Промовирани огласи »

ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје во сабота на три локации поставија „Улични библиотеки“. Локациите на кои се поставија библиотеките се дворот на Детскиот културен центар „Карпош“, Градски парк и Ибни Пајко парк.

Идејното решение за дизајнот на библиотеките е на Македонка Тошевски.

Директорката Билјана Лалчевска Серафимовска изјави дека уличните библиотеки се прекрасен дом за книги и се достапни за секого. Луѓето можат едноставно да земат книга и кога ќе ја прочитаат можат да ја вратат или пак да ја подарат на пријателите. Доколку имате книги за кои мислите дека другите би уживале во нивната содржина, можете да ги оставите во било која улична библиотека на посочените локации.

Целта на библиотеките е да се направат книгите достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа. Книгите се бесплатни за позајмување и можат да бидат вратени или разменети за друга книга. Урбаниот дизајн ќе го привлече вниманието на секој страствен читател.

Уличните библиотеки се прозорец во умот на општеството, бидејќи книгите се оставаат и земаат, а притоа никој не треба да проверува дали се тука или не.

Да ја разбудиме свеста за книгата како најдобар другар која не води низ животот, порачуваат директорката, вработените и сите деца членови на Детскиот културен центар „Карпош“.

Промовирани огласи »

Можно ли е да биде 16.000 денари како што бараат синдикалците или минималната плата ќе се зголеми најмногу до 14.000 денари ќе стане јасно до крајот на октомври до кога се очекува да бидат завршени преговорите. Иако работодавачите не се расположени за зголемување на минималната плата, тоа сепак ќе се случи затоа што тоа е барање на Владата. 

Додека познавачите имаат дилема дали зголемувањето на минимумот и досега ги дале очекуваните ефкти, од Владата сметаат дека со зголемувањето ќе се зголеми стандардот на многу граѓани. Експертите сепак тврдат дека не треба да има победници и поразени во преговорите туку економски решението да е ефикасно за сите

„Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решение и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев за Телма.

Викендов  Конфедерацијата на слободни синдикати побара минималецот да изнесува 16 илјади денари затоа што расте просечната плата, но се зголемува и потрошувачката кошница на 32 илјади денари.

Промовирани огласи »

Алкалоид АД Скопје со слободни работни места за магистри по фармација / дипломирани фармацевти. Почетна нето плата од 19.562 МКД до 36.531 МКД: https://kariera.mk/job/2RC-Jd1Y4UakdLZ2QOMDKA/alkaloid-ad-skopje-gi-objavuva-slednite-slobodni-rabotni-mesta

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија има потреба од помошник сметководител: https://kariera.mk/job/V5ZOsiNrXkusP8kjBLzh8Q/pomoshnik-smetkovoditel

Мотиви за свој клиент, дом за нега на стари лица, објавува огласи за: 

Med i son duo е компанија застапник за бренд производи на подрачјето на Македонија и имаат потреба од:

Taskforce за својата канцеларија во Скопје има потреба од Customer service representative: https://kariera.mk/job/7mMMNlMlE0WuOmGyFD-MsA/customer-service-representative

Основна плата 24.000 денари. Попе компани со работно место за Продажен агент: https://kariera.mk/job/ZDrTGNWpxEGkL8VVGAiqZw/vrabotuvame-prodazhen-agent

Тренд има потреба од Персонал за продажба на гиро: https://kariera.mk/job/3qoe7Zn5zkeWu7qiLGsV8w/prodavachi-na-giro

Промовирани огласи »

Стана познато колку чини да се купи пасош кај нашиот јужен сосед . И додека кај Бугарите многумина земаа државјанства по цени од 500 евра па нагоре зависно од посредникот, тоа во Грција може да го добиете бесплатно но само ако си купите имот вреден 2 милиони евра.

Грчкиот медиум „Катимерини“ го објави планот на грчката влада посочувајќи дека со намера да привлечат инвеститори планираат со секоја купена недвижнина да понудат и пасош на нивната земја.

Како што се наведува во планот кој се крчка е Грција да биде место каде физички и правни лица ќе можат да ги оданочат нивните приходи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »