Адвокатско друштво Поленак
ЕМБС: 6174370
Индустрија: Правосудство
Адреса: ул. Орце Николов бр. 98
Град: Скопје
Основана во 1946
Со корени од 1946 година, кога е основана првата адвокатска канцеларија со името Поленак, Адвокатското друштво Поленак е најдолготрајниот давател на правни услуги на пазарот во Северна Македонија.
Друштвото се развива од правната пракса на четворица поединечни адвокати, кои здружени во тим, во 1970-тите години, работeле главно кривични и граѓански парници. Во текот на доцните 90-ти и почетокот на 2000-тите, адвокатската канцеларија се разви и го зголеми бројот на адвокати и вработени, проширувајќи ја понудата на комерцијални и корпоративни правни услуги. По промена на законодавството и правилата за адвокатура, во јануари 2007 година, адвокатската канцеларија беше регистрирана како адвокатско друштво.
За време на целото наше постоење, посветени сме на разбирање на индустриите и целите на клиентите, на одржување доверба и градење на долгорочни односи. Нашиот органски раст до сегашната состојба е постигнат со несебично вложување на време и енергија од страна на партнерите. Нашите вешти адвокати се посветени на задоволување на потребите на клиентите со ефективни и навремени решенија за критични правни прашања. Надградувањето, по пат на професионална пракса, се покажа како клуч за квалитетен развој и затоа нашите тимови се добро обучени да обезбедат ефективни и сеопфатни совети. Нашите адвокати имаат тесна меѓусебна соработка, бидејќи сеопфатниот пристап е неизмерно важен кога се работи за советувања поврзани со комплексна проблематика. Стекнатото искуство ни дава специфично знаење и ни овозможува да обезбедиме брзи и добро аргументирани совети во сите околности.
Моментално нема активни огласи.