Промовирани огласи »

За да се подобри животната средина и новиот возен парк во земјава, Министерството за економија готви предлог што ќе биде дел од Законот за возила каде се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

Во програмата се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на плински уред, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило. Предвидено е да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво, а мерката ќе стартува од 2019 година иако се уште не е прецизиран точниот датум.

Анализите покажуваат дека Авто ТНГ горивото или популарно наречен плин за возила веќе со децении наназад претставува најпопуларно алтернативно гориво за возилата на македонскиот пазар. Во моментов цената е 35 денари за литар, што е предност во споредба со останатите видови моторни горива, а тоа овозможува брзо враќање на вложените средства за вградување на уредот на плин.
Во земјава се возат нешто повеќе од 400.000 од кои околу 60% се дизел автомобили, а од останати кои се бензинци, пак половина имаат вградено плински уред. Тоа покажува дека околу 100.000 автомобили возат на плин.
Од Новус велат дека еден плински уред што се вградува чини од 300 до 1.100 евра во зависност од видот на возилото.
Според Џулијано Петров менаџер во плинскиот оддел на Новус плиност според неговата цена дефинитивно е најевтино и најекономично гориво.


Интересот за врградување на плински уреди е голем. Во Новус тие се местат за еден ден, а на секои 15.000 километри вршиме контрола и сервис – појаснува Петров.


Тестирање на плински уред се врши на Машинскиот факултет во Скопје, но има и неколку станици за технички преглед и регистрација на возила кои прават Атест на плинските уреди.
Исто така во предложените измени на Законот за возила што Владата ги достави до Собранието предвидени се и субвенции за купување електрични и хибридни возила, како и за купување ново возило, но доколку старото се одјави. Според предлогзаконското решение, во наредните три години за оваа намена од државната каса ќе се одлеат 12 милиони евра. Само за идната 2019 година се наменети 2,8 милиони евра, за 2020 година – 4 милиони евра, а за 2021 година – 5,2 милиони евра.
Како што информираат од ресорното министерство во Програмата за субвенционирање на купување нови хибридни и електрични се предвидува субвенција од 5.000 евра за набавка на електрично возило, а за набавка на хибридно возило субвенцијата е 3.000 евра. Во првата година е предвидено да се опфатат набавки на повеќе од 200 електрични и хибридни возила.
Во првата половина од 2018 година од вкупно 1.755 продадени нови возила само три се електромобили, а 27 хибриди.

До 2035 година во Македонија 40% од возилата ќе бидат електрични

Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) изработи интересна студија за транспорт, анализа на политики и мерки, што предвидува до 2035 година во земјава за 35 отсто да се намали емисијата на јаглероден диоксид од транспортот.

За да се дојде до тоа Студијата предлага намалување на акцизата и ДДВ при увоз на хибридни возила од 18 на пет проценти и да нема акциза за електрични возила, како и постепено изедначување на акцизата за дизелот и бензините и зголемување на еколошката такса за горивата од сегашните 0,08 отсто од продажната цена за литар бензини и 0,03 отсто за литар дизел на 0,3 отсто.
Според студијата разликите од таксите да се користат за субвенционирање на купување на хибридни и електрични возила. Според нив власта за да стимулира еколошки возила треба да обезбеди субвенции од 5.000 евра за набавка на електрично возило и 1.000 евра за плуг-ин возила. До 2035 се предвидува да има промена на целиот возен парк во земјава и претежно да има електрични или хибридни возила, односно 40 отсто од возилата да бидат електрични од кои 25 отсто чисто електрични, а 16 отсто плуг-ин електрични возила.

Промовирани огласи »

Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019 година и за 5% повисоки плати за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, државната администрација, полицијата и правосудството од септември 2019 година. Ова е предвидено со Предлог-Буџетот за 2019, кој денеска во Министерството за финансии беше јавно презентиран пред синдикатите, коморите, невладиниот сектор, експерите и медиумите.

Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е најдобрите лекари, граѓаните да ги бараат во јавното, а не приватното здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги за сите. Сакаме да ги мотивираме здравствените работници. Знаеме дека работите не се менуват од денес за утре, но мора да се започне. Ние започнавме оваа година и продолжуваме посилно во 2019 година. Во Буџетот за 2019 година имаме обезбедено и средства за покачување на платите во образованието, како и вработените во градинките и детската заштита. Со цел градење на поефикасна и помотивирана јавна администрација планирано е покачување на 5% на платите на администрацијата, од септември 2019 година. Планирана е и реформа на јавната админстрација во 2019 година. Целта е да се подобрат јавните услуги. Јавната администрација ќе биде клучен носител на преговорите за присапување кон ЕУ и НАТО-рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека Буџетот за 2019 година е социјален, но и развоен. Во Буџетот е предвидена реформа во системот на социјалната заштита преку воведување на Минимален гарантиран приход и Семеен пакет на права. Со ова се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства. Предвидено е и воведувањето социјална пензија која ќе опфати околу 6.000 лица кои имаат барем еден работен ден стаж и наполнети 65 години и која ќе изнесува 40% од просечната исплатена пензија.

Промовирани огласи »

Шведска целосно преминува на шестчасовен работен ден во обид да ја зголеми продуктивноста и да ги направи луѓето посреќни така што повеќе време ќе посветат на семејството и приватниот живот.

Целта на оваа промена е поголем дел од работата да биде завршен во пократок рок, што ќе им овозможи на луѓето да имаат доволно енергија како би уживале во приватниот живот. Центрите на јапонскиот произведувач на автомобили Тојота во Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, ја направиле оваа промена уште пред 13 години, поради што работниците се посреќни и зголемен е профитот во тој период. И компанијата “Филимундус#, која развива апликации за мобилни уреди, воведе шестчасовен работен ден минатата година.

Осумчасовниот работен ден не е ефикасен како што некои мислат. Да останете фокусирани на специфична задача во текот на осум часа е голем предизвик, рекол директорот на Филимундус, Линус Фелд, додавајќи дека на работниците не им е дозволено користење социјални мрежи и состаноците се сведени на минимум.

Шестчасовниот работен ден, според него, ќе обезбеди луѓето да имаат доволно енергија кога ќе го напуштат работното место, што е тешко изводливо со осумчасовен работен ден во кој работниците се исцрпени до таа мера што првиатниот живот голем број вработени го користат за одмор.

Се очекува до крајот на 2018 година владата на Шведска да донесе закон со кој тоа ќе биде законски регулирано. Секако, сатницата со самото тоа ќе биде зголемена за месечната плата да се изедначи со онаа кога се работело 8 часа.

Според порталот Сциенце Алерт, лекарите и медицинските сестри во некои болници во Шведска исто така преминале на шестчасовен работен ден, додека еден старски дом во Гетеборг на почетокот на годинава ја направил таа измена.

Пред извесно време граѓани креираа онлајн петиција за воведување работно време од 7:00 до 15:00 часот. Петицијата беше адресирана до Владата на Република Македонија и до релевантните министерства и институции и во неа граѓаните аргументираат зошто е подобро повторно да се врати старото работно време.

Потребно е воведување на работно време од 7:00 до 15:00 часот затоа што тоа значи поголема посветеност на работата бидејќи човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови.  Исто така, тоа значи поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење), но и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца. Со воведување на работно време од 7:00 до 15:00 часот ќе има повеќе време за факултативни активности и хобија што ќе овозможат подобрување на општата здравствена состојба на вработените, како и паметно организирано време во текот на денот, нагласуваат граѓаните во петицијата.

Промовирани огласи »

Во последните 7 години Македонија ја напуштиле 1207 лекари. Повеќето од нив се млади лекари до 35 години, возраст кога се смета дека е најпродуктивна во медицината.

Интерните истражувања и анкети кои клубот на млади лекари ги направи помеѓу студентите по медицина на медицинскиот факултет укажале дека најголем дел од студентите веќе го изучуваат германскиот јазик, како почетна фаза на комплетно заминување и продолжување на научното усовршување надвор од Македонија.

Целта на настанот кој го организираше клубот на млади лекари е зголемување на учеството на младите лекари во реформските пороцеси во здравствениот систем.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »