Промовирани огласи »

Според весникотт, направени се и нарачки за потребните компоненти кои ќе бидат интегрирани во идниот предводник на компанијата, кој најверојатно ќе биде претставен на мобилен конгрес во Барселона.

Во исто време, се уште не е целосно сигурно дали „Samsung“ ќе предложи алтернатива на Face ID и има опција S9 да се обложи на конвенционалното 2D препознавање на лицето кое нуди и понизок степен на безбедност.

Во овој случај, изворите на „Samsung“ се однесуваат на фактот дека 3D технологијата за препознавање сè уште не е доволно добра. 3D камерата сепак сигурно ќе присуствува во уредите кои ќе имаат исти димензии, како и сегашните претставници на серијата Galaxy S, и ќе биде користена за апликации со додадена и виртуелната реалност, како и за мобилно банкарство, што сугерира дека ќе биде доволно безбеден за финансиска употреба.

Во моментов веќе се смета за сигурно дека Galaxy S9 и S9 + ќе имаат само задна двојна камера, а предната ќе биде единечна, како и досега. Главните камери на смартфоните ќе нудат значително подобрен трислоен сензор и ќе бидат во можност да фатат по 1000 фрејмови во секунда. Ова исто така ќе доведе до повисоки трошоци за новите модели.

Камерите на Galaxy S8 и S8 + имаа производствен трошок од 60 долари, но се очекува тој да порасне до 90 долари при Galaxy S9 и S9 +.

Последните информации сугерираат дека следната година 3D сензорите ќе се појават на многу паметни телефони на Android.

Промовирани огласи »

Според последното соопштение на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата по вработен во септември изнесува 34.127 денари, додека пак просечната нето плата изнесува 23.229 денари.

Просечната плата, односно нејзиниот бруто и нето износ се поголеми за 4.6 отсто во однос на истиот месец во 2016 година, односно за 1.34 отсто во однос на август 2017 година. Ова е всушност и највисокиот рекорден износ на нето и бруто плата што некогаш го остварила македонската економија.
Најголем пораст на платата е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација каде што бруто платата се зголемила за 26.3 отсто, а нето платата за 32.1 отсто во однос на истиот месец минатата година.
Зголемувањето на платите им оди во прилог на сите кои немаат добиено к-15
Ваквото зголемување на просечната плата ќе влијае на износот што секој работодавач кој досега не исплатил регрес за годишен одмор (к-15) мора да го исплати кон своите вработени до крајот на годинава.
Според нашите претходни пресметки (врз основа на податоци за август), минималниот износ на к-15 требаше да изнесува 9.164 денари, а максималниот 13.470 денари. Имајќи го предвид фактот дека горната и долната граница на износот на к-15 се утврдува врз основа на просечната нето, односно бруто плата по вработен во последните 3 месеци, ваквото зголемување на просечната плата ќе гарантира и повисока сума на к-15.
Доколку к-15 ви исплатат во месец декември, долната граница на износот ќе се утврди во висина од 40% од просечната нето плата по вработен во последните три месеци (октомври, септември, август).
Нашите пресметки укажуваат на тоа дека износот би требало да биде поголем од 9.200 денари.

Промовирани огласи »

Компанијата Тесла го заврши инсталирањето на најголемата литиум-јонска батерија во светот и ќе ја уклучи во наредните денови.

Батеријата од 100 магавати во Јужна Австралија е дизајнирана да обезбеди безбедност на државната електроенергетска мрежа. Таа ќе складира доволно енергија за напојување на 30 000 домови околу час време.

Првиот човек на Тесла Илон Маск рекол дека батеријата ќе биде бесплатна ако не биде инсталирана во рок од 100 дена од потпишувањето на договорот за проектот.

Изгледа дека компанијата ќе го исполни крајниот рок , 1 декември за инсталирање на арматурна плоча која ќе биде поврзана со фармата на електроелектраната која ја корист француската компанија за обновување на извори за енергија Неоен.

Маск првично на Твитер понуди да го реши проблемот откако Јужна Австралија во февруари претрпе серија „падови на оптеретување“, како и колапсот од септември 2016 година, која остави 1,7 милиони луѓе без струја.

Државата ќе има право да го користи целиот капацитет на батерии со цел избегнување на падот на оптеретување.

Проектот е дел од широк пакет проекти чија чел е да обезбеди испораки на енергија во државата, која е во голема мера зависна од обновливи извори.

Промовирани огласи »

Педесетина студентски трудови од областа на енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе бидат претставени на 5-та Студентска конференција на ФЕИТ која денес започнува во Скопје. 

Покрај презентациите на студентите, ќе има седум пленарни предавања од компании и четири предавања на професори, ќе разговараат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.

На конференцијата ќе бидат презентирани трудови изработени од студенти од Македонија и како иод странство (Србија, Австрија).

Од ФЕИТ ветуваат многу забава како и нови сознанија од оваа проблематика. Влезот е слободен. Конференцијата ќе трае до 25 ноември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »