Промовирани огласи »

Џастин Маск, поранешната сопруга на Елон Маск, еден од најпознатите претприемачи на денешницата има свое видување како да станете богати.

Според неа, не е работата во тоа колку сте вредни, туку во нешто друго.

„Префрли го својот фокус од она што го сакаш (милијарди долари) и навистина посвети се на тоа да откриеш тоа што на светот му треба. прашај се што е тоа едноставно што ти го имаш, а ни еден компјутер не може да го замени, што никој не може да го најде поевтино, никој не може да ти го украде и да те прати во заборав“, порача таа во еден говор.

„Одбери една работа и стани експерт. Одбери и друга работа и стани експерт и за неа. А кога ќе станеш експерт во два света, да речеме во инженеринг и бизнис, може да ги поврзеш така што ќе ги споиш новите идеи за да се родат нови бебиња идеи кои никој не ги видел, но и да направиш компетитивна предност затоа што можеш да се движиш меѓу световите, ги зборуваш двата јазици, ги поврзуваш племињата и елементите за да имаш креативен увид во сѐ, се додека не се разбудиш со идеја која ќе ти го смени животот“, вели поранешната сопруга на Елон Маск.

Промовирани огласи »

Нашата држава е во високите 10 места во светот по фрлање храна, во услови кога околу 460.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да си обезбедат по три оброци дневно. Процените се дека вкупните вишоци храна кај нас надминуваат 100.000 тони годишно.

Токму овие загрижувачки податоци беа причина во 2018 година организацијата да започне да го развива системот „Сите сити“, преку која се спасува добрата храна, па наместо да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.

До денес, преку оваа мрежа се донирани над 100 тони храна, односно над 400.486 порции. Големи количини на квалитетна храна со возило се презема од различни бизниси, и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично. Ова се прави во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна, од кои најголеми се „Виталиа“, „Жито леб“, „Витаминка“, „Кола“, а над 30 партнерски граѓански организации ја доставуваат храната до крајните корисници.

Од „Жито леб“ редовно од понеделник до петок храната се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се подготвуваат околу 200 оброци.

Дополнително, во рамки на проектот „Оброк за сите“, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика, се доставува храна за бездомниците во Момин поток.

Во рамки на проектот се пилотира и модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. А волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица до нивните домови.

Со ова иновативно решение за обебедување и подготвување на оброци за лица во социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално подобрување на дел од постоечките програми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна.

Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој и планот е понатаму да почне да се применува низ целата држава.

Целта на „Сите сити“ е значително да го намали бројот на гладни граѓани, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, како и да станеме земја во која добрата храна не се фрла.

Промовирани огласи »

Нови илјада стечајци ќе добиваaт финансиска помош од државата.

Вака одлучи Владата на вчерашната седница. Уште илјада стечајци ќе добиваат финансиска помош од државата до нивното пензионирање.

Владата го усвои предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, со кој се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивното пензионирање, соопштија од Владата.

Со претходните законски решенија и со овој предлог-закон речиси 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивното пензионирање.

Промовирани огласи »

На секој чекор – плацевите за продажба на половни автомобили на истокот од државата се извор за егзистенција на многу семејства. Ги отвараа во последните десетина години, а автомобилите ги носат од Бугарија, но и од другите западноевропски држави. Во Крива Паланка на главниот пат кон бугарската граница плацевите се редат еден по еден. Сопствениците велат дека немаат работа како порано и дека граѓаните помалку купуваат половни патнички автомобили.

Имаше еден бум, но сега спласна, иако граѓаните се интересираат и купуваат, затоа што има и релативно нови и сочувани автомобили кои не се скапи, велат нашите соговорници.

Статистиката покажува дека за 17 проценти пораснал увозот на патнички возила годинава во споредба со претходната година. Имено во првото полугодие во земјава увезени се 21.239 возила, додека од јануари до јуни лани увозниците внеле 18.082 возила. Сепак најголемиот дел од овие возила се употребувани возила. Ако до јуни годинава биле увезени 16.205 употребувани автомобили, лани воистиот период увозниците внеле 13.355 полови автомобили. За цела 2018 година в земјава увезени се 30.237 возила.

Ако се анализираат годините претходно, увозот на половни автомобили во земјава има нагорен тренд. Во 2017 година биле внесени 22.964 употребувани возила, а во 2016 година 25.889 возила кои веќе се употребувани.

Бројот на нови возила кои се увезуваат исто така има нагорен тренд, ама увозот е многу помал. Во 2016 година увезени се 5.027 такви, во 2017 година , 5.446 возила, а во 2018 година 5.878 нови возила.

Државата моментно воведува нови правила за даночење на автомобилите, односно се воведува данок на моторни возила, со што тие повеќе нема да подлежат на плаќање на акциза. Согласно понудениот Нацрт-текст на законот за данок на моторни возила, кој треба да стапи восила на 1 ноември годинава, предмет на оданочување со данок на моторни возила ќе бидат новите и употребувани моторни возила кои за прв пат се ставаат во слободен промет или за прв пат се регистрираат кај нас.

Обврзник за плаќање на данокот на моторни возила ќе е лицето кое извршило внес или увезува моторно возило, лицето кое произвело моторно возило или извршило пренамена на друго моторно возило во моторно возило со цел користење на територијата на Македонија.

Начелно, данокот на моторните возила ќе се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид - CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид - CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противвредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »