Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Неотел започна промоција наменета за малите и средни претпријатија со специјална понуда на своите интернет-пакети. Сите оние што ќе склучат договор на 24 месеци за кои било од понудените пакети добиваат 500 денари попуст на месечната претплата до истекувањето на договорот. Понудата вклучува пакети од 20 Mbps до 100 Mbps за оние кои бараат брз и стабилен интернет за својата фирма.  Сите заинтересирани може да ја искористат поволноста со склучување договор до крајот април.

НЕОТЕЛ е телекомуникациски оператор со големо искуство во обезбедување квалитетни и достапни телекомуникациски решенија за деловни корисници. Бројни компании ги користат и препорачуваат услугите токму поради високо достапните услуги и, секако, поради квалитетната техничка поддршка достапна 24/7.

Покрај понудата за интернет-пакети пренесувани преку различни типови технологии (безжично како и оптичко поврзување) Неотел нуди и фиксна телефонија со тарифирање по секунда, разни професионални податочни услуги како хостирање податоци, Cloud Computing, колокација во високодостапен Дата центар, како и пренос на податоци по безбедни и високодостапни врски.

За повеќе детали околу актуелната промоција притиснете на следниот линк.

Промовирани огласи »

20.7% e невработеноста во земјава. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, активното население во Република Северна  Македонија изнесува 957.623 лица, од кои вработени се 759.054, а 198.569 лица се невработени.  Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 45.1, додека стапката на невработеност изнесува 
20.7.

121.485 од невработените лица се на возраст од 25 до 49 години. 

Промовирани огласи »

Реномираниот дански бренд на накит PANDORA вработува МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖНО МЕСТО и ПРОДАВАЧ ВО МАЛОПРОДАЖБА: https://kariera.mk/company/AsaML2epCEu1JwoLdw0WPw/sf1-clips-dooel

Организација од Шведска со отворено работно место за COMMUNICATIONS OFFICER за нивната регионална канцеларија во Скопје: https://kariera.mk/job/6yqInT18_kq4xgDupENs7g/regional-communications-officer

Електродистрибуција со отворени повеќе работни места: https://kariera.mk/company/BgFYmp_0IkybJ5Y5kHJFnw/evn-makedonija

Акрактивна плата и бонуси за работа како АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК и СТРУЧЕН СОРАБОТНИК во Адвокатско друштво Георгиевскиhttps://kariera.mk/company/hGnCwy_cpEq1_6prJz58-w/advokatsko-drushtvo-georgievski

Атрактивна плата и бонуси за работните место во ИутеКредит во Струмица, Штип и Битола: https://kariera.mk/company/6Mym8NMlp0uRyuIulTx6iw/iutekredit-makedonija

Доколку сакате да работите во една од најголемите глобални организации - Грант Тортон Консалтинг, ова е одлична можност за Вас: https://kariera.mk/company/MA9CYpwgtkq4CxhYg7j8ag/grant-tornton-konsalting

BtoBet Ви нудат атрактивни работни позиции за напредок во Вашата кариера: https://kariera.mk/company/URskvWBWXkSNu4yvIUG4IQ/btobet

Промовирани огласи »

Културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ е проект кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија. Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Со примената на уметнички тактики, како што и самиот наслов имплицира; проектот инволвира ангажирање на уметници кои ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.

Во рамките на проектот и во партнерство со општина Струмица, оваа недела (18- 22 март 2019 година) го означуваме почетокот на промотивните активности преку одбележување на Светскиот ден на водата (22 март 2019 година) во основните училишта во Струмица преку ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“. Цртежите на учениците, покрај муралите, ќе бидат изложени и на промотивниот настан на проектот.

Промотивниот настан на проектот е најавен за 20 мај 2019 година на пречистителната станица во Струмица.

Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Секако, тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија. Со тоа се унапредува квалитетот на местата во коишто живееме и се запазува еколошкиот аспект на модерното живеење. Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »