Промовирани огласи »

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, помина осумчасовна ноќна смена во фабрика во северниот дел на Братислава за да покаже солидарност со работниците кои бараат повисоки плати.

На акцијата на Фицо му претходеше протест од германски инвеститор, претставен од германско-словачката комора за трговија и индустрија, против законот за поголема плата за ноќна работа изготвен од владата.

На една од најголемите конкурентни предности на Словачка - флексибилни и релативно економски услови за работа во текот на ноќта и за време на викендите - и се заканува со еднократна ликвидација, се вели во соопштението на комората. Здружението на работодавачи на Словачка се приклучи на протестот.

Според проектот на социјалдемократите на Фицо, за секој час од ноќната работа на основната плата, премијата од 1,40 евра ќе биде додадена. До сега, работниците добиле дополнителен 50 центи додаток за еден час ноќна работа, што е една петтина од законски минималната стапка.

Проектот предвидува дека работата во неделата треба да се плати двојно, а не со 50% зголемување на договорениот час.

Промовирани огласи »

Ја засадиле аронијата на земјиште кое го наследиле. Закупиле стар погон и со помош на мајстори направиле нова технологија. Првите садници ги купиле од мештаните во Горен Милановац а првите сокови ги произвеле од сировини увезени од Полска. Бизнисот го развивале без кредит и помош на државата, вложувајќи ја својата заштеда. Заедно со кумовите ја основале фирмата „Аронија Вита“ и создале семеен бизнис од кој денес живеат две семејства-Богичевиќ и Неделковиќ.

Афинитетот и љубовта кон здравиот начин на живот, интересот за огрански производи и заборавени стари билни култури беа мотив да започнеме со приватен бизнис. Со тоа и желбата за економска самостојност, која може да ја понуди приватниот бизнис, доведоа до идејата за основања на фирмата Аронија Вита,  раскажува Софија Богичевиќ.

Идејата за бизнис со аронија ја добиле случајно. Некој донел сок од аронија од странство, тие ја пробале и им се допаднало. Тргнале во потрага по садници.Во тоа време аронијата не била регистрирана на листата сорти на нивното Министерство за земјоделие, но успеале да дознаат дека кобинатот „Таково“ од Горен Милановац во 70-тите години на минатиот век експериментално увезувал извесна количина садници. Нивните засади биле неупотребливи но во тој крај аронијата се проширила па пронашле мештани кои ги имале.

Велат во бизнисот ја вложиле заштедата која не била голема сума, но во бизнисот велат мора константно да вложувате. За среќа сепак не морале да земаат кредити, а за да почне некој бизнис не му треба многу, раскажуваат тие.

Им порачуваат на сите кои планираат да се занимаваат со приватен бизнис, добро да размислат која им е целната група. Таму каде е купувачот тука ќе имаш што да продадеш. Купувачот диктира што ќе произведува некој. Бидејќи за обратна варијанта е потребен огромен маркетинг. Тоа го можат мултинационалните компании кои креираат побарувачка. Кога се во прашање мали бизниси, потребно е да се види каде е побарувачката смета Софија.

Целата сторија прочитајте ја тука.

Промовирани огласи »

Во огромна конкуренција на реномирани македонски компании, телекомуникацискиот оператор Вип доби признание за успешно спроведена општествено одговорна практика за 2017 година. Признанието е доделено во категоријата “Однос кон вработените”, за потпишаниот Колективен договор помеѓу членовите на раководниот тим на компанијата и Синдикалната организација на оне.Вип.

Потпишаниот Колективен договор ја потврдува определбата на компанијата да го почитува правото на слобода на здружување и колективно договарање како и за подобрување на односите помеѓу вработените и менаџментот. Овој документ претставува темел за понатамошните заложби на двете страни за унапредување на релациите меѓу вработените и менаџментот се со цел да се овозможи здрав дијалог во креирањето на здрава работна средина.

Ова признание е уште една потврда дека Вип е компанија која ја негува корпоративната култура и континуирано работи на дијалогот помеѓу Синдикалната организација и менаџментот, со што ја потврдуваме и определбата за почитување на правото на здружување и колективно преговарање. Вип ќе продолжи да посветува внимание на правата на вработените, условите за работа и системите за унапредување и наградување и ќе работи на продлабочување на дијалогот со синдикалната организација, изјави Мислав Галер, Извршен директор на оне.Вип.

Колективниот договор подетално ги уредува правата и обврските на работодавецот и вработените, отсуствата од работа, плата и додатоци, откажување на договорот за вработување, начинот и постапката за утврдување на бројот и структурата на вишокот на вработени како и критериуми за унапредување.

По спојувањето на телекомункациските оператори ОНЕ и Вип во ново друштво оне.Вип во 2015 година, Синдикалната организација на ОНЕ (СОО) се пререгистрира во Синдикална организација на оне.Вип (СООВ) и како таков субјект од областа на синдикалното здружување делува како претставник на работниците во сите три компании (ОНЕ, Вип и Blizoo) кои ја сочинуваат новата компанија оне.Вип.

Манифестацијата Национална награда за најдобри општествено одговорни практики е во организација на Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, а се доделува десетта, јубилејна година по ред.

Промовирани огласи »

Според статистички прогнози на ЦИА, до 2050 година во Република Македонија ќе има за 4,4% помалку жители. 

Во Црна Гора ќе има за 7,9% помалку луѓе, во Хрватска за 7,7%, во  БиХ за 8,2%. Романија ќе се соочи со пад на населението за 8,2%, а во Грција бројот на жители ќе се намали за дури 10%. Најцрна прогноза ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2%  помалку население. „Белата чума“ ја зафати цела Европа. Падот во Литванија ќе биде 37,6%, во Молдавија 44,1%, во Летонија 35,8%. Сегашниот мотор на ЕУ, Германија ќе има 12,8% помалку население. На оваа прогноза единствено Косово ќе има позитивен биланс во однос на останатите земји и тоа дури 17% повеќе граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »