Промовирани огласи »

А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени и со гордост објавува дека го воведува флексибилниот модел на работа именуван како “А1 Флекси”.

Со “А1 Флекси”, А1 Македонија ги урива границите на традиционалното работно време и место и се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.

Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и Flexi Place, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација.

Флексибилното работење не е нов концепт на македонскиот пазар, но е прв пат една голема компанија како А1 Македонија да го воведе во својот начин на работење. “А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, но веруваме дека на нашите вработени ќе им овозможиме ново искуство и ќе им помогнеме да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа.

Со воведување на “А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволството на вработените.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром ја известува јавноста дека се апсолутно невистинити информациите што се шират деновиве на дел од социјалните мрежи за наводно вцртување згради во зеленилото во деталниот урбанистички план за Ново Лисиче.

Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и на некои петиции. Во планот за Ново Лисиче ЈИ02 што е посочен во лажните вести е вцртано Д1, односно парковско зеленило, не постојат ниту се предвидени згради на таа локација. Очигледно, станува збор за ширење дезинформации што може да ги доведат граѓаните во заблуда. Општина Аеродром работи транспарентно и новите детални урбанистички планови ги изработува според највисоки стандарди и во консултација со граѓаните - велат од општината.


Затоа, ги посочуваме граѓаните и самите изворно да ги проверат информациите за деталните урбанистички планови на официјалната општинска интернет-страница, каде што јасно може да се види дека детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета.
Имено, на општинската веб-страница www.aerodrom.gov.mk треба да се кликне на банерот за ГИС (Географски информациски систем на Општина Аеродром за граѓани). Кога ќе се отвори ГИС-от, треба да се кликне на третото копче лоцирано на горниот лев агол. Потоа се штиклираат полињата „ДУП“ и „Синтезен“, при што се отвора детален преглед на сите ДУП-ови за целата територија на Општина Аеродром.
Напоменуваме дека ГИС-от е најмеродавен извор на ажурирани информации за деталните урбанистички планови на глобално ниво.

Промовирани огласи »

Жителите на општината Центар ќе можат да ги поправат и санираат постојните кровни конструкции, поточно да ги заменат постојните азбесни со еколошки, но и да ги реконструираат рамните проодни и непроодни тераси. Исто така ќе имаат можност и да ги поправат и постојните лифтови на станбени згради, доколку се технички неисправни, но и да ги модернизираат и да усогласат со безбедносните барања и подобрување на нивната безбедност, со помош од локалната самоуправа.

За таа цел, Општината Центар распиша јавен повик за нивна финансиска поддршка.

Проектот финансиски ќе биде поддржан од општина Центар и тоа во висина од 30%, но не повеќе од 150.000  денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и не повеќе од 300.000 денари  за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Преостанатите 70% ќе ги обезбедат сопствениците на посебни делови преку кредитирање, или во готово.

Селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Предуслов за исплатата на средствата од страна на општината ќе биде потпишан договор со избрана фирма од страна на заедницата на станари или управителот и уплатен аванс. По нивно приложување средствата ќе бидат префрлени на сметка на заедницата или управителот на зградата.

Сопствениците на станови треба да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда. Воедно, најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (да се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови). Исто така, право на учество имаат сите влезови поединечно кои имаат регистрирано заедница на сопственици на станови или имаат избрано управител.

Заинтересираните треба да поднесат пријава на пропишан образец кој може да се подигне на пријавницата во барака 3, во архивата на Општина Центар – барака 6 или на интернет страницата www.centar.gov.mk.

Пријавите заедно со  сите документи можат да се достават во периодот од 16 до 30 септември 2019 година и тоа во затворено плико, директно во архивата на Општина Центар, во барака 6 – Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина, секој работен ден во периодот од 9 до 15 часот или по пошта на адреса: улица „Михаил Цоков“ бб – Скопје.

Промовирани огласи »

Се враќаме ли чекор назад кога е во прашање електронското општество ? Последните информации говорат за тоа дека старите здравствени легитамации се враќаат во оптек. Така наречените здравствени книшки повторно се бараат од пациентите со цел препишување на рецепти, терапија за лекување. Ова го тврдат дел од докторите кои упатуваат граѓаните сите свои поплаки и жалби да ги упатат кон институциите а не кон ординациите. 

„Почитувани пациенти,

Со писмен допис ни е повторно наложено да пишуваме во хартиените здравствени легитимации т. н. книшки.
Доколку немате книшка, набавете итно и заверете си ја веднаш бидејќи без неа не смееме да ви препишеме рецепти.
Терапија хронична за повеќе месеци однапред станува невозможна мисија!

За сите застои и гужви во иднина, предизвикани од овој уназадувачки и нерационален потег, однапред ве известувам да се жалите во институциите, не кај нас во ординации! “ - напиша доктор Ненад Лазаров на својот ФБ - профил. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »