Помошник сметководител

За компанијата: ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво со седиште во Скопје, кое работи од јули 2017 година. Креираме исклучително искуство во областа на личното финансирање, со надминување на очекувањата... повеќе за компанијата »

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за:

Помошник сметководител

Успешниот помошник сметководител треба и точно и навремено да врши евидентирање на сметководствените промени во согласност со интерните и законските регулативи. Како успешен член во Иуте тимот треба континуирано и тимски да придонесува за максимизирање на потенцијалот на компанијата.

 

Главни одговорности:

  • Точно и навремено евидентирање на уплати и исплати од клиенти.  
  • Контрола и следење на трансакции од картично работење
  • Проверка и контрола на дневни изводи од денарски и девизни сметки; 
  • Точно и навремено евидентирање на сметководствените промени во склад со интерни и законски регулативи.
  • Водење благајна и обработка на патни налози.
  • Подготовка на рекапитулари за исплата на соработници и договори на дело
  • Проверка и контрола на книжење и контирање  на дневни изводи од денарски и девизни сметки;
  • Проверка на документација пред исплата на износи по одобрени кредити 
  • Усогласување и контрола на сите пописи на материјали, побарувања и обврски;
  • Усогласување на состојби со коминтенти по потреба а најмалку еднаш годишно.
  • Учествување во припрема периодични и финансиски извештаи за интерна и екстерна потреба.
  • Усогласување на состојба – побарување и обврски.
  • Изготвување прегледи на бруто состојби по поединечни конта;
  • Усогласување со стварната состојба на крај на годината со пописот;
  • Изготвување извештај за приходи и трошоци за продажба на услугите
  • Обработка, архивирање и водење на евиденција за документацијата.

Потребно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома
  • Сертифициран сметководител
  • Најмалку 3 години претходно искуство во финансии
  • Организиран и фокусиран кон детали
  • Напредни компјутерски вештини особено ексел
  • Континуирано следење на финансиска политика, сметководство и даноци
  • Познавање на финансиска регулатива во земјава и интернационалните финансиски и сметководствени стандари
  • Искуство во управувањето со буџет, јавно сметководство и готовинскиот тек.
  • Способност брзо да ги разбере новите проблеми и да донесува ефикасни одлуки кои ќе превенираат губиток на финансиски средства и оперативен и репутациски ризик.
  • Способност за работа под притисок, планирање на личен обем на работа
  • Тимски играч
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за користење на– Microsoft Оffice
  • Вештини за подготвување извештаи

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето

 

Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на [најави се за да го видиш е-маилот] , до 20ти септември 2019

 

Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »