Промовирани огласи »

Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Промовирани огласи »

Возрасната дискриминација при регрутирање нови апликанти е не само неправедна, туку и незаконска во многу земји.

Еве неколку совети како работодавците можат да избегнат возрасна дискриминација и да промовираат инклузивен процес на регрутирање:

1. Развивање инклузивни огласи за работа

  • Неутрален јазик: Користете јазик кој е инклузивен и не имплицира возраст. Избегнувајте термини како „млад тим“ или „енергичен“ кои можат да откажат постари апликанти.
  • Фокус на вештини и искуство: Описот на работното место треба да се фокусира на потребните вештини и искуство, а не на бројот на години искуство.

2. Обука на регрутери и менаџери

  • Свесност за несвесни предрасуди: Организирајте обуки за да ги подигнете свесноста за несвесните предрасуди кои можат да влијаат на процесот на регрутирање.
  • Законски обврски: Обучете ги регрутерите и менаџерите за законските обврски поврзани со недискриминација и еднакви можности за вработување.

3. Стандарден и објективен процес на регрутирање

  • Структурирани интервјуа: Користете структурирани интервјуа со исти прашања за сите кандидати за да обезбедите објективност.
  • Тестирање на вештини: Вклучете тестови за вештини и компетенции кои се релевантни за работата, наместо да се фокусирате на возрасни индикатори.

4. Разноликост во регрутерскиот тим

  • Разноликост на тимот: Вклучете регрутери и менаџери од различни возрасни групи и позадини за да го намалите ризикот од дискриминација.
  • Различни перспективи: Разноликиот тим може да понуди различни перспективи и да донесе пообјективни одлуки.

5. Промовирање на култура на инклузивност

  • Политики за инклузија: Воведете и јавно објавете политики за инклузија и еднакви можности кои ги промовираат сите возрасни групи.
  • Поддршка за сите возрасти: Создајте поддржувачко работно опкружување кое ги цени вработените од сите возрасни групи.

6. Анализа и ревизија на податоците

  • Следење на податоци: Следете и анализирајте ги податоците за регрутирање за да ги идентификувате и адресирате потенцијалните модели на дискриминација.
  • Ревизија на процесите: Редовно ревидирајте ги процесите за регрутирање и извршувајте корекции каде што е потребно за да обезбедите инклузивност.

7. Развој и задржување на вработените

  • Образовни и развојни програми: Обезбедете можности за континуирано учење и развој за вработените од сите возрасни групи.
  • Кариера на долгорочен план: Развијте патеки за кариера кои ги поддржуваат вработените да останат и да напредуваат во компанијата независно од нивната возраст.

8. Коментари и повратни информации

  • Собирање на повратни информации: Собирајте повратни информации од апликантите и вработените за процесите на регрутирање и вработување.
  • Акција врз основа на повратни информации: Користете ги повратните информации за да направите подобрувања и да ги адресирате потенцијалните проблеми.

Избегнувањето на возрасна дискриминација при регрутирање нови апликанти бара свесност, објективност и посветеност кон инклузивни практики. Со примена на овие совети, работодавците можат да создадат фер и поддржувачко опкружување кое ја цени разноликоста и ги максимизира талентите на сите возрасни групи.

Промовирани огласи »

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто. Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат. КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.

На членовите на тимот на КАМ им се обезбедени конкурентни плати, како и голем број бенефиции и поволности. Компанијата овозможува обука и развој кои се задолжителни за сите вработени во првиот месец од вработувањето, а и понатаму постојано се вложува во нивниот професионален развој. Обезбедени се одлични услови за работа, бонуси како и плати кои високо го вреднуваат и стимулираат трудот и севкупната работа на вработените.

- Сите овие придобивки ги уживаат вработените на КAM, кој во нашата држава е посакувано место за работа во областа на малопродажбата што резултираше со освоена награда за најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата на маркети. КАМ како лидер на пазарот во областа на малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите ланци на маркети во државата кои се стремат и настојуваат за воведување на конкурентни плати и бенефиции за вработените – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Успехот на компанијата пред сè се должи и на сите 1400 вработени. КАМ исто така е насочен кон експанзија и моментално во државата има 84 маркети, а во план е понатамошно ширење и дополнително отворање на нови локации во наредниот период

Регрес за годишен одмор и континуирани награди

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од  33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто , односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и  успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.

Бројни бенефиции за секој член на тимот

Покрај регресот за годишен одмор, во делот за бенефициите предвидени се и останати придобивки за вработените (и за членовите на нивните семејства) како што се: пакет за добредојде за новите вработени, бонус за препорачан пријател, слободни денови за роденден и за лојалност кон компанијата. Меѓу другото вклучени се и ваучер за склучен брак, ваучер за спортска опрема како еднократни бенефиции за вработените, можност за користење на картичка за спортски активности со минимална партиципација од вработените, пакет на производи за верските празници, празничен ваучер, пакет на производи за новороденче, пакети со школски прибор за вработените чии деца се во училиште и се доделуваат при почетокот на првото и второто полугодие, а дополнително тука се и подароци за денот на жената и попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид.

Вработените од одредени сектори имаат и платен организиран превоз и оброк како и бонуси за редовност кои влијаат стимулирачки и се поттик за подобрување на постоечките перформанси на вработените.

Дополнително, КАМ вложува во едукација на ученици од дуалното образование од средните училишта кои посетуваат пракса во компанијата како и на студентите кои согласно платената практикантска  работа се здобиваат со можност да стекнат практични знаења и вештини, а дел од нив добиваат и шанса за редовно вработување.

Компанија која континуирано инвестира

Платите и секако бенефициите кои ги уживаат вработените во КАМ директно влијааат врз зголемувањето на задоволството на вработените и имаат удел и во постигнатите резултати на компанијата.

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија - сертификатот QUDAL доделен од независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS. Дополнително, наградата Best Buy Award, веќе петта година по ред потврдува дека КАМ има најдобар сооднос на цена со квалитет.

Уште едно истражување, на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија седум години по ред.  КАМ и во 2023 год. е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар во повеќе поткатегории: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.

Вработените се највредниот ресурс на компанијата. Нивната благосостојба, задоволство и раст се најважни. Како дел од нашата постојана заложба за градење на поттикнувачка и поддржувачка работна средина, КАМ останува посветен на постојано подобрување на условите за работа.

Со почит,

Ваш КАМ

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА – ОХРИД
СТОЛАР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЗДРАВА ХРАНА
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »