Промовирани огласи »

Како што компаниите се соочуваат со проблемот да го задржат талентот, персонализирањето на бенефитите може да биде клучната разлика. Одделувањето од „една големина одговара на сите“ пристапот вклучува смислување бенефити за индивидуалните потреби на вработените. Кога се фокусирате на ова, како може да се осигурате дека персонализираните програми ќе имаат поголемо влијание?

Да, за компаниите е особено важно да се борат за талентите пред своите конкурентни, но поврзувањето на тие вработени е многу покомплициран процес. Иновативните компаниите го прифаќаат потрошувачкиот центриран пристап во дизајнирањето на бенефити, каде потрошувачот е заменет со вработениот. 

Како да го подобрите односот со вработените преку перзонализирањето? 

1. Насочете се кон здравјето на вработените 

Разгледајте некои програми засновани на специфични, високо-ризични групи и нивните уникатни здравствени потреби. Пример, членствата во фитнес клубови подобрете ги со нудење на услугите на личен тренер, кој ќе работи со вашите луѓе за подобри резултати. Или индивидуални програми кои може да помогнат на вработените со друга спецификација. Преку изборот на специфичен сегмент на фокусирање, може да ги концентрирате вашите ресурси и да креирате програма која дава реални резултати за вработените на кои најмногу им се потребни. 

2. Користете аналитики за да откриете што е тоа што вработените го сакаат

Иако истражувањата на вработените се традиционален начин на добивање фидбек на различни програми, аналитиките и податоците може да бидат искористени и за да го разберете однесувањето и потребите на вработените. Како што користете методи за предвидување на однесувањето на потрошувачите, истиот принцип може да важи и за разбирање на однесувањето на вработените. Аналитиките може да помогнат да се идентификуваат нееднаквости на нивоа на бенефитите, прегледување и евалуирање на програмите и поточни предвидувања за иднината. 

3. Комуницирајте на ист начин како и вашите вработени

Забележете дека различните генерации имаат различни приоритети и омилени начини на комуницирање. Преку персонализирање на вашиот пристап на комуникација, вие помагате да се креира автентичен однос кој подоцна се претвора во акција. Персонализираните бенефити не се повеќе корисни добра за привлекување таленти - тие се повеќе „лебот и путерот“ на програмите за бенефиции. Денешните вработени очекуваат иновативни понуди кои се креирани според нивните потреби и повеќе од само основното. Во исто време, компаниите откриваат дека преку обрнувањето внимание на искуството на вработените, тие ја зголемуваат ефективноста на нивната програма и така ги намалуваат трошоците на долг рок. 

Промовирани огласи »

Не постои организација која не се грижи за перформансот на вработените. Ако менаџерите или сопствениците не се грижат за перформансот на своите вработени, тоа е индикатор за проблем од поголеми размери. Секој одговорен се грижи за работата која ја вршат вработените и особено се насочени кон високиот перформанс - и како индивидуи и во тимови. 

Што е потребно за да идентификувате вработени кои имаат висок перформанс? И од кога ќе ги идентификувате, како може менаџерите да продолжат да ги развиваат нивните вештини и способности? Самите вработени имаат навики кои ги одделуваат од другите, а тоа се следните: 

- Тие имаат нивен личен систем - Без разлика дали се работи за утринска рутина или било кој друг вид на повторувана акција, овој вид на вработени имаат нивен личен начин за постојаната организираност. Им помага да останат фокусирани на тоа што е важно, за да може да се концентрираат на перформансот. 

- Тие ги слушаат другите - за фидбек, за предлози и за докажани стратегии - Вработените кои покажуваат висок перформанс впиваат информации. Тоа може да биде за нивниот перформанс или говорник за време на конференција со совет за ресурсите. А можно е и да биде соработник кој објаснува стратегија која би можела да функционира за нив. 

- Tие се држат до својата одговорност - Секогаш фокусирани на квалитет, овие вработени го оддржуваат својот збор. Ако од било која причина, тие не успеат да ја извршат својата задача, тогаш преговараат за рокот. Луѓето кои работат со високи-перформери знаат точно што да очекуваат. 

- Тие се фокусирани на позитивното - Ова не значи дека се што се случува околу нив е секогаш позитивно. Но при даден избор од прославување и цинизам, тие пронаоѓаат начин да гледаат на светлата страна. 

- Тие прифаќаат предизвици - Вработените кои покажуваат висок перформанс се насочени кон превземање на напорни ризици. Тие се подготвени за решавање проблеми. Многу пати, тие се вработените кои ви го посочуваат и проблемот и ви го нудат решението. 

- Тие учат од нивните грешки - Високите перформери не секогаш ги исполнуваат своите цели. Но, тие ги користат овие моменти за рефлектирање и учење од ситуацијата. Тие не го гледаат моментот како неуспех, туку како можност. 

- Тие знаат како да го менаџираат своето време - Овие вработени се во можност да работат одлично бидејќи го разбираат својот стил на работење и како да завршат една работа. Ова вклучува и кажување „не“ одвреме навреме за да не разочараат. Или преговарање на обврски и поставување јасни очекувања. 

- Тие се посветени на нивниот личен развој - Новите вештини не им се одбивни на високите перформери - тие учат нешто ново секој ден. Не е потребно да биде нешто преголемо, тие го разбираат концептот на учењето се одвива во мали интервали. 

- Тие се особено многу поврзани за организацијата -  Неколку од овие навики укажуваат на индивидуа која е среќна со работата која ја работи и тимот околу него/неа. Тие имаат висок перформанс бидејќи компанијата инвестира во нивниот успех и создаваат работни врски базирани на доверба и почит. 

Промовирани огласи »

Граѓаните годинава последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година. Според измените на Законот за персонален данок на доход, кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, од следната година, ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи, а даночниот обврзник само ќе ја потврдува.

За приходите остварени во 2017 година даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава до 15 март оваа година. ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари, дивиденди…. Даночниот обврзник не поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Во последните години годишна даночна пријава поднесуваат над 400.000 граѓани. Во 2017 година, за 2016 година пријавиле дополнителни приходи 439.689 граѓани кои доброволно пријавиле 173.592.004.847 годишни бруто приходи и 10.133.228.081 персонален данок на доход.

Приходите кои граѓаните ги остваруваат во земјата и во странство се оданочуваат со персонален данок на доход по стапка од 10 проценти. За следната година се најавени промени во персоналниот данок и воведување прогресивна стапка на оданочување, која ќе значи побогатите да плаќаат повеќе.

Се проценува дека планираните промени ќе ја зголемат стапката на наплата на персоналниот данок за 40 проценти.

Согласно законот доколку даночниот обврзник не поднесе даночна пријава до 15 март 2018 година ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. За ненавремено поднесување, односно неподнесување на пријава и за нецелосно пријавени приходи глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

На даночните обврзници кои треба да пријават дополнителни приходи до 15 март годинава, исплатувачот на приходите треба до 25 јануари да им издаде пресметка.

Согласно измените на Законот за персонален данок на доход од јануари годинава се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-персонален данок.

Обврска да поднесат електронска пресметка за приход и данок имаат исплатувачи на приходи правни лица, кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица, физички лица резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење на самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија.

Исплатувачите на приходи од 1 јануари 2018 година ќе немаат обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потребида алармираат на 077 410 002кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно- изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“која има за цел а се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »