Промовирани огласи »

Денеска ќе биде пуштен во употреба на експресниот пат Куманово (Страцин) - Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресен пат Крива Паланка - Длабочица - Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Како што посочуваат од Владата, експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица - Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства, и Лот 2 делница, Крива Паланка - Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок. Инвестициона вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“ но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗАЛИХИ
СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ - КАМЧЕВ ГРУП
АСИСТЕНТ НА ВОЗЕН ПАРК

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
QUALITY SUPERVISOR

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Сите огласи од Тинекс можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Сите огласи од ФМС можете да ги најдете ТУКА.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ- СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ- БИТОЛА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ГОСТИВАР / PËRFAQËSUES I SHITJES NË GOSTIVAR
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.

Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија, објасни премиерот. 

Промовирани огласи »

Смеењето не е само израз на добро расположение – тоа е моќна алатка која може значително да ја зголеми продуктивноста на работното место.

Еве неколку начини на кои смеењето може позитивно да влијае врз работната средина и резултатите:

1. Намалување на стресот

Смеењето го намалува нивото на стрес-хормоните, како што се кортизолот и адреналинот, и го поттикнува ослободувањето на ендорфини – „хормоните на среќата“. Кога сме помалку под стрес, стануваме пофокусирани и подготвени да се соочиме со предизвиците.

2. Подобрување на тимската динамика

Заедничката смеа ги зајакнува релациите меѓу колегите и создава чувство на припадност. Кога тимот се смее заедно, станува поотворен за соработка, што води до поефективна работа.

3. Поттикнување на креативноста

Смеењето ја стимулира активноста на мозокот и ја поттикнува флексибилноста во размислувањето. Ова значи дека луѓето кои се смеат почесто имаат поголема способност да размислуваат „надвор од рамките“ и да пронајдат иновативни решенија.

4. Зголемување на мотивацијата

Позитивната атмосфера која произлегува од смеата го прави работното место попријатно. Кога вработените уживаат во својата работа, тие се поангажирани и помотивирани да ги исполнат своите задачи.

5. Подобрување на здравјето

Смеењето го зајакнува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја намалува болката. Здрави вработени се помалку отсутни и можат подобро да ја извршуваат својата работа.

Како да се поттикне смеата на работното место?

  • Создадете простор за хумор: Организирајте забавни активности или дозволете неформални моменти во текот на работниот ден.
  • Бидете пример: Споделувајте хумористични, но професионални приказни или коментари.
  • Градете пријателски однос: Охрабрете отворена и опуштена комуникација помеѓу тимовите.

На крајот, смеата не само што ја прави работата позабавна, туку е и клучен фактор за зголемување на продуктивноста и градење позитивна култура на работното место. Затоа, не плашете се да се насмеете – тоа може да биде наједноставната, но и најмоќната промена што ќе ја направите денес!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »