Промовирани огласи »

Словенија го држи првото место со највисока плата во Регионот. Според статистичките податоци, веднаш зад неа е Хрватска, а најниски плати има во нашата земја, Албанија и Србија.

Со просечна плата над 1000 евра, Словенија го држи првото место, односно со 1.108 евра. На второто место по висина на просечната плата во Регионот е Хрватска, каде месечната просечна плата изнесува околу 900 евра, односно 873,9 евра.

Црна Гора е трета на Балканот по висина на просечната плата, во оваа земја просечната плата изнесува 511 евра.

Најниски просечни плати според последните статистички податоци се во Македонија и Албанија, додека во Србија и Босна и Херцеговина се малку над нив. Во БиХ просечната плата е 469 евра, а во Србија 454,7 евра.

Во соседна Албанија просечната плата изнесува 423 евра, додека според податоците на Заводот на статистика во Северна Македонија месечната просечна плата изнесува 409,8 евра.

Промовирани огласи »

Адвокатско друштво ПОЛЕНАК објавува оглас за прием на АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ: https://kariera.mk/job/SGIq5nm8yk68nVoeje2cIg/advokatski-pripravnici

СЕТЕК со две отворени работни места: https://kariera.mk/company/28ptjb4POUSvm24JkTZzWg/setek-s%C3%A8-od-tehnika-doo

"Систина Офталмологија" е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е во потрага по АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/M8_A00ZsNku2gyMGXjD8VA/administrativen-rabotnik

Даути Комерц со повеќе отворени работни места: https://kariera.mk/company/ITWwgEguYUK3Gtaibkg77A/dauti-komerc

Градежна фирма Ројал Васе има потреба од врабпотување на ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК: https://kariera.mk/job/8XJvFeJdOk6OJQXB68pHpA/diplomiran-pravnik

Промовирани огласи »

На 19ти Септември 2019 година во Скопје по втор пат ќе се одржи водечкиот светски настан од областа на ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ. 

Со свои презентации ќе се претстават некои од светските водечки HR експерти. Учесниците ќе имаат можност подобро да го разберат постојаното менување на денешните трендови во областа на човечките ресурси, како и да го подготват својот тим за нови начини на работа и учење.

Ќе учите од БРИЛИЈАНТНИ ГОВОРНИЦИ, односно експерти за човечки ресурси од реномирани компании како Facebook, Gazprom, Beiersdorf, Molnlycke и други. Ќе се одржат суштински сесии и работилници кои не само што ќе Ви помогнат да останете во чекор со последните трендови за раководење со човечки ресурси, туку ќе Ви дадат и практични совети кои ќе можете да ги искористите во Вашата стратегија за раководење со човечки ресурси. Ќе имате можност за ПРОДУКТИВНО ВМРЕЖУВАЊЕ - никогаш не знаете со какви инспирации, партнерства или деловни зделки ќе си заминете од HR самитот.

Говорници: 

Во Септември 2017 година, успешно беше одржан првиот Global HR Summit Скопје, организиран од P World со ексклузивно партнерство на KARIERA.mk. Преку 200 делегати научија повеќе за креирањето на лидерски особини од врвните светски предавачи. 

Доколку сте заинтересирани за иднината на раководењето со човечки ресурси, РЕЗЕРВИРАЈТЕ го Вашето присуство ТУКА. 

Настанот е организиран од P WORLD,  со ексклузивно партерство на KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

Милијардерот Џек Ма, долго време е отворен заговореник на екстремната кинеска работна култура и вели дека луѓето би требало да работат само 12 часа неделно. Таквото работно време може да се воведе благодарение на предностите на вештачка интелигенција.

-Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи-рекол коосновачот на Алибаба Груп Холдинг на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.Ма ја навел електричната енергија како пример за развој на технологијата дека може да даде простор за слободно време.

Моќта на електричната енерија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така да можете навечер да одите на караоке или танц. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат уште време да уживаат во животот-рекол Ма.

Во наредните 10, 20 години, секое човечко битие, државата, владата, би требало да се фокусираат на реформата на образовниот систем, осигурувајќи дека нашите деца можат да најдат работа, работа за која се потребни само три дена во неделата, четири часа дневно-посочил Ма.

Ако не го промениме образовниот систем во кој се наоѓаме, сите ќе се најдеме во проблем, предупредил.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »