Промовирани огласи »

Целта на годишните одмори и празничните паузи и токму таа: да одморите и да паузирате, со надеж дека нема да се будите во паника да проверувате мејл на телефон и да се прашувате која година е и дали доцните за на работа.

Иако „исклучувањето“ е супер и треба да го направите тоа за да се вратите свежи и одморени на работа, треба сепак да имате на ум дека после продолжениот празничен викенд или годишниот одмор треба да се вратите на работа и повторно да дадете 100%.

Тоа значи да внимавате да не ги направите овие најчести грешки што ги прават луѓето кога ќе се вратат од одмор:

Се враќате без план

Ако се вратите на работното место по одредена пауза, може да ве фати паника кога ќе почне лавината од обврски. Тоа не значи дека треба да се опседнувате што се случува на работа додека ве нема, но не чекајте да седнете во биро за да се „вклучите“ повторно во системот. Можеби не ви се чини како голема работа, но доволно е да си подготвите што ќе носите на работа следниот ден, да ги прочитате последните извештаи и да го проверите работниот план барем ден претходно и да си дадете самите две задачи што ќе ги направите првиот ден назад на работа.

Ве фаќа постпразнична депресија

Враќањето „во реалноста“ може да биде потешко од од обично враќање на работа во понеделник. Краткиот одмор околу новогодишните и божикните празници обично најтешко им паѓа на луѓето бидејќи не се одмораат, туку тие денови ги поминуваат во забави, седенки и семејни средби. Затоа кога ќе се вратите на работа се чувствувате уште поуморни и се прекорувате зошто не го потрошивте времето попаметно. Па кога ќе ви текне дека до летниот одмор има неколку месеци... Сепак, вие сте возрасна личност и знаете дека не може да го вратите времето назад, туку да се стегнете и да се вратите во колосек.

Погрешни претпоставки

Има два типа на погрешни претпоставки во оваа ситуација. Првата е дека се убедувате дека глатко ќе се вратите назад „во шема“, но да не се лажеме, светот не стоеше во место додека вие бевте на одмор (дури и ако целата компанија била на празничен одмор); a втората е да претпоставите дека сите ќе се вратат од одмор свежи и навистина одморени. Можеби вие се освеживте со одмор на плажа или на планина, но тоа не значи дека и колегите поминале исто како вас. Не претерувајте со фалби колку добро сте си поминале на одмор и не му се качувајте на глава на колегата кој не сака да зборува за тоа.

Промовирани огласи »

За да станете одличен продавач, потребно е да запомните дека луѓето сакаат да соработуваат и градат бизниси со луѓе кои им се допаѓаат и ги почитуваат. На крајот на денот, додека вие се обидувате да продадете, она што навистина го барате е добивање на нивната доверба. 

Големиот дел од луѓето кои се во продажба забораваат дека ентузијазмот е тој што ја носи пораката најдалеку. Често, луѓето не го купуваат продуктот или услугата колку што се мотивирани од човекот кој продава. Ако започнувате сега со продажба, ентузијазмот е најважното нешто. Енергијата и трудот кој го забележуваат луѓето многу се вреднува во оваа фаза. 

Меѓутоа, не се постигнуваат резултати само со ентузијазам 

Знаењето е моќ. Тоа значи дека ако сте на работ да остварите успешна продажба, ако ја објаснувате идејата на потенцијалниот купувач, ако сте на работ да направите било што што ќе влијае на иднината на компанијата, тогаш морате да поседувате знаење за секоја можна варијабилност.

Онаму каде што грешат повеќето продавачи е дека ентузијазмот ќе надокнади за недостатокот на знаење. Тоа не е вид на продавач кон кого треба да целите да станете. Да имате знаење што самата помисла на зборувањето за продажбата ве прави среќни и како резултат, ги усреќува и вашиот потенцијален купувач. Колку повеќе знаете за вашиот производ, пазарот, конкуренцијата - толку поголема потпора ќе имате. Ова се однесува на се во животот, не само на продажбата. 

Заобиколувањето е сиромашна стратегија. Вистинското знаење заедно со ентузијазмот е далеку поефективен. 

Ако навистина сте насочени кон подобрување на вашите вештини на продажба, продавањето ќе ви биде приоритет. Што значи, сите задачи и обврски што стојат измеѓу ќе ги извршувате во период од денот кога не продавате, кога не сте договорени за средба со потенцијални купувачи бидејќи ако е обратно, губите скапоцено време. 

Исто така, никогаш не престанувајте да продавате. Со секоја продажба, без разлика дали успешна или не, сте чекор поблиску до станување подобри во продажбата како техника и уметност. Но, потребно е секојдневно да го предизвикувате својот ентузијазам. Затоа што вистината е, освен ако не верувате во тоа што го работите до точка да е еден од вашите најпрепознатливи квалитети, никогаш нема да го остварите успехот кој ви е замислен. 

Промовирани огласи »

На ранг листата на пасоши според бројот на држави во кои може да се отпатува без виза, Македонија се наоѓа на 46. место, чии граѓани можат слободно да патуваат во 112 држави.

Според ханли паспорт Индексот за 2018 година, прва на листата и годинава е Германија, чии државјани без виза можат да посетат 177 држави. На второ место е Сингапур (176 земји), а третото место го делат Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии граѓани можат слободно да патуваат во 175 држави.

Американците без виза можат да патуваат во 173 земји, што ги става на петтото место.

Најлошо рангиран е авганистанскиот пасош, чии државјани можат да патуваат без потребното одобрување во само 24 земји, пред нив, на 103. место е Ирак (27 држави), а на 102 место е Сирија (28 земји).

Од државите во регионот, најдобро рангирана е Грција, која е на седмо место, а Грците слободно патуваат во 171 земја, потоа Словенија, која е на 11 место (167 земји), Бугарија е на 20 позиција (156) Хрватска е на 21. место (155 држави), Србија е на 41. (119 држави), Црна Гора на 48. (110), БиХ на 51 место (105), Албанија е на 52. (100 држави) и Косово е на 96. место со можност без визи да се отпатува во 38 земји.

Промовирани огласи »

1.350.589 Македонци живеат во Македонија - сите во земјава, нема Македонци во опкружувањето пишува денеска во извештајот на Британскиот Парламент.

Во извешатајот стои дека е направен исчекор кон  евроатлантските интеграции, 70 насто од анкетираните се за приклучување кон НАТО. Македонија сѐ уште ја спречува блокадата од Грција поради спорот со името, но според министерот за надворешни Димитров, пишува во извештајот, позитивните односи меѓу двете земји може да водат кон разрешница.

Еден од предизвиците во регионот е проблемот на релација Белград- Приштина што може да се прелее и во Босна и Херцеговина и во Македонија- пишува иште во извештајот на Британскиот Парламент.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »