Промовирани огласи »

Животот е полн со пресврти, подеми, падови и многу изненадувања. Колку и да се трудиме, не можеме да бидеме целосно спремни за секој предизвик со кој што се соочуваме во животот. Одредени ситуации не поттикнуваат повторно да размислиме за некои одлуки кои што внимателно сме ги донеле во минатото. Една таква одлука е одлуката за животно осигурување. Осигурувањето на живот е вид осигурување кај кое престанокот или траењето на животот на едно или повеќе лица (осигурени) доведува до исплата на осигурената сума од страна на осигурувачот. Осигурувањето на живот претставува договор со кој осигурителот се обврзува да му исплати на корисникот на осигурувањето одредена сума или рента во случај на смрт на осигуреникот или во случај на негово доживување на договорениот временски период.

Во праксата најчесто се среќаваме со следните видови полиси за осигурување на живот:

  • Осигурување во случај на смрт (ризико)
  • Осигурување во случај на доживување
  • Мешано осигурување
  • Рентно осигурување

Доколку е склучена полиса за Осигурување во случај на смрт, т.н. ризико полиса, осигурената сума се исплатува на корисникот или корисниците на осигурувањето само во случај на смрт на осигуреникот во договореното траење на осигурувањето. Доколку осигуреникот го доживее рокот на кој е склучена таквата полиса или настапи смрт после датумот назначен во полисата како датум на истек на осигурувањето, тогаш тој нема право на исплата на осигурената сума. Долната граница на пристапна старост на осигуреникот за осигурување на живот каде што е вклучен ризикот од смрт најчесто е 14 години, а горната граница на пристапна старост е 65 години и при тоа можат да се осигураат потполно здрави лица. Додека, пак, болни лица и лица постари од 65 години можат да се осигураат исклучиво со лекарски преглед и врз основа на посебни услови за осигурување на зголемен (анормален) ризик.

Кај полисата за Осигурување во случај на доживување, осигурената сума се исплатува само во случај ако осигуреникот го доживее договорениот рок. Доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на договорот, корисникот, односно корисниците од полисата за осигурување немаат право на исплата на договорената сума. Во праксата овој вид осигурување најчесто се договара во комбинација со поврат на уплатената премија во случај на смрт.

Кај полисата за мешано осигурување, осигурената сума се исплатува на корисникот или корисниците на осигурување доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на осигурувањето или, пак, на крајот на договореното траење на осигурувањето, доколку осигуреникот е сè уште жив. Со склучување на полиса, осигуреникот има право на исплата на одредени периодични (месечни, квартални, односно годишни) износи во текот на одреден период или доживотно, во зависност од видот на полисата. Висината на рентата е однапред одредена во договорот, а може да биде еднаква во секој период, растечка или опаѓачка. Почетокот на исплата на рената може да биде после потполна уплата на премијата, веднаш или по истекот на одредено време утврдено во договорот. Овој вид осигурување најчесто се склучува како дополнување на пензиското осигурување.

Совети кои ќе ви бидат од корист пред склучување на животно осигурување:

Ако ја прекинете полисата пред време, поголемата сума на вложени средства ќе биде изгубена

Одлуката за прекин на полисата за животно осигурување во првата третина од нејзиното траење е најнеисплатливо, бидејќи откупната вредност се пресметува заедно со факторите на откупот чија вредност се зголемува како што се приближува рокот на истекот на осигурувањето. Колку што е подолг временскиот период од датумот на склучување на договорот за животно осигурување толку повеќе се исплати осигурувањето, бидејќи трошокот, кој што се зема во предвид кај факторите на откупот, се намалува со самото траење на осигурувањето. Поради таа причина, ве советуваме само во исклучителни случаи да го искористите правото за исплата на откупната вредност на осигурувањето. Ако во општите услови на осигурувањето има можност за плаќање на аванс, препорачиво во такви случаи е да се одлучите за делумна исплата на откупната вредност, при што осигурувањето трае и понатаму.

Подобро е да се искористи опцијата за мирување на осигурување

Доколку од почетокот на осигурувањето поминале најмалку 2 години и ако за тој период се платени сите премии, имате опција да го ставите осигурувањето во мирување. Периодот на мирување може да биде најмногу 12 (дванаесет) месеци. По истек на најмалку две години од денот на истекување на периодот на мирување, повторно имате право да го ставите осигурувањето во мирување, но под услов редовно да се платени сите премии за осигурување во текот во тие поминати две години. За осигурување на живот со штедење, во текот на периодот на мирување, обврската на осигурителот е во висина на капитализираниот(намалениот) износ. Овој износ се пресметува со методот на актуарска математика, така што математичката резерва, која е еднаква на вредноста на платената премија, се смета за еднократна премија, на основа на која потоа се пресметува намалениот осигурен износ. По истекот на периодот на мирување, се врши пресметка на осигурениот износ и премијата за осигурување. Притоа, се зема во предвид дека за одредено време, премијата не треба да се наплати. Важно е да се напомене дека траењето на осигурувањето не се менува поради ставање на истото во мирување. Но, запомнете дека доколку се повредите во текот на траењето на мирувањето, не можете да поднесете барање за оштета со дополнителното осигурување од незгода.

Промовирани огласи »

Наспроти фалбите на министерот за финансии Драган Тевдовски за значително зголемување на месечните примања на македонските работници, Македонија е на неславното 35. место меѓу 39 земји во Европа според просечната нето плата од 372 евра.

Помалку платени од вработените во Македонија на стариот континент се само нивните колеги во Албанија (347 евра), во Белорусија (320), во Молдавија (216) и во Украина (190).

Освен Албанија, пред Македонија во овој поглед се сите земји во регионот: Косово (405 евра), Србија (407), Бугарија (423), Босна и Херцеговина (439), Црна Гора (508), Хрватска (800), Грција (917), Словенија (1.051) итн.

Највисока нето плата се добива во три земји што не се членки на Европска унија, и тоа Швајцарија (4.421 евро), Исланд (3.430) и Норвешка (3.405).

Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 12.03.2019г.поради водоводна приклучок ф100м.м. на
улица Трифун Бузлев 198 со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од
улицата Трифун Бузлев од 09:00 до завршување на приклучокот.

Промовирани огласи »

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.

Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со 30.06.2019 година, ќе им надомести   дел од трошоците направени при купување велосипед.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);
  • подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје;
  • велосипедот да го купи од денот на објавување (11.03.2019 година) до денот на завршување на Јавниот повик (до 30.06.2019);

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да  достави:

  • барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);
  • доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот;
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
  • изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје;
  • доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка  или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик;

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15:00 часот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »