Поминаа 25 години откога Џон Греј ја издаде својата популарна теза на половите врски, „Мажите се од Марц, жените се од Венера“. Тезата на Греј се заснова на тоа дека двата пола мора да признаат дека хормоните кај мажите и жените предизвикуваат тие да им пристапуваат различно на соработката, решавањето на проблеми и комуникацијата. Додека некои нешта се подобрени за жените на работното место од 1992, годината кога книгата на Греј се пушти во продажба, растењето на процентот на жени во работната сила и во лидерските улоги е паузиран во поголемиот дел.
Гледано од светлата страна, во 2017 различноста на половите на работното место е попопуларна од било кога. Компаниите осознаваат дека вештините кои жените генерално ги поседуваат, како што се емпатијата, соработката и менаџирањето на вработените, се почесто барани за успех, посебно откако технологијата го менува нашиот работна средина.
Привлекување на повеќе жени во работната средина, особено во лидерските улоги, е клучен приоритет за многу компании денес. За таа цел да биде остварена, компаниите можеби треба да почнат да размислуваат различно за нивното регрутирање и пристапот кон брендирањето на вработениот.
Различни студии покажуваат дека додека за мажите примарен мотив за работа се приходите, жените имаат повеќе причини за работа. Овие студии не се за да се донесе заклучок дека приходите не им се важни на жените и посебно, не за да се каже дека треба да се помалку платени. Платата сеуште се класифицира како еден од најважните елементи што жената ги бара во работата. Но, како што покажа и Греј, жените се природни мултитаскери: во текот на дневното евалуирање на работата, тие не го земаат во предвид само „дали оваа работа е најдоброто нешто за мене?“, туку исто така „дали ова е најдобрата ситуација за мојата фамилија?“ Дали ми помага да допринесам за мојата заедница? Дали ми дозволува да остварам надворешни интереси?“.
Бидејќи жените и мажите доаѓаат на работа со различни причини, тешко е да се претпостави дека со ист концепт на привлекување и задржување таленти, ќе го направите тоа и со жените. Токму тој модел на пристап може да биде главната причина зошто жените го напуштаат работното место, токму дека се незадоволни од нивните околности.
Во иднина, рекрутерите кои ќе сакаат да привлечат жени за да станат дел од нивната компанија, потребно е да размислат зошто жените менуваат работи и кои елементи ги бараат во наредната работна улога, бидејќи истите, може да не се поистоветуваат со елементите со кои би биле задоволни мажите.