АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

За компанијата: Со корени од 1946 година, кога е основана првата адвокатска канцеларија со името Поленак, Адвокатското друштво Поленак е најдолготрајниот давател на правни услуги на пазарот во Северна Македонија. Друштвото... повеќе за компанијата »

Бидете дел од тимот на Адвокатско друштво ПОЛЕНАК и добијте единствена можност да учите и да ги развивате своите вештини во динамична и конкурентна работна атмосфера.

 

Ќе обезбедиме вистинска поддршка да прераснете од талентиран почетник во успешен адвокат, а ова ќе биде само почеток на вашата перспективна правна кариера.  

 

Адвокатско друштво ПОЛЕНАК објавува оглас за прием на

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

за стручно оспособување за полагање правосуден испит

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршен правен факултет;
  • Одлично познавање на англискиот јазик; и
  • Работа на компјутер (Microsoft Office).

 

Нудиме:

  • Пријатна и професионална работна средина;
  • Модерна канцеларија во центарот на Скопје (Дебар маало);
  • Почетен месечен надомест во износ од 10.000 денари.

 

Ваша кратка биографија и уверение за положени испити испратете на [најави се за да го видиш е-маилот] . Избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Адвокатското друштво Поленак ќе изврши избор на кандидати во рок од 20 дена по истекот на рокот за пријавување.

Работната недела на кандидатите ќе трае пет работни дена, од понеделник до петок, од 9 - 17 часот, или вкупно четириесет часа неделно.

 

Забелешка: Oгласот се однесува за стручно оспособување на адвокатски приправници заради стекнување на услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатска дејност согласно Законот за адвокатура, без  засновање на работен однос.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »