притисок и со неразумни рокови може да води до изгореност. Ако постојано се чувствувате преоптоварени и немате време за личен живот, можеби е време да разгледате опции кои нудат подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

  • Недостаток на признание и награда

Секој вработен сака да биде признат за својот труд и посветеност. Ако вашите напори не се ценети или не добивате соодветна награда и признание, тоа може да доведе до чувство на непочитување и незадоволство.

  • Неправедни услови за работа

Ако чувствувате дека условите за работа не се праведни, било да се тоа ниски плати, недостаток на бенефиции или непочитување на работното време, тоа може да биде знак дека треба да размислите за промена.

  • Намалување на физичкото и менталното здравје

Ако вашата работа почне да влијае негативно на вашето физичко или ментално здравје, тоа е сериозен знак дека нешто мора да се промени. Стресот, анксиозноста и депресијата се чести симптоми на неповолна работна средина.

Промената на работната средина може да биде предизвик, но е неопходна кога вашето здравје, среќа и професионален раст се доведени во прашање. Размислете за вашите лични и професионални цели и не плашете се да преземете чекори кон работна средина која ќе ви обезбеди поголемо задоволство и успех.

Промовирани огласи »

Пензионерите во Европската Унија(ЕУ) имаат различен износ на пензиите, а на врвот се оние од Луксембург. 

Во 2021 година, просечните месечни пензии  изнесувале 2.575 евра во Луксембург, а најниски биле во Бугарија, 226 евра. Според податоците од Евростат, просекот на ЕУ бил 1.224 евра.

Зад Луксембург, следи Данска. Во оваа земја просечните пензии изнесувале 2.417 евра.

Просечната старосна пензија во Исланд е 2.762 евра, во Австрија 1.962, во Ирска 1.906, во Италија 1.561, во Германија 1.440, во Словенија 692, во Полска 538 и во Унгарија 398 евра.

foto freepik.com/josemiguelsangar

Промовирани огласи »

ХИПОМЕД – Медицинска техника работи со промет и увоз на медицинска опрема и иновативна технологија повеќе од 15 години. Во досегашната работа ХИПОМЕД медицинска техника се дефинира како партнер на здравствените установи кој нуди квалитет и сигурност, со истовремено високо ниво на поддршка за клиентот, сервис и одржување.

Брендовите кои ги застапуваат, се вбројуваат меѓу најквалитетните во Европа, познати по традицијата, квалитетот и безбедност. Тимот на Хипомед работи со производители кои ги поседуваат сите сертификати на ЕУ и кои се пласираат низ цел свет.

Како компанија која константно расте и се развива моментално има отворено работна позиција за: КОМЕРЦИЈАЛИСТ 

Аплицирајте и станете дел од тимот на ХИПОМЕД!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »