Промовирани огласи »

МВР стартува „Маратон на брзина“: 24 часа засилени контроли низ цела Македонија

Од денеска до 19 април полицијата ќе спроведува засилени контроли за брзина, а на 15 април почнува 24-часовен „Маратон на брзина“ на сите патишта во државата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека македонската сообраќајна полиција, како членка на европската мрежа ROADPOL, од денеска се приклучува на засилена акциска контрола за санкционирање на возењето над дозволената брзина. Акцијата ќе трае до 19 април, а нејзина главна цел е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на несреќи со тешки последици.

Во рамки на оваа европска кампања, на 15 април од 00:00 часот до 16 април во 00:00 часот ќе се спроведе 24-часовен „Маратон на брзина“, при што ќе има непрекинати контроли на територијата на целата држава. Од МВР потенцираат дека брзото возење и натаму е една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, па затоа е неопходно постојано превентивно дејствување.

Според МВР, голем дел од локациите каде ќе се вршат контролите им се однапред познати на возачите, со цел акцијата да има превентивен, а не само казнен карактер. „Целта не е казнување, туку почитување на ограничувањата и сообраќај што спасува животи“, порачуваат од Министерството. ROADPOL „Speed marathon“ се спроведува истовремено на европските патишта како заедничка акција на сообраќајните полиции низ континентот.

Тагови: автомобили Министерство за внатрешни работи (МВР) контроли за брзина

Промовирани огласи »

ПРАВИЛОТО 90/180 ВО ШЕНГЕН: Колку може да престојувате во Грција и какви казни следуваат ако го пречекорите рокот

Ова правило важи без разлика дали престојот е непрекинат или во повеќе наврати.

Државјаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и другите земји што не се дел од Шенген зоната, можат да престојуваат во Грција најмногу 90 дена во период од 180 дена. Ова правило важи без разлика дали престојот е непрекинат или во повеќе наврати.

Поседувањето недвижност во Грција не носи дополнителни поволности – и за сопствениците важи истото ограничување од 90 дена.

Клучно е да се разбере дека станува збор за „клизен“ период. Тоа значи дека при секое ново влегување во земјата се пресметуваат последните 180 дена наназад, а не од датумот на првиот влез. Патниците треба да ги избројат деновите поминати во Грција (или било која друга земја од Шенген) во тој период за да знаат колку им преостанува.

За полесна пресметка, може да се користи т.н. Шенген калкулатор, во кој се внесуваат датумите на влез и излез, по што автоматски се добива точниот број на преостанати денови.

Граничните служби имаат прецизна евиденција за престојот. При влез и излез се става печат во пасошот, а електронските системи им покажуваат на службениците колку долго лицето престојувало.

Пречекорувањето на дозволениот престој не поминува без последици. Во Грција казните се движат од 600 до 1.200 евра, а во одредени случаи може да следи и депортација или забрана за влез во Шенген зоната.

Доколку некој не може да ја напушти земјата пред истекот на рокот, потребно е најмалку две недели однапред да се обрати до надлежните служби за странци и да побара продолжување на престојот.

Важно е да се напомене дека правилото 90/180 важи за целата Шенген зона, што значи дека деновите поминати во Грција се пресметуваат заедно со престојот во другите земји членки.

Тагови: Грција престој Шенген

Промовирани огласи »

Вработување во Double Tree By Hilton!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Double Tree By Hilton!

DOUBLE TREE BY HILTON со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути. Хотелот нуди флексибилен функционален простор 22.000 квадратни метри, вклучувајќи елегантна балска сала со природно светло, простории за состаноци и сала за состаноци.

Моментално вработува: 

Мијач/ка на садови
Хигиеничар/ка
Собар/ка
Келнер/ка

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Double Tree by Hilton Skopje

Промовирани огласи »

Младите и пазарот на труд: Очекувања наспроти реалност

Компаниите имаат свои правила - младите не се подготвени!

Кога младите влегуваат на пазарот на труд, тие носат амбиција, енергија и високи очекувања. Но, многу брзо се соочуваат со прашањето: Дали реалноста навистина одговара на тоа што го замислувале?

Очекувањата на младите

Новите генерации најчесто очекуваат:

  • Брз кариерен напредок
  • Висока почетна плата
  • Флексибилно работно време
  • Баланс помеѓу работа и приватен живот
  • Работа што има смисла и вредност

Тие не сакаат „само работа“ туку искуство, развој и влијание.

Реалноста на пазарот

Од друга страна, компаниите често нудат:

  • Почетни позиции со пониска плата
  • Потреба од искуство (дури и за junior позиции)
  • Ригидни работни процеси
  • Ограничени можности за брз раст

Резултатот? Јаз помеѓу очекувањата и реалноста.

Каде се судираат двете страни?

1. „Сакам веднаш да напредувам“ vs. „Докажи се прво“

Младите сакаат брз раст, компаниите бараат трпение.

2. „Сакам флексибилност“ vs. „Имаме правила“

Новите генерации бараат слобода, системите често се традиционални.

3. „Сакам смисла“ vs. „Имаме задачи“

Работата не секогаш доаѓа со „purpose“ од првиот ден.

Што треба да се промени?

Компаниите треба да:

  • Инвестираат во junior кадар
  • Понудат јасни патеки за развој
  • Слушаат и адаптираат кон новите генерации

Младите треба да:

  • Имаат реални очекувања
  • Бидат подготвени да учат и вложат време
  • Разбираат дека растот е процес, не момент

Вистината е некаде на средина.

  • Младите носат нова енергија и барања
  • Компаниите носат структура и искуство

Кога овие две страни ќе се разберат се создава вистинска вредност.

Прашање: Дали мислите дека младите бараат премногу или компаниите нудат премалку?

Прочитај и за: Што е поважно: Плата или работна култура?

Тагови: HR трендови пазарот на труд

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »