По напорното школување, стажирање, лоши и несигурни работни местa, добив работа која е по мој мерак барем во моментов. Mи нуди добри услови за работа, одличен амбиент и солидни примања.

Се изморив од влечење по кафулиња и дискотеки, дружби во автомобил на Водно и разноразни паркчиња и што уште не, па решив да си купам стан. Не некој голем, но сепак стан кој ќе можам да го користам барем во наредните 10 години. Никој од моите блиски роднини или пријатели немал искуство во скоро време и кога ќе им споменев или прашав прво на памет им паѓаа преварите со станови, кои се случија во нашата земја не толку одамна. Некои предмети сѐ уште не се ни завршени, па се плетеа најразлични најчесто трагични приказни.
Се одлучив да влезам во авантурата купување стан, не сум правник, од право знам дека треба да има договор за купување стан, кој го потпишувам, плаќам и станот е мој. Толку знам, пари немам, се надевам на некоја банка. На толку реклами за станбени кредити мислам дека нема да биде проблем. Искуство со банки, освен картичка, исто така немам.
Прво што ми падна на памет се интернет огласувачите. Таму хаос! Еден стан го продаваат повеќе продавачи, го продава инвеститорот и го огласиле уште најмалку 5 агенции посредници. Старите станови поскапи од новите и веднаш одат со приказната- – ама на времето не знаеш тоа беше квалитет од проект, од градба, од материјали, но искрено не изгледа дека е баш така.
Кога ќе влезеш во самата зграда влезот мириса на некое животно, лифтот е толку бучен што мислиш нема сила да тргне или штом ја добие потребната сила мислиш ќе те исфрли од зградата до некоја најдалечна планета. На прв поглед страшно, можеби само за мене поради тоа што немам живеено во зграда. Може е нормално да водат сметка само до влезната врата на станот, а по ходниците траги од исцедокот од кесите со ѓубре, кое може да почека во ходник додека се однесе во контејнер. Значи страшно, но тука сум и решив да го видам станот.
Ете ја приказната што ја слушав дека градбата е таква, проектот е перфектен, материјалите исто така, но секоја чест за проектот – кујната и тоалетот со природна вентилација, собите комотни, балконот убав, таман за утринско кафе со сонце, веќе знам што сакам горе долу, но околу материјалите хаос, прозорци што не верувам дека ќе го задржат ветрот, плочки ретро од 80-тите, паркетот е добар само за горење, значи треба реновирање до гола цигла.
Целиот текст причитајте го ТУКА.