„Алфи Би Компани“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени два малопродажни салони Алфи Техноцентар во Куманово и Алфи Техноцентар во Скопје. Примaрна дејност на компанијата е малопродажба на производи за вашиот дом, вклучувајќи астортиман на производи од бела техника, домаќинство, градинарство, санитарија, алати во кои се дел и асориманот на ламинати и пвц столарија. Во продажните салони на Алфи може да најдете сѐ што ви е потребно за вашиот дом и градина.
Во изминатиот период, во компанијата беше реализирана феријална практична настава. Алфи Би Компани, како компанија која се стекна со Решение за верификација на работодавач за реализација на практична обука на ученици од страна на Стопанска комора на РСМ.
Вработени - ментори се здобија со „Сертификат за успешно завршена дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практична обука“.
Феријалната практика или практична работа по својата функција, организација и содржина е форма на учење преку работа кај работодавач, која се организира по завршувањето на наставната година и по правило, во континуирано траење кај соодветен работодавач.
Група ученици од СОУ „Перо Наков“ – Куманово беа дел од феријалната практична настава реализирана во Алфи Би Компани. Учениците доаѓаат од паралелки на економските смерови „Бизнис администратор“ и „Е-трговија и дигитален маркетинг“, и истите ја завршуваат првата година од своето средно образование.
Учениците се стекнаа со искуство за работа на работно место во реални услови, поврзување на теоретските знаења со практичните вештини потребни за работа, проширена можност за избор на занимања и согледување можности за професионален и кариерен развој, скратување на времето за адаптација при вработување, учење од искусни ментори. Исто така со учениците се работеше и за подобрување на лични вештини: самодоверба, сигурност, дисциплина, самоиницијативност, креативност, лојалност, претприемнички вештини и сл.
Алфи Би Компани како компанија која е успешна во своето работење и понатаму ќе остане насочена кон изучување и пренесување на своето знаење кон новите генерации и во иднина се надева дека истите, по завршување на нивното образование ќе добијат вработување во компанијата.
Со нетрпение ги очекуваат идните ученици кои ќе ја реализираат својата практична работа токму во Алфи Би Компани.