Како што пишуваат хрватските медиуми „во тек е масовно бегство“ на Хрватите, а една од најатрактивните земји е Норвешка.
24 годишниот Дино Субашиќ објаснува што можат да очекуваат во Норвешка луѓето од Балканот.
Пред пет години брат му се разболел, при што му требале пари за лекување.
По ова младиот Хрват се одлучил да замине на работа во Норвешка.
„Бев на пат за на море, тргнав на роденден кај најдобриот пријател кога добив порака на Фејсбук дали сакам да работам во Норвешка, во градот Несбиен со 3.500 жители“ - вели тој.
Веднаш одговорил потврдно. Вели дека во Норвешка се почитуваат сообраќајни правила затоа што казните се високи.
Во Норвешка работи како бармен и келнер во ресторан и во пивница.
Овде нема шанси да работиш, а да не биде платен - вели момчето.
Според договорот во Норвешка месечно се работи по 160 часа.
Раскажува дека во Норвешка еден работник може да биде пријавен во повеќе фирми, а за Божиќ стига и подарок од државата.
Просечна плата е 2000 евра со можност за напредување. Според Субашиќ кога Хрватите прв пат ќе ги видат цените ќе бидат шокирани, но подоцна ќе сфатат дека се нормални за тамошните услови. Додава дека луѓето се опуштени и нема стрес, нема прекувремена физичка работа, а луѓето не гледаат дали некој носи брендирана облека или не.