Промовирани огласи »

Сандра Најдановска открива што стои зад секој успешно уреден ентериер

Како да го најдете идеалниот баланс помеѓу функционалноста и убавиот изглед на просторот?

Во најновото издание на емисијата „ОД НУЛА “, гостинка ни е Сандра Најдановска, основач на Ambience Design и дизајнер на ентериер, која преку својата работа создава функционални, естетски и внимателно осмислени внатрешни простори. Низ разговорот, Сандра искрено зборува за своите професионални почетоци, инспирацијата што ја води при креирањето на секој нов проект и уникатниот пристап што го има кон клиентите. Таа истакнува дека успешниот дизајн не е само визуелно привлечен, туку претставува совршен баланс помеѓу естетиката, функционалноста и индивидуалните потреби на луѓето кои секојдневно престојуваат во тој простор.

Низ разговорот го откриваме целиот процес на уредување на еден простор од првичната идеја и развојот на концептот, па сè до финалната реализација на терен. Сандра несебично ги споделува најчестите предизвици во нејзината професија, нагласувајќи колку е важно секој проект да има свој автентичен карактер и верно да ја раскажува приказната на сопственикот.

Во продолжение на емисијата, се осврнуваме и на современите трендови во дизајнот, улогата на деталите во комплетната трансформација на амбиентот, како и на најчестите грешки што луѓето ги прават кога самите се обидуваат да го уредат својот дом или канцеларија. Доколку сакате да ѕирнете во светот на креативниот процес и да откриете како се гради успешен бизнис од нула, погледнете ја оваа инспиративна епизода на нашиот Youtube канал.

Сандра Најдановска открива што стои зад секој успешно уреден ентериер

Тагови: Од нула Сандра Најдановска Ambience Design

Промовирани огласи »

МВР со јавен повик за запишување на 200 редовни ученици во полициското училиште

Министерството за внатрешни работи објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.

Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови:

  •  да е државјанин на Република Северна Македонија,
  •  да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште,
  •  активно да го користи македонскиот јазик и
  •  да е здравствено и психофизички способен.

Исто така,  општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Сите услови и целосниот Јавен повик можете да го погледнете ТУКА.

Тагови: Министерство за внатрешни работи (МВР) полициско училиште средношколци

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Продавачи/ки
Регионален Менаџер - Прилеп / Битола / Охрид
Доставувач на материјали на прозиводна линија - Битола
Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар - Битола
Техничар за одржување во производство - Битола

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Што да направите ако изгорите од сонце?

Црвенило, печење и чувствителна кожа по сончање? Еве како правилно да реагирате и побрзо да ѝ помогнете на кожата да закрепне.

Летните денови се идеални за плажа, базен и престој на отворено, но предолгото изложување на сонце без соодветна заштита може да доведе до изгореници. Освен што се болни и непријатни, тие можат да ја оштетат кожата и да го зголемат ризикот од сериозни последици доколку не се третираат правилно.

Еве што треба да направите ако изгорите од сонце:

Тргнете се од сонцето

Штом забележите дека кожата е црвена, чувствителна или почнува да пече, веднаш побарајте сенка или влезете во затворен простор. Дополнителното изложување само ќе ја влоши состојбата.

Разладете ја кожата

Истуширајте се со млака или ладна вода, но избегнувајте многу студена вода или мраз директно на кожата. Ладните облоги исто така можат да помогнат да се намали воспалението.

Хидрирајте ја кожата

По туширањето нанесете гел или крем со алое вера или хидратантен лосион без алкохол и парфеми. Ова ќе помогне да се смири иритацијата и да се задржи влагата во кожата.

Пијте многу течности

Изгорениците од сонце го дехидрираат организмот. Пијте повеќе вода во текот на денот за да ја надоместите изгубената течност.

Не ги пукајте плускавците

Ако се појават плускавци, не ги отворајте. Тие претставуваат природна заштита на оштетената кожа и нивното пукање го зголемува ризикот од инфекција.

Носете лесна облека

Одберете широка памучна облека која нема дополнително да ја иритира кожата додека заздравува.

Побарајте лекарска помош ако е потребно

Доколку изгорениците се придружени со висока температура, силна болка, големи плускавци, вртоглавица, гадење или знаци на дехидрација, задолжително обратете се кај лекар.

Како да спречите изгореници?

Најдобрата заштита е превенцијата. Користете крем со заштитен фактор (SPF 30 или повисок), нанесувајте го на секои два часа и по секое капење, носете капа и очила за сонце и избегнувајте директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, кога УВ-зрачењето е најсилно.

Грижата за кожата не завршува кога ќе се вратите од плажа. Ако веќе сте изгореле, правилната нега ќе помогне побрзо да закрепнете, а следниот пат не заборавајте да користите заштитен фактор и да избегнувате долго изложување на силното сонце.

Тагови: високи температури вода здравје креми за сончање лето плажа изгорите од сонце

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »