Промовирани огласи »

Кинење на казни нема повеќе нема. Радарите на МВР последните 8 месеци се поврзани со компјутерскиот систем во централата на сообраќајна полиција. Ова денес го изјави Дејан Трајковски Џонсон, началник на Единицата за безбедност во сообраќајот на град Скопје.

Ова денес го изјави Дејан Трајковски Џонсон, началник на Единицата за безбедност во сообраќајот на град Скопје.

Полицаецот добива шифра и почнува постапката – се мери брзината на движење, имаме видео како доказен материјал за судот, така што кинење на казни, не, вели Трајковски.

За сообраќајните камери поставени во Скопје вели дека работат, има посебен систем во МВР што го следи движењето и тие во последниот период се користат за потешки видови на сообраќајни прекршоци, како доказен материјал во судска постапка.

Споредбено со лани, имаме намалување на сообраќајните незгоди на подрачјето на град Скопје, во просек има 10 до 13, за жал и несреќи со жртви, кој е сепак намален во споредба со лани за 4%, вели Трајковски и додава дека критиките на социјалните мрежи ја поттикнале сообраќајната полиција да преземе уште позасилени мерки против прекршителите на сообраќајните закони.

Промовирани огласи »

Градежни работници со лимени тараби ја оградуваат парцелата за изградба на деветкатница кај „Мајчин дом“. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа бидејќи се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.

Стопирањето токму на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во изборната кампања на сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тој како опозиционер што се бори за градоначалничка функција, на претходниот градоначалник му предлагаше решенија, како обесштетување на сопствениците на земјиштето со пари или компензација со земјиште на друга локација за да го заштити просторот од дополнително градење и да ги послуша граѓаните. Кога стана градоначалник, не само што самиот не ги премиени советите што му ги даваше на претходникот туку го смени и мислењето и во неколку наврати се оправдуваше дека не може ништо да преземе за да ја спречи градбата.

Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром, со површина од 3.538 квадратни метри, пред десетина години како државно земјиште беше продадена и приватизирана, но без право на градење сè до донесувањето на спорниот план лани во октомври кога на локацијата беше предвидена деветкатница. Како сопственик на парцелата лани, по усвојувањето на планот,  фигурира компанијата „Масив констракшн“, која се поврзува со бизнисменот Орце Камчев, но сопственоста се смени на крајот на минатата година кога како сопственик на парцелата се појави Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ – ком“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, сопственост на Фатмир Етеми, поранешен пратеник од ПДПА – НДП.

Од „ЗСФ – ком“ не одговорија на прашањата дали веќе имаат одобрение за градење и колку пари од оваа фирма се слеале во буџетите на Градот и Општината по основ на комунали. Не одговори на прашањата за одобрението за градење ниту градоначалникот Златко Марин.

Промовирани огласи »

Уредот MyKi pet кој за прв пат на пазарот го понуди телекомуникациската компанија Вип ќе им помогне на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат во реално време со Андроид или со Иос апликација. Ова е нов уникатен паметен уред кој тежи само 28 грама, а е приспособлив и за мачиња и за кучиња. Миленичето се следи преку мобилна апликација.

Уредот се одликува со едноставност за употреба и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Како дополнителна функционалност, велат од Вип, достапна е програмата за „тренинг“ која со четири различни звуци, овозможува дресура на милениците да извршуваат различни команди.

Преку GPS, LBS и Wi-FI локализацијата, MyKi Pet овозможува  прецизна локација на миленичето со точност од 10 метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка и доколку миленичето ја премине ова зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави независно од големината на домашното милениче, велат од Вип.

Уредот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 денари месечно.

Само  уредот чини 3.999 денари.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници вторник 11. октомври, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, а особено во малите фирми и тој ден ќе биде работен како и сите други бидејќи од нив е побарано да бидат на своите работни места.

Всушност, истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »