Промовирани огласи »

Владата ќе продолжи по истиот урнек како и до сега со субвенции за нискобуџетни летови кон македонските аеродроми, иако со тоа се нарушува конкуренцијата меѓу европските играчи во авиосообраќајот.

Вчера министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека и в година Владата ќе одвои 1,7 милиони евра како поддршка на проектот за финансиска поддршка за нови дестинации. Од Министерството изјавија дека од Европската комисија во Брисел нема стигнато никаква забелешка за владините субвенции во авиосообраќајот, иако минатата година од Европската комисија за транспорт и регионална политика потврдија дека се загрижени за форсирањето на само една компанија со пари на даночните обврзници и ставањето на други субјекти во нерамноправна положба на пазарот.

ЕУ ПОЧНАЛА ИСТРАГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ВИЗЕР

Станува збор за унгарската компанија Визер која добива владини субвенции од 2012 година.

Министерот Горан Сугаревски на претставувањето на Буџетот за 2018 година рече: „Со оглед на тоа дека договорот со актуелната компанија која добива финансиска поддршка од Владата истекува во 2018 година, планираме да распишеме нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани нискобуџетни компании“.

Но, редовните авиокомпании кои летаат кон големите аеродроми во Европа од каде можат да се фатат конекции за прекуоекеански летови си заминуваат. Минатата година од македонскиот пазар се повлекоа италијанската „Алиталија“, швајцарската „Свис“ и чешката „Чех ерлајнс“.

Другите компании што останаа да оперираат од Скопскиот аеродром обвинуваат за нетранспарентно делење на субвенциите, со што тие ставаат во нерамноправна положба наспроти субвенционираниот унгарски превозник. Во нерамноправна положба се и патниците на тие компании, што платиле цена со сите додатоци за аеродромска услуга, наспроти патниците на „Виз ер“ на кои дел од картата им ја плаќаат сите останати граѓани на Република Македонија. Практично, македонските даночни обврзници им ги плаќаат и картите на патниците од Косово и од јужна Србија затоа што се субвенционираат сите патници на Визер а не само носителите на македонски пасоши.

ТАВ НЕ КОМЕНТИРА ДАЛИ ВЛАДИНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ВИЗЕР ГИ ИЗБРКАА АЛИТАЛИЈА И ЧЕХ ЕРЛАЈНС

Унгарската „Виз ер“ минатата година оствари 54,8 проценти од целиот сообраќај на Скопскиот аеродром, што ја прави компанија број 1 во Македонија. Успехот делумно се должи на субвенциите што приватната унгарска компанија ги добива од буџетот на македонските граѓани по две основи – еднократно за секоја нова дестинација и плус за секое продадено седиште.

Во Министерството за транспорт не гледаат проблем во нелојалната конкуренција која имаат намера да ја поттикнуваат по урнекот на Владата на Груевски. Велат дека напротив, со субвенциите ќе го развиваат авиосообраќајот.

Согласно програмата на Владата, Охридскиот аеродром ќе го промовираме во нискобуџетен аеродром, односно аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат евтини летови за бројни атрактивни дестинации. Владата нема намера да воспостави нелојална конкуренција, наспроти тоа, со ова се овозможува развој на авиосообраќајот во Република Македонија како и искористување на капацитетите на аеродромите во Скопје и Охрид, велат од Министерството за транспорт и врски.

Претставник на австриската авиокомпанија Аустриан ерлајнс, дел од групацијата Луфтханза лани во мај ја обвини македонската влада дека поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. Претставка до Брисел има испратено Приштинскиот аеродром.

АВСТРИСКАТА АВИОКОМПАНИЈА ЈА ОБВИНИ МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
Од кабинетот на министерот Сугаревски велат дека до Министерството за транспорт и врски нема пристигната никаква официјална реакција од страна на Европската Комисија во врска со преставки

Сепак, Европската комисија (ЕК) уште на почетокот на 2016 година почнала истрага во врска со субвенциите што македонската влада ги дава на унгарската компанија Виз ер и побара од македонските власти информации за поттикнување на нелојална конкуренција што може да го наруши договорот за Европскиот заеднички воздухопловен простор (ЕЕАЦ), чиј потписник е и Македонија.

БРИСЕЛ ЗАГРИЖЕН ЗА СУБВЕНЦИИТЕ ШТО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ГИ ДАВА НА ВИЗ ЕР
Субвенциите за одредени авиокомпании како проблем се споменуваат и во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ.

Извор: sdk.mk

Промовирани огласи »

Истражувањето на порталот TotallyMoney покажува дека во Данска се работи во просек по 6.6 часа дневно. 

Швеѓаните неделно работат по 3.5 часа повеќе од Данците, но тие годишно имаат и три празници повеќе. 

Најмалку време на работа поминуваат Холанѓаните и тоа 30.3 часа неделно. 

Тие имаат девет празници во годината, односно се втори по најмал број на празници од оние земји кои беа опфатени во истражувањето. 

Во Финска неделно работат по 36.7 часа. 

Потоа следи Франција со 37.3 часа работа неделно. 

Во Шпанија неделно во просек се работи по 38 часа. Во Луксембург работат по 37.5 часа. 

Во Германија се работи по 35.1 часа неделно. Австријците работат по 36.5 часа во неделата. 

Во Белгија се работи по 37 часа. 

Ирците работат по 36 часа, покажува истражувањето. 

Исланд има работна недела со просек од 39.3 часа. 

Во Британија просекот е 37 часа, а во Италија е 37, додека во Словачка 40.1 час. Чесите неделно работат по 40.3 часа, Словенците по 39.3 часа, Естонците по 38.4 часа. 

Промовирани огласи »

Во Швајцарија e потребно да се осигурa финансиската стабилност до 2030 година, но граѓаните ја отфрлиле на неодамнешниот референдум. 

Швајцарскиот пензиски систем е сличен со хрватскиот. Се состои од три столба: задолжителен државен, задолжителен приватен и доброволен приватен. Заеднички столбовите ја даваат вкупната пензија. 

Разликата во однос на хрватскиот систем е во нивото на придонес, како и во третманот на различните видови придонеси. Од задолжителниот државен столб швајцарските пензионери денеска примаат загарантирана пензија која се движи од 1.175 до 2.250 франци, а со пензијата што ја примаат од вториот столб целта е да се постигнат од 50 до 70 проценти од вкупните претходни примања, истакнуваат од банката УБС. Просечната швајцарска плата се движи околу 6.000 франци. И во Хрватска, првиот столб се финансира од сегашни придонеси, односно сега вработените ги финансираат пензиите на денешните пензионери. Вториот и третиот столб капитализираат низ времето, односно претставуваат лична заштеда која се зголемува низ годините за да почне да се исплатува со одењето во пензија. За разлика од Хрватска, во Швајцарија приходите од првиот столб делумно се дополнуваат со приходите од данокот на додадена вредност.

„На швајцарските пензионери им е добро“- објавуваат од тамошната банка УБС, споредувајќи ја ситуацијата во која се наоѓаат пензионерите од Швајцарија со оние во некои други земји. 

Аналитичарите на банката тврдат  дека благодарение на начинот на кој е поставен швајцарскиот пензиски систем, просечна 50-годишна Швајцарка може да одвојува многу помалку од нејзините приходи во споредба со нејзини врсници во Лондон, Њујорк или Токио, така што еден ден би имала основен животен стандард.

Според нивните пресметки, човек денеска мора да одвои 11 проценти од месечните приходи за да го одржи животниот стандард и по пензионирањето. Со таквите услови пензијата би требало да изнесува 48 проценти од раните приходи, што е доволно за нормален живот дури и во Швајцарија.

Промовирани огласи »

Улогата на еден вработен се развива и расте, а со тоа и притисокот на регрутерите за да најдат победнички кандидати. Проблемот? Добрите, способни кандидати се тешки за пронаоѓање. Само затоа што регрутирање е натпреваручка дејност не значи дека пронаоѓањето на добри кандидати е невозможно - тоа само значи ќе треба да осмислите нова стратегија. Во продолжение, прочитајте четири совети за полесно пронаоѓање на соодветен, способен кадар.

  • Користете ја технологијата - Во денешно време постојат многу алатки кои може да го олеснат регрутерскиот процес. Оптимизирањето на вашиот процес на регрутирање со алатки како собирање податоцци или алгоритми за темелно учење не само што ќе ви заштедат време, но може и да ви го одберат најсоодветниот кадар. 

  • Собирајте оценки - Сите знаеме за одредена одлична компанија која привлекува квалитете кадар - но само ако тие знаат за тоа. Покажете што ја прави вашата компанија уникатна преку собирање оценки од вработените и вклучете ја таа информација во пакетот за регрутирање, на вашиот сајт. 
  • Бидете флексибилни - Понекогаш, компаниите трошат скапоцено време и енергија за регрутирање на позиција со цело работно време, не сметајќи на опцијата дека позиција со половина работно време или хонорарен работник може да постигне истите очекувања. Бидете флексибилни во однос на тоа што и е потребно на вашата компанија. Секој работник на половина работно време или хонорарно може да стане вработен со целосно работно време, доколку квалитетно ги извршува своите задачи. 

  • Нов опис на работата - Да, секогаш е потребно да вклучувате клучни информации како опис на посакуваните квалификации и задачи, но осигурајте се дека ги потенцирате и бенефитите од работењето за вашата компанија. Успешното пополнување на отворени работни позиции во денешно време се сведува на успешен маркетинг на позициите и компанијата. Описот на работното место не треба да се сведува само на тоа што кандидатот би правел, туку и на важноста на работната позиција како и на задоволството од работењето за компанијата. Што добиваат тие од работењето за вашата компанија? 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »