Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и тие се зголемуваат во просек за 2,24%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг

Промовирани огласи »

Неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заДојче веле.

Двете патарини допрва ќе се градат. Паралелно стартува и големиот проект за рехабилитација на четириесетина патни правци.

Она што требаше да се сработи со кинеската компанија 'Синохидро' е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со Синохидро. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава, изјави за Дојче веле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Промовирани огласи »

Освен своите убавини, но и храна Шпанија и официјално е прогласена за најздрава земја на светот.

Според индексот на здравје на компанијата „Блумберг“ Шпанија се најде на врвот на листата најздрави нации на светот.

Имено, Шпанците имаат најдолг животен век, а се верува дека до 2040 година ќе живеат 86 години.

Следна на листата е Италија, а долговечноста на Италијанците се препишува најмногу на медитеранската исхрана.

Третото место го зезеде Исланд кој и покрај своите екстремни пејзажи, има неверојатно добро развиен здравствен систем, исхрана богата со риба и преубави природни пештери.

Јапонија се позиционираше највисоко од сите азиски земји, а на светската листа го зазеде четвртото место . Швајцарија сепак, во однос на минатата година падна на петто место, но и понатаму се држи на врвот на листата.

Промовирани огласи »

Епидемијата со морбили во Македонија нема да запре туку ќе продолжи до крајот на годината. Затоа потврдува г. Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје. 

Не сме ни блиску до запирање на епидемијата на морбили, со оглед на бројот на заболени од ова заразно заболување, но и како овој вирус брзо се пренесува – изјави Микиќ.

Епидемија од мали сипаници од вчера е прогласена и во Куманово, а пред 10 дена и во Тетово. Во врска со тоа дали ќе биде прогласена епидемија на морбили во целата земја, д-р Микиќ појаснува дека зголемен број заболени има во 12 општини. – Има локално ширење на бројот на заболени од морбили, а ќе се процени дали епидемија да се прогласи на територија на целата земја, ја следиме состојбата. Во однос на мерките, епидемија нема да промени ништо, остануваат препораките. Проблем е што имаме релативно голем број невакцинирани деца, и вон Скопје, а имаме и висок број на заразени од морбили, само во главниот град се повеќе од 300. Затоа приоритет е вакцинација на децата до 4 години – вели д-р Микиќ.

Според ИЈЗ, од почетокот на епидемијата во Скопје, заклучно со 22. февруари регистрирани се вкупно 311 случаи на мали сипаници. Од вкупниот број на заболени, 148 (57,1 отсто) се на возраст до 4 години, а 91 лице (29,2 отсто) на возраст над 30 години. Според вакциналниот статус, 232 или 74 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 64 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »