Промовирани огласи »

Европската унија во петокот изгласа воведување на дефинитивни царини за увоз на електрични возила произведени во Кина. Оваа мерка е донесена поради загриженост дека кинеските возила добиваат „неправедни субвенции“ кои претставуваат економска закана за европските производители на електрични возила. Царините ќе бидат наменети и за поединечни компании, врз основа на нивото на соработка и информации доставени во текот на истрагата за кинеските субвенции.

Одлуката доаѓа по месеци дебати меѓу земјите членки на ЕУ, кои имаа различни ставови за зголемувањето на царините. Франција беше еден од главните поддржувачи на царините, додека Германија се спротивстави, загрижена за последиците врз нејзините производители на автомобили. Унгарија, исто така, се закани дека ќе стави вето на предлогот, бидејќи царините можат да достигнат до 45%.

Пекинг реагираше на одлуката, тврдејќи дека истрагата на ЕУ за кинеските субвенции води до „предодредени заклучоци“ и дека ваквите мерки промовираат неправедна конкуренција. И покрај воведувањето на царините, ЕУ е подготвена да продолжи со преговорите со Кина.

Промовирани огласи »

Нова студија објавена во Chemosphere открива загрижувачки количини на токсични хемикалии во црни пластични производи, како што се кујнски прибори, играчки и амбалажи за храна. Хемикалиите, се користат за намалување на запаливоста, но некои од нив се поврзани со сериозни здравствени проблеми. Меѓу нив се декабромодифенил етер, кој може да доведе до зголемен ризик од карцином.

Луѓето кои редовно користат црни пластични прибори за јадење можат да бидат изложени на опасни нивоа на овие хемикалии, кои можат да се вдишат, проголтаат или апсорбираат преку кожата. Особено ранливи се бремените жени, бидејќи хемикалиите може да предизвикаат проблеми со феталниот развој, па дури и оштетување на црниот дроб. Студијата предупредува дека овие пластики можат да бидат штетни за здравјето и околината.

Експертите препорачуваат замена на пластичните кујнски прибори со оние направени од нерѓосувачки челик и избегнување повторна употреба на црни пластични амбалажи. 

Промовирани огласи »

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, со непроменета траса се градските линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.

Изменет режим на сообраќање ќе имаат автобусите со број 5, 7, 15, 15 А, 21, 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67, 70, 50, 50А, 57, 59, 59 А, 58, 58а и 58б. Изменетиот режим на сообраќање на автобусите е објавен на веб-страната на ЈСП „Скопје“.

– Ги потсетуваме сите учесници дека на денот на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица), се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

МВР информира дека денеска од 8 часот поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – Старт кај Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“, право кон „Рекорд“, односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“, каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул. „Јане Сандански“, се до крстосница со бул.„Србија“, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Трета македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по ул.„11 Октомври“ до целта – плоштад „Македонија“, се вели во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита.

Моментално вработува:

ПРАВНИК
ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР

ХИГИЕНИЧАР/КА
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
ДОКТОР-СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ПЕДИЈАТРИЈА
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ НА КИПЕР
РАКУВАЧ НА БЕТОНСКА ПУМПА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално враборува:

МАГАЦИОНЕР
SME ACCOUNT MANAGER
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
JUNIOR TELESALES AGENT
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА - СКОПЈЕ

ГРУПАЦИЈАТА ВИНДИЈА опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ПИВАРА СКОПЈЕ АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА (М/Ж)

Telelink Infra Services е дел од Telelink Group. Нашиот основен бизнис се фокусира на дизајн и изградба на мрежна инфраструктура, целосен опсег на интегрирани безбедносни решенија и системи за заштита на критичната инфраструктура заедно со развивање и имплементирање на паметни технологии за иднината.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЛОГИСТИКА
МАГАЦИОНЕР

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТУВА:

СПРЕМАЧ НА РОБА
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА КАРПОШ
ПРОДАВАЧ/КАСИЕР -МЛЕЧЕН

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ФИНАНСИИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ВО БИТОЛА
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »