Промовирани огласи »

Гледано секојдневно, она што го правите од девет до пет попладне може да не значи премногу. Но, постојат моменти во кариерата на секој човек кои можат или да ја подобрат или да ја уништат кариерата. Еве неколку такви моменти кои можете да ги препознаете и да ги искористите во ваша корист: 

1. Првиот лице-во-лице состанок со новиот претпоставен 

Првиот приватен состанок со вашиот претпоставен може да го постави тонот на тоа како вие двајца/две ќе работите заедно. Тоа е шанса да видите што смета за важно вашиот шеф и да се осигурате дека ќе ги остварите неговите/нејзините очекувања. 

2. Вашиот прв „да“ момент

Секогаш постои момент каде изненадно, вашиот шеф не е достапен да ја изврши својата задача и ве замолува Вие да ја извршите задачата. Вашата инстиктивна реакција многу е веројатно дека ќе биде „не, не, не“ но, со кажувањето „да“, си ставате предизвик пред себеси. И тој е моментот каде големи промени во кариерата може да се случат. 

3. Вашата прва грешка

Вашата прва грешка може да ви се чини дека ќе ви ја уништи цела кариера. Но, пред да се обидете сами да го решете проблемот или уште полошо, да го прекриете, проверете го решението со ваш соработник. Во зависност од големината на проблемот, можеби ќе треба да се консултирате со вашиот менаџер. Важно е да признаете дека сте направиле грешка и што сте планирале да направите за да го решете прашањето. На овој начин, им давате до знаење на вашите претпоставени дека сте свесни за вашите грешки и превземањето одговорност. 

4. Вашето прво барање за покачување на плата

Разговорот за платата никогаш не е омилен, но тие се важен дел од вашата кариера. Времето и тонот се најважни кога се работи за барање покачување. Најдобро е кога сте успеале во нешто, проект, перформансите ви се одлични и слично. Документирајте ги вашите постигнувања и влијанието кое вашата работа го постигнала кон тимот и организацијата. Основајте го вашето барање на факти и поддржете го со податоци кои докажуваат дека сте биле успешни во вашата работа. 

5. Првиот пат кога давате отказ 

Шансите се големи дека нема да бидете на истата позиција или во истата фирма засекогаш. Еден ден, ќе дадете отказ за прв пат. Кога ќе дојде време за тоа, секогаш правете го професионално. Држете си ја оваа одлука за себе, не ја споделувајте со никој друг пред да ги известите вашите претпоставени. Нема потреба да навлегувате во деталите, доволно е да се заблагодарите за можноста. 

6. Првиот пат кога ќе вработите некого

Како што се качувате на скалата во вашата фирма, може да се најдете во ситуација каде ќе треба да вработите некого за прв пат. Ова може да звучи многу возбудливо и покажува дека менаџментот ви верува на вашите способности и проценка на карактерот и вештините. Но, доколку личноста не се покаже во добро светло, сите ќе покажуваат кон вас. Затоа, одвојте време при донесувањето на оваа одлука

Промовирани огласи »

Патувањето до Солун, дали за прошетка и кафе, дали за шопинг, за викенд или поради каква било друга причина, од 14 декември, ќе биде поскапо за македонските граѓани, но и за сите што ќе влезат во Грција преку граничниот премин Богородица.

Со задоцнување од над три месеци, почнува со работа новата патарина во Грција, оддалечена на само 500 метри од границата со Македонија. Првиот одреден термин, 31 август, беше одложен неколку месеци и сега, од 14 декември, според официјалната министерска одлука, патарината започнува со работа, а во еден правец, за автомобили ќе чини 1,80 евра. Со ова, сите оние ќе влегуваат во Грција, без разлика која и да е нивната крајна дестинација, ќе мора да имаат дополнителни 3,60 евра, доколку нивното патување вклучува и враќање во Македонија.

И за до Солун, и за до Атина, и за која било летна дестинација, но и за кој било град во Грција, секое поминување на границата ќе значи и плаќање патарина во зависност од видот на возилото.

Според заедничката министерска одлука, потпишана од министерот за финансии и министерот за транспорт на Грција, на 14-ти овој месец се воведуваат четири нови патарини во северниот дел на земјата. Одлуката објавена во „Службен весник“, до која стигна „Нова Македонија“, детално ги одредува цените на наплатните рампи.

На патарината „Евзони“, која го носи името на граничниот премин кон Македонија, се предвидени цени од 1,30 до 6,30 евра во зависност од категоријата на возилото.

Најевтино е за мотори – 1,30 евро, автомобили, односно моторни возила со или без приколка со висина до 2,70 метри ќе плаќаат 1,80 евра, камиони и автобуси со помалку од четири оски со или без приколка и висина над 2,70 метри ќе плаќаат 4,50 евра, додека пак најскапо, 6,30 евра, е за камиони и за други возила со четири или повеќе оски со или без приколка и висина од над 2,70 метри.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство најавува нова атрактивна промоција преку која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2018 година со многу повеќе комуникација, подароци и изненадувања.

Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифата Vip Mobile L  добиваат зголемен 4G интернет од 10GB засекогаш, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи, како и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат ексклузивно Samsung Galaxy Ј3 2017 и тоа со месечна рата од 239 денари или Motorola Moto C 4G за само 1 денар и уште многу други смартфони.

Вип има изненадување и за корисниците на Vip Комбо со кое корисниците покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, добиваат и празничен подарок и тоа полнач за телефон, слушалки или wi – fi рутер.  Сите Vip Combo корисници кои ќе склучат нов договор на 24 месеци добиваат можност да набават SMART телевизори по намалена цена, почнувајќи од 499 денари месечно.

Празничната сезона е време за дарување и уживање во неограничена комуникација со најблиските и затоа нашата намера е да ги разубавиме празниците за нашите корисници овозможувајќи им уште повеќе комуникација, можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни услови и секако да добијат многу подароци. Новогодишната промоција на Вип е вистинска можност за сите да се израдуваат себеси или да им подарат нешто незаборавно на своите најблиски, а ние како компанија уште еднаш да ја потврдиме посветеноста да обезбедиме комуникација по најповолни услови, изјави Мислав Галер, Извршен директор во Вип.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.   

Промовирани огласи »

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.

Зголемувањето на минималнецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори коо влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.

Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.

Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »