Промовирани огласи »

Демографската слика во Македонија се движи кон катастрофа. Како што пренесува Алфа за 7 години бројот на ученици се намалил за 17 илјади, додека бројот на првачиња е намален за 3500. Поради ваквото намалување на населенито во нашата држава се затвараат и училишта. Само во период од 1 година се затворени дури 14 училишта.

Универзитетскиот професор Ацевски за Алфа вели дека причината за ваквото иселување е движењето на државата во погрешна насока.

Она што би рекол во една психолошка-социолошка па дури и малку и вредносна смисла, еден голем дел од луѓето во Македонија се помалку се уверени дека државата се движи во една посакувана насока и се нуди некоја преспектива, вели Ацевски. 

Поради иселувањето се доведува до знак прашање и одвивањето на воспитно-образованиот процес но и работните места на настанивниците. Според професорот ќе имаме преструктурирање на некои училишта.

Тоа ќе следи, едно престуктурирање на тие училиштата. Не можете да имате училиште со неколку деца, тоа е голем проблем особено во руралните средини. Потребна е една сеопфатна политика која подлабоко ќе навлезе во овие сегменти во подобрување на севкупниот живот од една страна и создавање на услови за младите. Тоа е многу пораметено во Македонија особено во последните 10-тина години, вели Ацевски.

Промовирани огласи »

По вчерашниот неработен ден за православните верници, во следниот месец септември повторно има неработен ден, поточно продолжен викенд. 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде 8 септември (недела), Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден.

За припадниците на бошњачката заедница во земјава неработен ден ќе биде 28 септември (сабота) кога се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците. 

Во октомври има два неработни дена. 

Промовирани огласи »

Од денес почнува пријавувањето во првиот уписен рок во прва година за додипломски студии во академската 2024/2025 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и  во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места.

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

Промовирани огласи »

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Моментално вравотува:

Електроинсталатер / електричар / електромонтер
Молер - Гипсар
Заварувач и помошник заварувач
Помошник на Фриготехничар - Инсталатер, Сервисер
Фриготехничар - Инсталатер, Сервисер
Хаусмајстор за одржување
Супервизор на хигиена
Машински инженер за изведба
Маркетинг специјалист

Се уште невработени?! Сте останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »