За компанијата: Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Интернешнел Хотелс ( Хотел Континентал ) има потреба од РЕЦЕПЦИОНЕР/КА.
Одговорности и задачи:
- Прима гости и на основа нивното барање дава потребни информации за хотелот и услугите
- При доаѓање на гостите им дава потребна информација за хотелските соби, цените и сл.
- Должен е и одговорен за реализирање на превземените обврски во врска со извршените резервации
- Ги евидентира резервациите по датумот на доаѓање и заминување
- Должен е после примањето на гостот да ги изврши сите постапки околу регистрирањето на гостот
- Работа во смени
Способности и вештини:
- Способност за работа во тим
- Лојалност
- Темелност и исполнителност
- Одлични комуникациски вештини
- Искреност
- Работните задачи да ги извршува со ведрина и секогаш расположен
Потребни кавлификации:
- Минимум средно образование
- Одлично познавање на англиски јазик и познавање на други јазици
- Работа на компјутер
- Пријатен и уреден професионален изглед
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална Биографија (CV на англиски и македонски јазик) на следнава e-mail адреса: job@hotelcontinental.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Рецепционер”
Напомена:
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!
Апликациите кои се испратени по истекот на огласот нема да бидат разгледани
Слични огласи »