Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница го прифатила предлогот на Министерството за економија и труд за есенската потрошувачка кочничка, рече премиерот Мицкоски. Тој нагласи дека предлогот за есенската кошчичка треба да се најде на следната владина седница.

Сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред, рече Мицкоски.

„Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета во општина Аеродром.

За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28-ти овој месец, рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.

До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство.

Промовирани огласи »

Mercedes-Benz и американскиот стартап Factorial направија значителен напредок во развојот на батерија со цврста состојба, која може да го зголеми дометот на електричните возила на над 600 милји до крајот на деценијата. Новата батерија, наречена Solstice, има енергетска густина до 450 ват-часови по килограм, што ја прави покомпактна и полесна од постоечките литиум-јонски батерии.

Батериите со цврста состојба се сметаат за иднината на електричните возила бидејќи користат цврст електролит, што овозможува поголема енергетска густина, поголема стабилност и безбедност. Со новиот тип батерии, Mercedes има потенцијал да ги намали загриженостите на купувачите околу дометот на возилото, бидејќи тековните најдолги домети се околу 400 милји.

Иако ова е позитивен развој за Mercedes и Factorial, кинеските компании, како MG Motor, веќе се пред нив во развојот на батерии со цврста состојба. MG Motor планира да лансира електрично возило со таква батерија веќе следната година, што би можело да влијае на конкурентноста во индустријата.

Промовирани огласи »

Од почетокот на годината цената на кафето се зголеми за 40 отсто по проблемите во понудата на поевтината сорта „Робуста“, што ја зголеми побарувачката на „Арабика“, пишува „Bloomberg“.

Пазарите се загрижени и поради лошите временски услови кај најголемиот производител на кафе, Бразил, во последните месеци. Производителите веќе предупредија дека жетвата 2024-2025 година ќе биде послаба откако топлината и сушата ги зафатија главните региони за одгледување кафе. Високи температури се очекуваат токму на време за цветање на кафето, кои исто така ќе бидат критични за жетвата.

Јужна Америка е зафатена од најтешката суша во последните децении, што ја загрозува земјоделската жетва и следната година. Додадете на тоа лошата жетва во Виетнам, другиот голем производител на кафе, пренатрупани пристаништа и недостаток на контејнери, како и заканата од напади во Црвеното Море.

Сето ова веќе влијаеше на цената на шолја кафе во САД, откако некои добавувачи веќе ги зголемија цените, меѓу кои и еден од лидерите на пазарот за кафе „JM Smucker“, чие портфолио ги вклучува брендовите „Folgers“ и „Café Bustelo“, кои најавија дополнително поскапување од октомври.

Во Велика Британија, синџирот ресторани „Pret A Manger“ ја откажа претплатата што им овозможуваше на своите клиенти да добиваат до пет кафиња дневно по поевтини цени.

Зголемувањето на цената на кафето придонесува за раст на инфлацијата, забележува и „Bloomberg“. Во последните месеци слабата реколта ги зголеми цените на какаото, чоколадата и чоколадните производи и десерти на пазарот, како и сортата портокали и маслиновото масло. Во оваа фаза, сепак, инфлацијата на храната и понатаму е притисната поради намалената цена на житарките.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси најави дека компанија бара од своите вработени да се вратат во канцеларија со полно работно време.

Досега вработените во Амазон досега важеше правило дека во текот на неделата треба да поминат најмалку три дена во канцеларија.

Според Џеси, укинувањето на хибридниот модел бил дизајниран за подобрување на соработката и меѓусебната поврзаност помеѓу вработените со цел да се обезбеди најдобра услуга за клиентите, но и да се подобри бизнисот.

– Кога ќе погледнеме наназад на изминатите пет години, сè уште веруваме дека предностите да се биде заедно во канцеларија се значајни, наведе Џеси.

Промената ќе стапи во сила од јануари 2025 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »