Промовирани огласи »

Дали ќе го промените вашиот став за оценките од потрошувачите доколку имате информација дека дури 97% од нив ги прегледуваат тие оценки? Британска компанија која е во дејноста на спроведување истражувања стигнала до овие статистики. 

За малите бизниси, добивката или загубата на потрошувачи има поголемо влијание отколку за поголема компанија. Да се биде во можност да се добие информација за тоа што мислат потрошувачите за вашиот бизнис може да биде многу корисно доколку се обидувате да се поврзите со нив на долг рок. Онлајн оценките се еден од најдобриот начин за да го постигнете тоа. 

  • Колку се навистина важни онлајн оценките? 

Мајлс Андерсон, сопственик на BrightLocal, компанијата одговорна за спроведување истражувања ја дал следнава изјава: 

Секоја година гледаме се поголем број на потрошувачи кои ги прегледуваат онлајн оценките кога одбираат еден бренд. Оваа ставка расте бидејќи половина од потрошувачите единствено ги земаат во предвид бизнисите кои имаат оценка од 4 и 5 ѕвезди. 

Истражувањето било спроведено врз 1,031 потрошувач и од 97% од потрошувачите кои се изјасниле дека ги читаат онлајн оценките, 12% изјавиле дека ги следат дневно. Но, истражувањето покажало уште една многу важна статистика. На еден потрошувач му/и е потребно просечно седум оценки пред да развие доверба кон одреден бренд. А кога се работи за довербата, 85% се изјасниле дека веродостојните оценки се исто како и лични препораки. 

Малите бизниси се натпреваруваат за потрошувачи онлајн и во физичкиот свет и тие мора да имаат смислено стратегија за да се справуваат со оценките. Како што објаснува Андерсон:

Повеќе не е само доволно оценките да дојдат кон вас. На секој бизнис му е потребна стратегија за да ги охрабри задоволните потрошувачи да дадат фидбек, набљудување на различни сајтови за оценување како и одговарање како на позитивните така и на негативните оценки брзо и професионални. И запомнете - ако не прашате, нема ни да добиете. 

Промовирани огласи »

Aко почнувате свој бизнис, а при тоа не располагате со големи средства, тогаш нека биде тоа бизнис кој е во склад со вашите вештини. 

Инсистирајте на авансно плаќање. 

Сите работи трудете се да ги завршите сами. 

Концентрирајте се на услуги и производи кои се потреба, а не желба. 

Многу е важно на почеток остварените приходи да ги вложите за развој на бизнисот. 

Ако имате работа, задржете ја. Со бизнис занимавајте се по завршување на работното време. 

Сведете ги трошоците на минимум. 

Не вработувајте луѓе на почетокот, освен ако навистина тоа не е неопходно. 

Користете ги сите достапни ресурси. 

Промовирајте се на интернет. 

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Веќе подолго време размислувате да ја промените вашата работна позиција меѓутоа никако да се решите да го направите првиот чекор. Со вас во иста ситуација се илјадници други луѓе кои се во иста ситуација.

Токму поради тоа тимот на KARIERA.mk споделува со вас неколку причини зошто е тоа така најчесто:

Ја обожавате програмата, дејноста или продуктот кој го нудите или продавате

Не е лесно да се работи против себе, меѓутоа бидете свесни дека доколку не се чувствувате убаво на работа, насвистина не е важно што мислите за дејноста, продуктот или програмата која ја нудите. Вие секогаш сте на прво место!

„Немам време да си го средам CV-то“

Пријателите веќе немаат нерви да ги слушаат вашите жалби и поплаки во врска со работата. Кога ве прашуваат зошто не преземате ниту најмала иницијатива за промена, вие одговарате дека CV-то ви е хаотично и немате време да го средите.

Тоа секако – е лага. Доколку вистински посакувате да го смените работното место мора да вложите малку напор, а средувањето на професионалното резиме е минимален почетен чекор кој треба да го направите.

„Можеби не е толку лошо како што си мислам“

Некој ден на работа е малку подобар од останатите. Тогаш се враќа тој добропознат оптимизам кој успева да ве залаже. За момент вие сте среќни и комфорни во својата зона.

Момент подоцна лажниот оптимизам и позитивна енергија се уриваат како кула од карти. Одеднаш сте свесни за сите лоши и негативни работи кои ви се случуваат, мобингот, платата која е ниска и згора на сé доцни, шефот кој не умее да менаџира.

„И да одберам друга работа, нема да биде подобро од ова“

Па зошто тогаш би се мачел/а да правам промена? Зошто да се малтретирам и да си го губам времето?

Затоа што ништо нема да постигнете без малку ризик и добра волја. Ова е последниот и најтежок изговор кој ве влече назад врзувајќи ве за лошата работа како со синџири.

Вие во принцип не можете да знаете како може да изгледа вашата следна работна позиција. Бидете храбри, бидејќи како што велат – среќата ги следи токму таквите луѓе.

Вие заслужувате подобро отколку да бидете проколнати со работни позиции кои ќе ги мразите до крајот на животот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »