Специјалист за Човечки Ресурси

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

                                                         

 

                                                       СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Број на работно место: 1

Локација: Скопје

Твоите работни обврски вклучуваат:

  • Подготвување огласи за слободни работни места;
  • Пронаоѓање на кандидати со користење на различни канали;
  • Организација и имплементација на регрутација и селекција на кандидати за вработување;
  • Пријава/одјава на вработени во АВРСМ/ФЗО како и поднесување на боледувања;
  • Воведување на нови вработени во процесот на работа;
  • Вршење прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со:редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства, основни податоци за вработените и податоци за нивното вработување, оценка на учинокот на вработените (евалуација), обуки
  • Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со развој на персоналот, распоред на работно време и др;
  • Теренска посета на вработените во сите подружници во С.Македонија;
  • Изготвува административни извештаи за потребите на сите сектори (отсуства, прекувремена работа, број на вработени, персонални трошоци и сл.);
  • Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки за безбедност и здравје при работа и  здравствени прегледи за вработените;
  • Координација и инволвираност во извршување на финансиските административни обврски со сектор сметководство.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран економист, правник, психолог или сродно образование од областа на човечки ресурси;
  • Работно искуство  најмалку 3 години;
  • Искуство со MS Office пакетот;
  • Задожително познавање на закони поврзани со областа;
  • Способност за управување со доверливи информации.

Нудиме:

  • Опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
  • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
  • Систем на наградување на успешните вработени;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку соодвествувате со опишаниот профил за работната позиција и ги исполнувате сите (или поголемиот дел) од горенаведените точки Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Специјалист за човечки ресурси.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »