Гледано секојдневно, она што го правите од девет до пет попладне може да не значи премногу. Но, постојат моменти во кариерата на секој човек кои можат или да ја подобрат или да ја уништат кариерата. Еве неколку такви моменти кои можете да ги препознаете и да ги искористите во ваша корист:
1. Првиот лице-во-лице состанок со новиот претпоставен
Првиот приватен состанок со вашиот претпоставен може да го постави тонот на тоа како вие двајца/две ќе работите заедно. Тоа е шанса да видите што смета за важно вашиот шеф и да се осигурате дека ќе ги остварите неговите/нејзините очекувања.
2. Вашиот прв „да“ момент
Секогаш постои момент каде изненадно, вашиот шеф не е достапен да ја изврши својата задача и ве замолува Вие да ја извршите задачата. Вашата инстиктивна реакција многу е веројатно дека ќе биде „не, не, не“ но, со кажувањето „да“, си ставате предизвик пред себеси. И тој е моментот каде големи промени во кариерата може да се случат.
3. Вашата прва грешка
Вашата прва грешка може да ви се чини дека ќе ви ја уништи цела кариера. Но, пред да се обидете сами да го решете проблемот или уште полошо, да го прекриете, проверете го решението со ваш соработник. Во зависност од големината на проблемот, можеби ќе треба да се консултирате со вашиот менаџер. Важно е да признаете дека сте направиле грешка и што сте планирале да направите за да го решете прашањето. На овој начин, им давате до знаење на вашите претпоставени дека сте свесни за вашите грешки и превземањето одговорност.
4. Вашето прво барање за покачување на плата
Разговорот за платата никогаш не е омилен, но тие се важен дел од вашата кариера. Времето и тонот се најважни кога се работи за барање покачување. Најдобро е кога сте успеале во нешто, проект, перформансите ви се одлични и слично. Документирајте ги вашите постигнувања и влијанието кое вашата работа го постигнала кон тимот и организацијата. Основајте го вашето барање на факти и поддржете го со податоци кои докажуваат дека сте биле успешни во вашата работа.
5. Првиот пат кога давате отказ
Шансите се големи дека нема да бидете на истата позиција или во истата фирма засекогаш. Еден ден, ќе дадете отказ за прв пат. Кога ќе дојде време за тоа, секогаш правете го професионално. Држете си ја оваа одлука за себе, не ја споделувајте со никој друг пред да ги известите вашите претпоставени. Нема потреба да навлегувате во деталите, доволно е да се заблагодарите за можноста.
6. Првиот пат кога ќе вработите некого
Како што се качувате на скалата во вашата фирма, може да се најдете во ситуација каде ќе треба да вработите некого за прв пат. Ова може да звучи многу возбудливо и покажува дека менаџментот ви верува на вашите способности и проценка на карактерот и вештините. Но, доколку личноста не се покаже во добро светло, сите ќе покажуваат кон вас. Затоа, одвојте време при донесувањето на оваа одлука.