УНИ Банка овозможува врвни банкарски услуги за своите клиенти, но истовремено и ги наградува. Извлечени се среќните добитници од големата наградна игра “Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!”.
Патување за двајца на Куба, на еден од најубавите острови на Карибите добија:
- Лепа Мурџоска од Охрид
- Далине Бојоска од Прилеп
- Анче Бојаџиска од Виница
- Цветанка Велинова од Велес
- Бобан Алексовски од Скопје
Овие среќни добитници, сега треба да одберат кого ќе израдуваат и со кого ќе патуваат на овој магичен остров. А во земјата на салсата ќе доживеат неповторливо искуство со весели и разиграни мештани, под големите палми ќе пијат мохито и ќе уживаат на рајската плажа Варадеро сместена на тиркизното Карипско море и многу други дожививања, што севкупно ветува едно магично патување на кое долго ќе се сеќаваат. Оваа можност среќните добитници ја добија благодарение на направените 10 трансакции месечно, во периодот од 01 април до 30 јуни, со кредитните или дебитните Mastercard® картички издадени од УНИ Банка.
УНИ Банка за своите корисници додели и 5 златни плочки, а добитници се:
- Славе Ников од Велес
- Роберт Јанев од Кавадарци
- Ангела Стојановска од Куманово
- Љубомир Пауновски од Тетово
- Клиент со број на картичка 5355xxxxxxxx8767 и број на платежна сметка 240237XXXXXX302
Извлекувањето на наградите се изврши на 17.07.2024 година во Бизнис центарот на УНИ Банка, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.
УНИ Банка на добитниците им посакува да уживаат во наградите и во иднина да ги користат кредитните и дебитните Mastercard® картички издадени од УНИ Банка, како и останатите производи и услуги на Банката.
Високото ниво на задоволство на корисниците и понатаму ќе биде цел за Банката, која и во иднина ќе ја потврди својата определба на динамична и модерна Банка, во која секој еден клиент е почитуван и ценет корисник.