Промовирани огласи »

Речиси 80 отсто од младите во земјава размислуваат да ја напуштат бидејќи се разочарани од лошиот квалитет на живот и политичко-економска несигурност, е резултат на истражувањето кое е објавено во Скопје.

Резултатите од истражувањето се засновани на интернет анкета меѓу Македонци на возраст од 15 до 29 години, а го спровел Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Амбасадата на Франција.

Директорката на тој центар Марија Ристеска кажала дека резултатите од истражувањето покажуваат дека 76,7 отсто од младите сакаат да си одат од Македонија.

Младите се разочарани од лошиот квалитет на живот, ги загрижува несигурноста, но и општата атмосфера на политичка и економска несигурност.

Истражувањето, како што пренесе РСЕ покажало дека 91,6 отсто од младите сметаат дека нивниот глас не е доволно застапен во процесите на одлучување во државата.

Промовирани огласи »

Со силна медиумска кампања за промоција на стручните занимања и стручното образование, Владата и невладиниот сектор ќе ја подигнуваат свеста кај младите и нивните родители за значењето на овој тип образование и занимања и предностите што тие ги имаат. Меморандум за соработка денеска во Владата потпишаа министрите за образование и наука и за труд и социјална политика, Арбер Адеми и Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, и претставници на проекти што се спроведуваат со поддршка на УНДП, УСАИД и Швајцарската агенција за соработка.

Компаниите денес се соочуваат со голем проблем – нема соодветен, стручен и професионален кадар, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Со години стимулираме образовен систем кој креира кадар што не може да ја реализира својата практична примена во реалната економија. Имаме многу универзитети, главно гимназиски средношколски систем кој промовира универзално знаење. Тоа е главно неприменливо по завршувањето на образованието. Спроведуваме итни мерки за преквалификација, преобука, дообука на кадри за потребите на реалниот сектор, но и со системски мерки кои подразбираат создавање на професионални средни стручни училишта и реформа на системот на високо образование. Мора да ја подигнеме свеста кај учениците и родителите дека со квалитетно стручно образование ќе имаат квалитетно и стабилно вработување - рече Анѓушев.

Адеми смета дека со изборот на средно стручно образование најважно е ученикот да знае дека кога ќе заврши со учење, ќе може веднаш да добие работа и добра плата. Тој вели дека во МОН многу се залагаат да го унапредат квалитетот на стручното образование.

Министерството за труд и социјална политика ги креира и спроведува политиките, проектите и мерките за намалување на невработеноста. Министерката Царовска најави дека за наредната година располагаат со рекордни 1 милијарда денари за преквалификација.

Сметам дека ќе го подобриме недостигот на стручен кадар во Македонија – вели Царовска.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Сутер, рече дека нејзината земја е позната по своето стручно образование и обука и нагласи дека постојано треба да се подобрува системот за стручно образование и обука и да се приспособува на динамичната економија.

Според Деспотовски, целта на кампањата е да се смени свеста, особено кај младите. Тој вели дека по завршувањето на стручно образование во Македонија, Фондот ќе ги поддржи да се усовршат во странство.

Меморандумот го потпиша и УСАИД. Директорката на канцеларијата во земјава, Ненси Годфри, нагласи дека дел од решението за недостиг на стручната работна сила е промоција на стручните занимања како прв избор.

Со тие вештини младите можат да бидат и претприемачи. Да се биде стручен столар, механичар, заварувач или фризер, тоа претставува можност за самовработување или за отпочнување на мал бизнис. Истовремено, им овозможува на работниците да имаат поголема моќ во преговорите со работодавците, ако се одлучат за таква кариерна патека - рече Годфри.

Промовирани огласи »

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, предложи нови мерки како би се зголемиле приходите во буџетот, а при тоа даночниот систем да биде поправеден. Наместо прогресивен данок, Илиоски предлага граѓаните кои имаат две возила да плаќаат поскапа регистрација за второто, а оние кои имаат два стана да плаќаат повисока даночна стапка за вториот.

Неколку пати имам кажано од ова говорница, бидејќи ова влада не знае ништо да сработи, се што прави прави популизам. Ова е класичен популизам, богати да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Па и сега господине министре богатите плаќаат повеќе. Тој што зема 60 илјади денари плата, ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 6000 денари данок, тој што зема 20 илјади плата ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 2000 денари – рече Илиоски обраќајки му се на министерот за финансии на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.

Според него постои друг начин за полнење на буџетската каса, додавајќи дека владата може да оди со кратење на непродуктивни расходи.

Доколку сакате да воведете правилен данок, воведете данок на богатство, данок на имот. Оној кој има две коли да плаќа поскапа регистрација за втората, а оној кој има два стана да плаќа повисока даночна стапка. Тоа е разлика меѓу богати и сиромашни, да најдеш начин од богатите бидејќи имаат повеќе да земеш да прибереш повеќе средства во буџетот на државата. А ова не е данок со кој што праведно ќе земете од богатите, ова е данок со кој што успешните кои што живеат од плата, живеат од својот труд и личен доход, ќе ги мотивирате да најдат начин да го изиграат данокот и да плаќаат помалку. Само тоа ќе го постигнете – изјави тој.

Промовирани огласи »

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, им порача на македонските газди да размислуваат патриотски а не да се жапат од воведувањето на прогресивниот данок и другите фискални мерки. Според неат, оној што ја сака Македонија треба и да ги плаќа зголемените даноци.

Во делот на прагот, односно во делот на стапката навистина има одредени дисбаланси и тоа е нивното размислување, и дека луѓето кои ќе бидат подложни на ова оданочување, ќе ги вадат парите надвор од нашата држава. Јас сметам дека оној што си ја сака сопствената држава, треба да придонесува во неа, а не да ги бараме оние законски шеми и дупки, за да успееме парите да ги вадиме надвор - рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорката на УЈП се сретна со битолската бизнис заедница, беа  презентирани можностите за помагање на спортот со сите даночни олеснувања што ќе следат во реформата од почетокот на наредната година преку делот на ваучер- системот.

На истата средба бизнисмените и се пожалија дека шрогресивното оданочување може да ја зголеми зоната на сива економија, а кај успешните компании со високи плати, ќе ги зголеми финансиските оптоварувања. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »