Промовирани огласи »

Фондот за пензиско-инвалидско осигурување се откажа од планот за 17 нови вработувања по распишувањето на претседателските избори.

Директорот Шаип Зенели донесе решение за запирање на постапката за селекција на кандидати за вработување на опредлеено време. Со тоа огласот објавен на 8 февруари повеќе не е во важност. 

Во меќувреме отпочна постапка за подготовка на нов акт на систематизација, поради што може да се појават неусогласености помеѓу работните места за чие пополнување е објавен јавен оглас и новосистематизираните места - гласи образложението на ПИОМ.

Претходно, голем број на јавни институции објавија огласи за бројни вработувања на определено и неопредено време со оправдување дека тоа се прави поради тоа што долго време не ќе имаат можност за тоа во екот на изборите.

Промовирани огласи »

Во просек, македонските домаќинства за задоволување на потребите годишно имаат на располагање по околу шест илјади евра, или месечно по 500 евра.

Но, најсиромашните 20 проценти годишно располагаат со три пати помалку пари од овој просек кој е земен од сите во државата, или со само 2.000 евра. Тоа значи дека треба да јадат, да платат сметки, да се облечат, да ја одржуваат личната хигиена и хигиената во домот, да се лекуваат, да патуваат, да се школуваат… со само 173 евра месечно, или со околу 10,5 илјади денари.

Наспроти нив, најбогатите 20 проценти од домаќинствата во една година во просек имаат за трошење околу 11 илјади евра, или месечно по 907 евра, односно по околу 56.000 денари.

Статистичките пресметки покажуваат дека од вкупниот приход со кој располагаат сите македонски домаќинства, само 5,6 проценти припаѓаат на најсиромашните една петтина жители на државата, а дури околу 40 проценти трошат една петтина од граѓаните кои се во групата најбогати.

Истражувањето на ДЗС открива дека најмногу сиромашни во државата има меѓу невработените од кои дури 38,7 проценти ги мачи беспарица. Најмалку сиромашни има меѓу пензионерите – 7,7 проценти. Од беда страдаат и вработени. Од нив проблеми со обезбедување основна егзистенција имаат девет проценти. Многу сиромашни, или 32,1 процент, има меѓу неактивните лица.

Загрижува тоа што ваквите состојби не се подобруваат, туку напротив, се влошуваат, за што доказ е растечкиот тренд на сиромаштијата.

– Стапката на сиромашни лица, пресметана според препораките на Евростат, во 2015 година изнесуваше 21.5 проценти, во 2016 година 21.9 проценти, додека во 2017 година 22,2 проценти од лицата живеат под прагот на сиромаштија, наведено е во неодамна објавената публикацијата на ДЗС “Анкета за приходи и услови за живеење, 2017 година”.

Во раст е и бројот на сиромашните мерено и според тоа како се задоволуваат потребите. Барем четири од девет потреби во 2015 година не можеле да си задоволат 30,4 проценти од граѓаните, во 2016 процентот се намалил на 30, за во 2017 година опфатот на лицата кои не се во состојба да задоволат голем дел од егзистенцијалните потреби да се зголеми на 31,1 процент.

За сиромашни се сметаат лицата кои живеат сами со годишен приход од 90.129 денари, додека пак прагот на сиромаштија за четиричлено домаќинство кое по дефиниција е составено од двајца возрасни и две деца под 14 години е поставен на годишен приход од 189.270 денари. По тие критериуми, на крајот на 2017 година во нашата држава живееле 460,3 илјади сиромашни лица.

Македонија е дел од 36-тото издание на интернационалниот саем за туризам ”HOLIDAY&SPA EXPO” во Софија, Бугарија. 

Репрезентативниот македонски штанд има рекорден број ко-егзибитори, претставници од туристичкиот сектор, кои првиот ден од саемот го искористија за зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји. Намената на првиот бизнис ден кој е отворен само за професионалци во туристичката индустрија има за  цел подобро  вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови. 

Македонија е дел од “HOLIDAY&SPA EXPO” заедно со повеќе од 380 изложувачи од над 22 земји и 60 дестинации и туристички региони, како и над 20.000 професионалци од туристичката индустрија - учесници, посетители и гости.

Од 14-ти до 16-ти февруари претставници на Агенцијата за туризaм, општина Крушево, како и претставници од приватниот сектор, хотел Силекс, хотел Парк, хотел Климетица, хотел и спа центар Сириус, хотел Гоогов, хотел Изгрев, тур-операторот Фибула и ТА Маседониа Холидејс ќе ги промовираат туристичките дестинации на Македонија. 

Бројот од 52 659 бугарски турски годишно со остварени 89,028 ноќевања го наметнува интересот и потребата за  отворање авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Софија и остнати градови во Бугарија. Целта е зголемување на калитетот и продолжување на нивниот престој во Македонија, како и уживање на туристичките содржини.

Посета на манастири, патувања во источниот дел на Македонија, Берово, Делчево, Пехчево, Кратово и Струмица на гастрономски тури, се дел од интересот на бугарските туристи при посета во нашата земја. Охрид и Скопје остануваат најпосетените дестинации за туристите од Бугарија.

“Агенцијата оценува според интересот на посетителите на саемот во Софија дека ќе продолжи позитивниот трендот на раст на бугарски туристи од 20 до 30 отсто во 2019 година. Македонија ќе ја посетат слободни патувачи и туристи кои се повеќе се интересираат за националните паркови, руралниот и еко туризмот, како и традиционалните манифестации”- констатира директорот на Агенцијата за туризам, г-дин Љупчо Јаневски. 

Македонија во 2018 година ја посетил евкупно 1 126 935 туристи, со остварени 3 176808 ноќевања, број за кој напорно работеше туристичкиот сектор на нашата земја. Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.8 %, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 14.5 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »