Промовирани огласи »

Кога најпосле ќе отидете на одмор, комфорниот хотелски кревет, релаксацијата и поинаквата храна прави да посакате одморот никогаш да не заврши. Но, враќањето на работа е неизбежно. Никој не сака да мисли на мејлови, рокови, финансии и состаноци. Меѓутоа ова е неизбежно. Еве неколку совети како постепено да се навикнете на работното место:

1. Не се враќајте на работа веднаш после одморот

Секому му е потребно време да се “врати во реалноста”. Ако можете, земете ден или два после патувањето би било супер. Така ќе имате време да се организирате и фокусирате на обврските додека вашиот ум се прилагоди.

2. Полека испланирајте го враќањето на работа

Почнете со стари проекти и задачи кои не сте ги завршиле пред да отпатувате. Можеби ќе ви изгледа примамливо некој нов проект, но ние ви препорачуваме да не го правите тоа. Почнете од малите работи.

3. Земете “дел од одморот,, со вас

Тоа може да биде некоја ситница како фотографија или дури и некој мирис што ве потсетува на одморот. На тој начин ќе си создадете добра енергија во канцеларијата и ќе се потсетувате дека е во ред да се одморите и уживате во животот.

4. Имајте нови перспективи

Можеби сте биле фрустрирани поради некоја задача или проект. Одморот може да ви ги прошири видиците. Најдобрите идеји се пред вас, а до нив се стига само ако сме опуштени и релаксирани.

5. Правете пауза додека трае работното време

Немојте да дозволите вината за отсуство да ве доведе до прегорување. Правете пауза од 10 минути на секои 3 часа како би сте си ја вратиле енергијата. Фокусирајте се на една работа.

Промовирани огласи »

Колку е лесно да се добие зголемување на платата?

Можете да се обидите да земете повеќе пари од вашиот работодавач со напорно работење или вешти преговарачки тактики.

Но во пракса, други фактори може да бидат важни. Некои од нив можеме да ги контролираме, но повеќето од нив зависат од нашата среќа.

Да бидеш млад (и роден во вистинско време)

Платата најмногу расте во твоите дваесетти години. Тоа е така бидејќи најчесто започнуваш да работиш на ниска плата и брзо добиваш вештини и искуство.

Рапидната брзина забавува во твоите триесетти и четириесетти години, со зголемување на платата од 2 % и 1 % годишно. Потоа растот на платата уште повеќе се намалува како што се движиш кон пензија.

Низ годините, приказните се различни.

Тие коишто се родени во доцните 1980 – ти години заработувале 28 проценти помалку од генерацијата родена десет години порано. Тоа е поради започнувањето на нивните кариери во средината на невиденото опаѓање на платите, по рецесијата во 2008 година.

Но, постојат начин како да го подобриш растот на платата. Одењето на факултет ја одлага работата, но често води кон побрз раст на платата во остатокот на твоите 20 – ти години.

Дипломците родени во 1980 година имаа просечно зголемување на плата за 8%, годишно во реални услови помеѓу 22 и 30 години. Тоа е споредено со 6% годишно на тие чија највисока квалификација е ниво А или 3% за тие со еквивалентни работни квалификации.

Промена на работно место

Наместо да преговарате за зголемување на платата со вашиот шеф, може да се обидете да го откачите вашиот работодавач целосно.

Во 2018 година, работниците кои останале во истата фирма имале просечно зголемување на платата од 0,6% годишно, по инфлацијата.

Но, типичниот раст на платата во година по промената на работодавачот беше седум пати поголем, 4,5%. Новата работа може да искористи најмногу од вештините на работникот, додека менувањето на работодавачот често е прилика за преговарање за зголемување на платата.

Преселување и промена на работата

Доколку сакаш навистина големо покачување, треба да се преселиш.

Во 2016 година, типичниот раст на платите поврзан со промена и на работата и регионот бил 9%. Луѓето почесто се преселуваат во поголеми градови, како Лондон, Единбург или Манчестер каде има поголем број на работни места, а често и поголеми плати.

И покрај ова, особено младите луѓе помалку ги менуваат работните места од порано.

Промовирани огласи »

Биткоинот е на двенеделен минимум, под 10.000 долари.

Најпознатата светска дигитална валута, биткоин, продолжи  да ја губи вредноста, откако завчера го регистрираше најлошиот дневен пад во месецот.

Биткоинот ослабе за 5,5 проценти, откако претходниот ден падна за дури 7,7 проценти, спуштајќи се под 10.000 американски долари за прв пат од 1 август.

Промовирани огласи »

23,3 милиони евра е сумата која државата ја инкасирала од граѓаните, односно од патарините ширум земјава.

Tие пари на контото на буџетот легнале за седум месеци а процентуално растот на износот е 4 отсто,

Најмногу пари според ЈПДП се остварени од патарината кај Романовце а раст бележат сите патарини.

Пред еден месец во функција беше ставена и електронската наплата на патарините при што скоро седум илјади картички се купени од граѓаните.

Наскоро ќе почне и изградбата на две нови патарини кои ќе никнат на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид.

За најскапата патарина пак граѓаните плаќаат 100 денари, првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица.

На втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година ќе се наплаќа 80 денари. Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »