Промовирани огласи »

За време на апостолската посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје, за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона.

Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.

Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови 30 минути порано од вообичаено, со цел да стигнат на време на работа.

Во зоната ќе се пристапува преку 9 влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот „Македонија“:

  • Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”
  • Влез 2 кај хотел Мериот на ул. „Максим Горки“
  • Влез 3 кај кафе Тренд на ул. „Никола Вапцаров“
  • Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“
  • Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“
  • Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”
  • Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”
  • Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”
  • Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад

Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.

Промовирани огласи »

Следниот вторник, денот на доаѓањето на Папата во Скопје сепак ќе биде неработен ден, дознава Скопје Инфо од добро упатени владини извори. Информацијата официјално ќе биде соопштена во понеделник.

Од Владата на Република Северна Македонија сеуште официјално не ја потврдуваат веста. Информацијата дека вторник ќе биде прогласен за неработен ден е одложена поради вториот круг од изборите и стравувањето дека голем дел од граѓаните неработниот ден ќе го спојат со викендот што директно ќе влијае на излезеноста и цензусот во вториот изборен круг.

За време на Апостолската посета на Папата Франциск, на територијата на град Скопје ќе важат посебни правила за движење на автомобили и на пешаците низ Скопје.

Промовирани огласи »

Постапките што ги преземате првите неколку месеци на новата работа имаат големо влијание врз вашиот успех или неуспех во иднина. Направете позитивен импулс на почетокот и ќе ве поттикне преку вашиот мандат. Направете некои рани погрешни чекори и може да се соочите со тешка битка до крајот на вашето време на работа.
Најголемите предизвици со кои се соочуваат лидерите во овие периоди останува фокусирајќи се на вистинските работи. Тоа што најмногу Ви треба е да поставите неколку прашања себеси;

Како ќе создадам вредност? Ова е единственото најважно прашање. Зошто си ја одбрал оваа улога? Што очекуваат клучните чинители да постигнете? Во која временска рамка? Како ќе се оценува вашиот напредок? Како што барате да одговорите на ова прашање, имајте на ум дека вистинскиот одговор можеби не е она што ви беше кажано кога сте биле назначени или регрутирани за работа; исто така, може да се развива како што напредуваат работите и да научите повеќе.

Исто така, запомнете дека најверојатно ќе имате повеќе засегнати страни за да ги задоволите, не само вашиот шеф, и дека тие може да имаат различни гледишта за тоа што претставува "успех". Од суштинско значење е да се разбере целосниот сет на очекувања за да можете да ги помирите и да ги задоволите најголемо можно ниво.

Како се очекува да се однесувам?

Освен ако не сте ангажирани да ја промените културата на вашата нова организација, треба да се стремиме да ги разбереме и да ги почитуваме нивните најважни норми на однесување. Размислете за културата како имунолошки систем на компаниијата. Постои, во голема мера, да се спречи "погрешното размислување" и "погрешното однесување" од инфицирање на социјалниот организам. Значи, ги кршите клучните норми на однесување на ваша опасност; станувајќи видено како "не припаѓаат овде" може да доведе до изолација и, во крајна линија, до исклучување. Додека барате да ги разберете клучните норми, имајте на ум дека тие може да се разликуваат низ целата компамија. Исто така, може да зависи од нивото на кое работите: успехот по промоцијата може да зависи, во најмала мерка, од вас "прикажување" на различни начини.


 

Промовирани огласи »

Само 30% од компаниите во земјава се управувани од жени. Податоците, велат од асоцијациите на бизнис-жени, говорат за малата искористеност на потенцијалот на жените, особено како претприемачи, иако во изминатиот период покажале дека можат да опстојат во криза, и тоа можеби и подобро од мажите.

Позитивниот ефект, велат, од компанија раководена или во сопственост на жена не е само економски, туку и на општеството воопшто.
Како најголеми предизвици за развој на женското претприемаштво и започнување со деловни потфати се детектирани пристапот до финансии, до информации, пристап до знаење и вештини за претприемаштво, пристап до бизнис-мрежи и усогласување на работниот и семејниот живот, но неретко и културно-социјалните препреки, меѓу кои и традиционалната улога на жената во семејството и современиот начин на живеење што бара целосна вклученост во општествените и економските текови, притисок од средината за местото на жената во семејството, недоволен број детски градинки, социјална структура…
Валентина Дисоска од Асоцијацијата на бизнис-жени смета дека за да се одговори на овие предизвици е потребно да се креира поволен деловен амбиент преку координација во креирање и спроведување политики за развој на женското претприемаштво, анализа на регулативата што влијае на претприемачката активност на жените, како и креирање статистика за следење на деловната активност на жените.
Потребно е, вели, младите девојки да се поттикнуваат да се насочуваат кон профитабилни професии, како ИКТ-секторот, да не инсистираат да бидат вработени и да не избираат нискобуџетни професии. Младите жени, пак, додава таа, се мотивираат да преземат иницијатива за бизнис и да влезат во профитабилни сектори, зелена економија и социјално претприемаштво. Тие како асоцијација во рамките на проектот „WE MAKE“ работеле на вмрежување и зголемување на иновативноста за развој на бизниси и зголемување на можностите за извоз.
.Направен е кластер, кој не е воспоставен како правна единка, но неговите цели и работа се искристализирани. Донесена е Национална стратегија за женско претприемаштво лани во декември, а усвоен е акцискиот план и буџет. Еден од столбовите на стратегијата е пристап до државни финансии преку фонд за развој на женско претприемаштво“, вели таа, и додава дека тоа е добра појдовна основа за натамошен развој на женското претприемаштво.
Економското јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемачки потенцијал ќе придонесе кон развојот на постојните и отворање нови претпријатија, креирање нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
Мери Ен Рукавина Ципетиќ од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис-жени, преку која се спроведувал проектот, вели дека искуствата во Хрватска покажуваат оти процентот на жени кои раководат со компании или имаат бизнис е исто така околу 30 отсто. Има воспоставен систем, вели, за унапредување на состојбите и околу 15 години и финансиска владина поддршка. Пречки за унапредување на оваа бројка нема, вели таа, но потребно е да се работи и на уривање на стереотипите за жените претприемачи и подигнување на привлечноста и имиџот на жената претприемач.
„Сè уште кога имаш женско дете дома кое се образова, а знаеме дека сега жените се пообразовани и завршуваат повеќе и подобри школи од мажите, сепак не е пожелно тие да тргнат по патот на претприемаштвото. Општеството сè уште сака жената да биде заштитена и да не презема ризик. Тоа е наследена состојба и се бориме против тие стереотипи и вештачки кочници“, вели таа.
Според неа, во изминатиот период жените претприемачи покажале дека можат да опстојат во криза, и тоа можеби и подобро од мажите. Ефектот, вели, од компанија раководена или во сопственост на жена не е само економски, туку и на општеството, бидејќи освен за развој на бизнисот, повеќе се грижат и за своите вработени.
Од Асоцијацијата на бизнис-жените велат дека е потребно обезбедување системска поддршка за развој на женското претприемаштво, како подобрување на пристапот до поволни форми на финансирање, обезбедување на потребните знаења и вештини, со посебно нагласување на зајакнато присуство на жените во креирање политики за развој на претприемаштво.
Дискриминирачката практика на наследување, насилство над жените, отежнат пристап кон сопственост над земјиште и кон кредити се показатели на тоа дека во Македонија постои значителна родова нееднаквост во партиципацијата во економскиот живот на земјата, во пристапот кон ресурсите и можностите.
Истражувањето спроведено на бизнис-жени, а е цитирано и во Националната стратегија, покажало дека типичната жена претприемач во Македонија е едуцирана, со високо образование, во средни години (во своите 40-ти), раководи со микропретпријатие, мажена е, има деца, и има проблеми со балансот помеѓу работата и секојдневните обврски дома. Бизнисот го создава во своите триесетти години, од заштеда или заем, откако претходно стекнала некакво искуство работејќи за други. Главна причина за создавање сопствен бизнис се желбата за самостојност, сопствен приход или во одредени случаи неможност да се вработи во јавниот сектор. На своето работно место поминува повеќе од 48 часа (најчесто 60). И заради тоа тешко наоѓа баланс помеѓу работата и секојдневните обврски.
Весна Апостолоска, сопственичка на компанијата „Мали нешта“, добитничка на награда за иновативност во рамките на проектот „WE MAKE награди за најуспешните жени“, бизнисот го почнала пред десеттина години…
„Приказната за моите „Мали нешта“ почна пред десетина години непланирано и затоа немав ни потреба од каква било финансиска помош. Инспирација ми беше една продавница во Белград, со преубави дрвени предмети. Инвестицијата во обидот да направам нешто слично беше сосема мала, две големи табли медијапан и бои, а за машинскиот дел од процесот ми помогнаа пријатели. Првите детски дрвени закачалки, полици, огледала, часовници, декорации… ги изложив во просторот што веќе го користев (се занимавав со продажба на детска гардероба) и кога ги видов интересот и воодушевувањето, решив сериозно да се посветам на дизајнирањето и изработката“, вели таа.
Посочува дека немала никакви стравови или несигурност да почне нешто ново, релативно брзо наишла на одличен прием од клиентите и понатаму, како што вели, тие биле најдобра реклама. Но, потоа, понудата почнала да не го задоволува интересот, не можела да се посвети еднакво и на креацијата и на продажбата во бутикот, и применила друг пристап.
„Наместо клиентите да доаѓаат кај мене, јас почнав да ги изложувам изработките прво на Саемот за мебел, а потоа на базари, разни настани во организација на МАТА, Занаетчиската комора, Град Скопје… Сега, секако, најмногу продажбата е онлајн, и тука се соочувам со најголемиот проблем. Пласманот надвор од нашите граници е оневозможен поради тоа што Пејпал кај нас не функционира, а со тоа и присуството на големите онлајн продавници од типот на „Етси“. Тоа е проблем на голем број креативци, и во средбите со надлежните постојано го нагласуваме, но досега, за жал, не е најдено решение. Секако, огромен проблем е и сивата економија, нелојалната конкуренција од оние кои немаат регистриран правен субјект“, вели Апостолоска.
Таа потенцира дека приватниот бизнис ѝ остава можност да располага со сопственото време, да работи од сопствен простор, претежно од дома, како и дека работата ѝ е креативна и тоа ѝ носи радост.
„Сопствен бизнис има многу предности и придобивки и затоа ги охрабрувам сите да се осмелат и да пробаат. Оние кои сум ги стимулирала да почнат, сега се прашуваат зошто чекале толку долго и биле инертни“, вели Апостолоска.
Според неа, постојат можеби не идеални, но добри услови за поголемо учество на жената во бизнисот и оти тие треба да се искористат. Пред сè, вели, жените треба да се информираат, за да не наоѓаат постојано оправдувања и изговори.
„Постојат институции и здруженија што им стојат на располагање. Посебно сакам да го истакнам значењето на Здружението на бизнис-жени, кое е пионер во обединувањето, поврзувањето и обезбедувањето огромна помош на жените во претприемаштво, во кое јас сум долгогодишна членка. Покрај другото, жените таму можат да се вклучат во разни обуки и проекти“, посочува таа.
Предноста на здружението, според Апостолоска, е што тоа е вмрежено со сите сродни здруженија од целиот Балкан и пошироко, и во овој проект учествуваа претприемачки и експерти од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција…, со кои се разменуваат многу важни информации, се споделуваат искуства, но и се воспоставуваат бизнис-контакти.
Биљана Митева, сопственичка на ЕКОПРОЕКТ.КО и добитничка на награда за зелена економија, вели дека нејзиниот бизнис го започнала во 2011 година, како резултат од потребата за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Основањето на компанијата и нејзиниот развој, посочува, се од сопствени финансиски средства и во овие неколку години на пазарот не се користени извори на финансирање од ниеден фонд, кредит од деловна банка или финансиска поддршка од државата.
„Имплементацијата на Законот за управување со пакување и отпад од пакување претставуваше предизвик за целиот тим на компанијата, бидејќи опфаќа неколку сегменти што се од исклучителна важност за секој поединец во нашата држава. Изготвивме програма за едукација на бизнис-секторот, граѓаните и учениците од основните училишта со цел да ги едуцираме за обврските и придобивките од целосната примена на законот. Покрај општините од Источниот плански регион кои беа дел од спроведувањето на сите активности поврзани со исполнување на нашите цели, најважен столб претставуваат медиумите, кои се и најважниот партнер за спроведување и информирање на сите активности од областа на управувањето со отпад од пакување“, вели Митева.
Со сигурност можам да потврдам, потенцира таа, дека иако се поминати осум години од спроведувањето на овој закон, сè уште неговата импементација не е во целост спроведена кај сите правни лица кои се генератори на отпад од пакување. На самиот почеток оваа обврска фирмите ја гледаа како наметнат трошок, но со текот на работењето и целта на законот, голем број ги почувствуваа придобивките.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »