Промовирани огласи »

Вредноста на најпопуларната криптовалута во светот оваа недела забележа пад под 6.000 долари, што е најниска вредност на биткоинтот годинава.

Вредноста на биткоинтот во средината на неделата се намали дури за 11 отсто само во еден ден и изнесуваше 5.534 долари. Но, во текот на денот вредноста на криптовалутата се искачи на 5.680 долари. Тоа е значаен пад по повеќемесечната стагнација на нивото околу 6.000 долари.

Биткоинтот најголемата вредност од речиси 20.000 долари ја достигна во декември 2017 година.

Криптовалутата е релативно стабилна од септември кога нејзината вредност се движеше од 6.000 до 7.000 долари.

Пазарната капитализација на биткоинтот во текот на неделата забележа пад под 100 милијарди долари, првпат од средината на септември.

Промовирани огласи »

Властите на Исланд соопштија дека е сѐ поголем бројот на малолетни лица во таа земја кои влегле на пазарот на труд.

Според тамошните медиуми, во 2011 година платена работа извршувале 56 отсто од лицата на возраст од 17 години, а во 2018 година нивниот број се искачи на 68 проценти.

На прес-конференцијата на Обдусманот во Исланд е соопштено дека економската криза од 2008 година значително ја забавила стапката на вработеност на малолетни лица, но по кризата, на пазарот на труд е сè поголем бројот на 16-годишници и 17-годишници.

Малолетните лица во таа земја можат да работат од возраст од 13 години, а нивната стапка на вработеност секоја година се зголемува.

Според последните податоци, 13 отсто од 13 -годишниците извршуваат одредена платена работа, како и 21 отсто од 14-годишниците, 45 отсто од 15-годишниците и 59 отсто од 16-годишниците.

Најголемиот дел од малолетните лица на возраст од 14 до 17 години се вработени во секторот на трговија на големо и мало или во ресторани и хотели.

Промовирани огласи »

Многумина од вас ќе се почудат каква обврска стапува на сила. Ќе ве потсетиме.

Од денес 15 ноември во автомобилот треба да имате задолжително зимска опрема. Се до март 2019та ќе важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Според експертите за сообраќај со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. 

Полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

За возачите на моторни возила до 3.500 килограми од 15 месецов задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, а ако имаат летни гуми со четири милиметри обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Задолжителна зимска опрема за моторни возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од четири милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

За моторни возила со над 3.500 килограми задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри, а ако има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од четири милиметри треба да има и соодветни синџири за снег.

Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.

Според Правилникот, на бочната страна на зимските пневматици ги има ознаките „МС“, „М+С“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.

Промовирани огласи »

Мајкл Џексон беше погребан во 2009-та, но се уште заработува милиони и е прв на листата на „Фобс“ што ја објави за починати славни личности кои се уште добиваат вистинско богатство на своите сметки.

Бруто-заработката на поп-кралот изнесува 400 милиони долари во 2018-та и понатаму е убедлив на првата позиција, а приходите разбирливо доаѓаат од авторските права.

Уште еден крал, овој пат на рокот, Елвис Присли, жовееше до 1977, но никој не може да го исфрли од второто место со 40 милиони долари. Покрај музичкиот дел, Присли има кариера и во Холивуд.

Арнолд Палмер, наречен „крал“ во светот на голфот, за разлика од првите двајца, дожовеа длабока старост. Заработил 35 милиони долари годинава, а инаку своевремено успеа да го искомерцијализира својот спорт и да го претвори од „елитен“ во „народен“.

„Форбс“ наведува дека познатите личности кои не се повеќе меѓу живите вкупно заработиле 628 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од минатата година кога заработиле 312 милиони.

На четврто место по остварени бруто приходи е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони.

На пето место е пејачот Боб Марли, а потоа следуваат доктор Сус, Хју Хефнер, Мерлин Монро и Џон Ленон.

„Форбс“ инфомира дека податоците се однесуваат на примања од 1 октомври 2017 до 1 октомври 2018 година, и пред да се одбијат хонорарите за агенти, раководители, адвокати и извршители на имот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »