Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници вторник 28. август, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, а особено во малите фирми денешниот ден ќе биде работен како и сите други бидејќи од нив е побарано да бидат на своите работни места.

Всушност, истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Се очекува Народната банка на Кина (PBOC) да воведе сопствена криптовалута пред крајот на годината, објави Forbes повикувајќи се на добро информирани извори.

Според извештајот на Forbes, PBOC планира да воведе дигитална валута на 11 ноември, кога е ударен ден за онлајн купување во Кина, а има намера да ја дистрибуира преку најмалку седум институции, вклучувајќи ги државните банки и фирмата за финансиски услуги Junion Page, како и технолошките гиганти Alibaba и Tencent.

Кинеската централна банка допрва треба да коментира за извештајот на Forbes, но нејзиниот директор на одделот за плаќања Му Чанчун изјави уште во август дека PBOC е ”скоро подготвена” да воведе сопствена криптовалута.

Промовирани огласи »

Истражувањето ги покажува туристичките и финансиските навики на Македонците кога патуваат во странство, како што се причините за патувањето, како и колку често ги користат картичките.

Околу 24 проценти од македонските туристи кои патуваат во странство за плаќање ја користат својата платежна картичка, покажа најновото издание на студијата MasterIndex Mastercard.

Истражувањето ги покажува туристичките и финансиските навики на Македонците кога патуваат во странство, како што се причините за патувањето, како и колку често ги користат картичките.

Вкупно 22 отсто од испитаниците на MasterIndex во странство патуваат двапати годишно, 21 отсто – еднаш годишно, а 18 проценти најмалку еднаш во три месеци.

Триесет проценти од сопствениците на картички воопшто не патуваат во странство. Македонците ретко патуваат во странство за работа, односно од вкупно 77 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека планираат да патуваат во странство во текот на 2019 година, само десет отсто од испитаниците најавиле дека ќе имаат службено патување.

Најчеста причина за патување е годишниот одмор со 57 проценти, додека за посета на семејството во странство се изјасниле само осум проценти.

Како што покажуваат резултатите од студијата, кога патуваат во странство, повеќето Македонци потврдуваат дека платежните картички се безбеден начин за плаќање, односно повеќето од испитаниците (60 отсто) изјавиле дека плаќањето со картички во странство е безбедно.

Сепак, 74 проценти од испитаниците кога патуваат во странство плаќаат во готовина. Останатите 24 отсто се потпираат на платежните картички кога плаќаат и тоа, 14 отсто користат само дебитна картичка за плаќања во странство, пет проценти само кредитна картичка, додека други пет отсто најчесто користат платежни картички и други средства за безготовинско плаќање.

Сопствениците на картички кои не користат исклучиво готовина кога патуваат во странство сметаат дека придобивките од користење платежни картички се многубројни. Според 48 отсто од нив, картичките се попогодни за користење од кешот (готовината), а според 43 отсто можноста за плаќање со картичките е достапна насекаде. Речиси 29 проценти од испитаниците претпочитаат да не носат готовина со себе и исто толку, 29 отсто се чувствуваат побезбедни кога користат само картички.

Додека се во странство, испитаниците се потпираат на различни мерки за да ја зголемат безбедноста при користење на картичките. Главно се потпираат на тоа да не ги носат со себе истовремено сите средства за плаќање – 34 отсто, додека 18 проценти земаат само една картичка или картичка поврзана со сметка во странска валута. Околу 16 отсто го паметат ПИН бројот наместо да го запишат, 14 проценти имаат вклучено СМС известувања за плаќањата, осум отсто не користат јавно достапно WIFI за плаќања преку Интернет, а седум проценти ја известуваат банката за патувањето.

Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, вели дека потрошувачите ја ценат безбедноста, брзината и погодностите кои картичките ги нудат во секојдневните активности додека патуваат.

– Потрошувачите сѐ уште се запознаваат со можностите кои платежните картички ги нудат за оние кои патуваат во странство. Нивните навики се менуваат, а наша мисија е да им понудиме безбеден и сигурен производ што ќе ги задоволи нивните потреби и очекувања, вели Манова.

Навиките во пазарењето дома и во странство кај испитаниците се многу различни. Во државава дебитните картички најчесто се користат за купување храна (58 отсто), како и за повлекување готовина од сметката (42 отсто), облека (20 отсто) и плаќање сметки и бензин по (15 отсто). Додека кредитни производи, како пригоден начин за одржување на дополнителни средства или отплата на рати, најчесто се користат за купување мебел и апарати за домаќинство (31 отсто), храна (30 отсто), повлекување на готовина (24 отсто) и облека (17 отсто).

Во странство, Македонците главно користат платежни картички за купување – 53 отсто, плаќаат за сместување – 48 проценти, оброци и пијалоци – 43 отсто и значајно помалку за купување подароци – 20 отсто, покажуваат резултатите од студијата.

MasterIndex Северна Македонија е годишна студија за финансиските потреби и навики на активни корисници на картички во државава. Ова е прво истражување на MasterIndex спроведено во земјата, кое траеше во април и мај и беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани низ цела држава. Истражувањето беше спроведено од истражувачката агенција МасМи.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ве известува дека веб апликацијaта МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 % од ДДВ и бришење на фискални сметки коишто се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски албански и англиски јазик.

Веб Апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк којшто е поставен на официјалната веб страната на УЈП https://mojddv.ujp.gov.mk/

Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/721

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »