Промовирани огласи »

Некои истражувања потврдуваат дека 50% од луѓето ја прифаќаат првата понуда која ќе им се понуди, не интересирајќи се за новите можност кои се пред нив. Кои се грешките кои скоро сите ги прават брзајќи кон патот на успехот?

Не сакате да чекате

Нестрпливоста е голем убиец на целите. Научете да почекате, бидете стрпливи и секогаш кога нешто се одвива споро имајте на ум дека големите награди доаѓаат заслужено и тешко.

Немате фокус

Никогаш немојте да правите 15 работи оддеднаш. Фокусот е многу важен кога сакате да успеете над сите други. За врвни резултати е потребно време и максимална насоченост. Сугестија од големите умови е дека не смеете да почнувате многу проекти кои само ќе ви го трошат времето туку да се фокусирате на една најважна нишка која ќе ве одведе најгоре до врвот.

Брзаме

Брзањето е уште еден непријател, не само што ќе направите грешки туку и ќе ве направи да се почувствувате несигурно и замислено. Секогаш работете споро или нормално брзо за да бидете сигурни во ефективноста на тоа работење.

Имаме погрешни идеали

Идеалите и идолите се нешто што ќе направи да летате кон вашата замисла. Секогаш бидете реални за тоа во која дејност работите, колку средства имате, кое е вашето опкружување и на крај да се споредите со вашите идоли. Идеалот доаѓа сам по себе откако ќе направите план за реализација.

Промовирани огласи »

Во канадскиот град Торонто, отворен е уникатен поп-ап (привремен) ресторан, кој е единствен во светот по тоа што сите вработени во кујната се ХИВ позитивни.

На отворањето на овој ресторан работел тим од 14 луѓе, поттикнати од скорешна анкета која покажала дека половина од Канаѓаните сè уште се плашат да споделуваат, или да јадат храна подготвена од некој кој е ХИВ позитивен.

Навистина сакаме да ја промениме стигмата која сè уште постои околу ХИВ, вели Џоан Симонс од „Кејси Хаус“, првата болница во Канада за луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА.

Настанот доаѓа во време кога, просечно, седум Канаѓани дневно се дијагностицирани со ХИВ, ниво кое е незначително намалено од 1980-тите години.

Кога од „Кејси Хаус“ почнале со работа во 1988 година, нивниот прв клиент бил донесен во болницата од медицинските лица во карантински скафандер. И покрај големиот напредок во третманот на инфекцијата и подоброто сфаќање на тоа како се пренесува, поголемиот дел од стигмите од тоа време опстојуваат до денес, вели Симонс во текстот на Гардијан.

Мислам дека уште постои убедувањето дека доколку имаме контакт со лице со ХИВ, можеме да се заразиме и дека тоа уште е смртна пресуда, вели таа.

Вработените носат престилки со интересни пораки за разбивање на стереотипите околу инфекцијата, како: „Добив ХИВ од паста – рекол никој, никогаш“.

Симонс посочува некои од реакциите на социјалните медиуми откако се отворил ресторанот. Но, заедно со овие коментари се отворила и одлична прилика за јавно адресирање на некои од митовите околу вирусот, кои сè уште опстојуваат и денес.

Има многу прашања околу тоа што се случува доколку некој во кујната се исече и е ХИВ позитивен. Со тоа се справуваме, како и во секој друг случај во кујна – се грижиш за укажување прва помош, го чистиш местото, фрлаш се што било во контакт со крв и ја чистиш површината. Би го направиле тоа без разлика дали имате ХИВ или не, едноставно тоа е здрав разум, вели Симонс.

Други, пак, се прашуваат околу ризикот за пренесување на вирусот.

„Апсолутно нема ризик дека некој може да се зарази со ХИВ од споделување на оброк. ХИВ не може добро да опстои надвор од телото подолго време, а вирусот се уништува низ готвење.

Неколку недели пред да се отвори ресторанот, тимот од 14 луѓе кои се вработени во кујната, поминале доста време со познатиот готвач од Торонто, Мет Басил, за да подготват мени.

Мулуба Хабанјама, готвачка која ги загубила родителите поради инфекцијата, се прашува што тие би рекле во врска со ресторанот.

Знам дека, доколку беа живи и го гледаа ова, тоа ќе беше неверојатно за нив. Растејќи знаев дека сум ХИВ позитивна, но, истовремено знаев дека тоа е тајна која ја задржуваш во семејството, вели 24-годишната Хабанјама.

Како дете стравувала дека при преспивањето кај пријателите, другите деца би ја забележале како зема лекови. Таа исто така објаснува како лично го искусила менувањето на перцепциите кога ја открила тајната:

Мојата менторка ме тераше да јадам од хартиени чинии и чаши, додека таа и нејзиниот маж јадеа од порцелански прибор. Имав околу седум години и тоа многу ме повредуваше, се потсетува.

Хабанјама западнала во депресија на 19-годишна возраст, кога го загубила вториот родител поради инфекцијата.

Јас и сестра ми моравме да го подготвиме погребот на нашата мајка. И луѓето доаѓаа и не прашуваа што се случило. И ние измислувавме приказни. Така што немав шанса дури ни да жалам на прав начин, бидејќи измислував лаги и приказни и не можев да им кажам на пријателите и роднините што навистина се случило.

Тоа искуство на крајот ја натерало отворено да го прифати својот статус во 2014 година.

Единствено знам дека никогаш не би сакала да се вратам во темницата. Но, сè уште сум под стрес поради тоа, бидејќи не можеш да знаеш како тоа ќе го промени расположението или околината. Не сакате само да бидете девојката со ХИВ.

Промовирани огласи »

Само лани 56.000 хрватски граѓани се иселиле во Германија. 

За само пет години работник во Германија ќе заработи за пензија од 300 евра колку што се зема во Хрватска. 

Вечерњи лист пишува дека за таа пензија во Хрватска работникот мора да работи цел век. 

Германија има милион слободни работни места, а се бараат луѓе за  работа во трговија, услужен сектор, градежништво, преработувачка индустрија. 

Демографот Стјепан Штерц вели дека во ЕУ годишно фалат по пет милиони работници. 

Промовирани огласи »

Нема повеќе објавување на фотографии од деца без согласност од двајцата родители. 

Италијанскиот суд забрани објавување на фотографии од деца на Фејсбук доколку еден од родителите е против. 

Старите фотографии мора да бидат повлечени од социјалната мрежа доколку некој од родителите тоа го побара. Италијанските власти предупредуваат дека иако фотографиите од децата може да изгледаат невино, сепак претставуваат опасност и може да бидат злоупотребени.

Одлуката на судот доаѓа откако разведен татко побарал неговата поранешна сопруга да не објавува фотографии од неговото дете на социјалните мрежи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »